Здравјето на дофат
За курсот
Светската здравствена организација го дефинира здравјето како состојба на целосна физичка, духовна, ментална и социјална благосостојба.
Здравјето не е статичка вредност. Тоа е динамично и секогаш може да напредува на подобро! Дури и кога не чувствуваме никаква болка, подобро здравје значи повеќе енергија, посреќен и посмирен живот, поквалитетни биохемиски процеси во нас кои, без да бидеме свесни за тоа, го одржуваат квалитетот на здравјето или го водат организмот кон болест или побрзо стареење.
Дознајте како современата медицина ги потврдува древните библиски совети.
Овој курс ќе ве научи како да го зачувате и унапредите здравјето, бидејќи во најголема мера тоа е во ваши раце.