Верувањата на првите христијани
За курсот
Една од причините што луѓето губат вера во денешно време е мислењето дека верата во Бога може да премине од родителите на децата и од една генерација на друга. Не постои ништо понеточно од тоа! Секое ново поколение мора да го запознае Богa и изворот на верата лично, или жарот на верата целосно ќе згасне. Веста на првите христијани, според сведочењето на нивните непријатели, „го замати вселенскиот свет“ и допрела дури до римскиот двор. Што е тоа што делувало толку моќно врз луѓето во првиот век по Христа и довело до големи промени во наредните векови? Каква сила ги следела првите христијани и им давала моќ да се соочат со прогонство и смрт? Преку курсот „Верувањата на првите христијани“ ќе откриете каква била верата на раните христијани, која радикално го променила светот.