3.3. Кога ја посматраме Месечината
„Потоа Бог рече: ’Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат Земјата!‘ И стана така. Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите.“
1. Мојсеева 1,14-16
Создавањето на Месечината е опишано во првата глава од Книгата на создавањето: „Потоа Бог рече: ’Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат Земјата!‘ И стана така. Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите“ (1. Мојсеева 1,14-16).
Месечината ја открива славата на својот Творец. Таа му припаѓа на Бога. Тоа е голем основен факт на најраното откровение во Библијата. Месечината, како и неброените ѕвезди, се доказ за постоењето на Бога. Вселената е тука, затоа и Бог мора да биде тука. Сите небесни тела нечујно брзаат над нашите глави избалансирани со неверојатна прецизност.
Убавината на Месечината во сите нејзини мени е пословична. Посматрајќи ја Месечината, древните народи го заборавиле нејзиниот Творец. Почнале да ѝ се клањаат на Месечината и „на сета небесна војска“. Уште на почетокот на Библијата Бог преку Мојсеја го опоменил својот народ: „Кога ќе погледнеш кон небото и ќе го видиш Сонцето, Месечината и ѕвездите и сето воинство небеско, немој да се измамиш та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ, твојот Бог, ги определил за сите народи под небото“ (5. Мојсеева 4, 19). Со овој текст е решено и прашањето на правата на користење на Месечината и потврдена нејзината законита припадност на Бога.
Познатиот човек од Уз, Јов, рекол на едно место: „Гледајќи го Сонцето, како свети, и Месечината, како величествено патува по небото, се занесував ли во длабочините на срцето и ја бакнував ли со уста раката своја – Тоа ќе беше престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот“ (За Јов 31, 26-28). Со други зборови, во времето на Јов незнабошците ја обожавале Месечината испраќајќи свои бакнежи кон неа. Токму ваквото обожавање на небесните тела Бог го забранил со своја изрична заповед. И за нас би било добро да се сетиме на следните зборови во прилог на обожавањето на Бога а не на човекот: „Но да Го помниш Господа, твојот Бог, зашто Тој ти дава сила за да се здобиеш со богатство…“ (5. Мојсеева 8,18).
Месечината на овој или оној начин во Библијата се спомнува околу педесет пати. Овој сјаен принц на вечерното небо може да се види дури и дење. Како дел на Сончевиот систем и придружник на Земјата, Месечината е приврзана за нашата планета со нераскинлива врска. Таа се свртува околу Земјата отприлика за еден месец, одејќи од запад кон исток. Ако ја посматраме, почнувајќи од млада Месечина, ќе видиме дека таа секоја ноќ е малку поналево или поисточно отколку што била претходната вечер.
Кога Месечината во своето движење на патеката околу земјата ќе изврши полно обиколување, Земјата зазема друга положба на својата патека околу Сонцето. Поради тоа доаѓа до измена на односот на Месечината, Земјата и Сонцето. За да се воспостави истиот однос како во мигот на почнувањето на обиколувањето на Месечината околу Земјата, Месечината треба да патува два дена подолго. Овој временски распон во движењето на Месечината се нарекува синодичка револуција и изнесува 29 дена, 12 часови, 44 минути и 3 секунди. Природно, ова не мора да го паметиме! Да уживаме додека ја гледаме Месечината и да мислиме на денот кога при Христовото второ доаѓање и самите ние „ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот“ (1. Солуњаните 4,17).
Месечината се врти околу својата оска така што таа секогаш нè гледа само со едната своја страна. Секоја точка на Месечината има две седмици ден а две седмици ноќ. Бидејќи Месечевата тежа е недоволна да го задржи воздухот на нејзината површина, таа нема воздушна обвивка и не е чудо што на Месечината е толку студено во текот на неговата двоседмична ноќ, а толку топло за време на двоседмичниот ден!
Иако човекот пренесуваше телевизиски слики од Месечината на Земјата и остави траги од своите стапки на неа, сепак тоа супернаучно достигање во ништо не се коси со она што го зборува Библијата. Додека Земјата е создадена за да се „живее“ на неа, (Исаија 45,8), за Месечината Библијата кажува дека е создадена да „ја осветлува земјата“ (1. Мојсеева 1,15). Месечината тоа и го прави.
Кога ја посматраме Месечината, како што го правел тоа псалмистот, добро би било прво на Бога да му дадеме слава за човековиот лет на Месечината и дури потоа да му оддадеме признание и на човекот. Разумот и самиот живот сме ги добиле од Бога. Нему му должиме за секое отчукување на нашето срце. Нашите способности треба да ги користиме да го прославиме нашиот Творец. Само тогаш Бог може да нè благослови.
Скокот до Месечината беше епохален настан во историјата на човештвото, но сепак, не треба да заборавиме дека не беше најголем настан по создавањето на светот. Најголем настан не е заминувањето на човекот на Месечината, туку слегувањето на Христа на Земјата. Од највисоките небесни висини Тој се спуштил како новородено дете во витлеемските јасли. Тој настан, како и крстот на Голгота, ја претставуваат највисоката точка на човечката историја. Христос е „Господ, Кој дава Сонцето да свети дење“ (Еремија 31,35), за Него „не постои ништо невозможно“ (Еремија 32,17). Ако го побараме, Тој ќе дозволи да го најдеме!