4. Како овој свет ќе дојде до крајот?

4. Како овој свет ќе дојде до крајот?

Во својата книга „Живот и смрт на планетата Земја“, двајца астробиолози од Универзитетот во Вашингтон тврдат дека иднината на светот е поврзана со еден внатрешен временски часовник. Прво, велат тие, ќе им истече времето на билките и животните, потоа океанот ќе биде изгубен во просторот, а потоа целата планета ќе се претвори во изгорен цилиндар кога Сонцето ќе ја проголта – и сето тоа за околу 7,5 милијарди години.

Астрономот Роберт Смит, од Универзитетот во Сасекс, се согласува со таа прогноза и вели дека нашата единствена надеж е во тоа да изградиме интерпланетарна флота „сплавови за спасување“. Тие сплавови треба да бидат во состојба да се оддалечат од Сонцето, но сепак да останат толку близу да ја користат неговата енергија.

Еве уште неколку мрачни начини на кои може да заврши нашата планета:

  • Ќе избие глобална нуклеарна војна и ќе преживеат само лебарките. Тие лебарки тогаш ќе станат исходиште, или „семе“ од кое со еволуција ќе се развијат следните интелигентни видови – за стотина милиони години.
  • Во „судниот ден“ астероид ќе удри во нашата планета и ќе го уништи човечкиот род. Според пресметките на проектите, задолжени да ги следат астероидите во близина на Земјата што ги изведува НАСА, постојат од 500 до 1.000 големи астероиди кои можат да ја изведат таа работа.
  • Смртоносна болест ќе протатни низ Земјата и ќе го уништи целото човештво. Тоа може да биде и некој вонземски микроорганизам или болест што ја произвел самиот човек со својата биотехнологија, слична на некоја воздушна верзија на вирусот ебола.
  • Една од 10 милиони црни дупки во рамките на нашиот Млечен Пат ќе тргне кон Земјата, така што нашата планета ќе биде катапултирана од нашиот Сончев Систем и ќе биде препуштена на својата ледена судбина во длабокиот вселенски простор.
  • Експериментите со големиот циклотроном ЛХЦ ќе тргне на лошо, и наместо одново да се создаде „големата експлозија“, научниците на 21. век ќе ја претворат нашата планета во голем облак од ситни честички.

Зар иднината е навистина толку мрачна? Има ли некаква надеж за планетата Земја, или навистина сме осудени на вечен заборав? Овој прирачник ќе ви ги прикаже пророштвата на Библијата кои јасно го опишуваат начинот на кој ќе заврши историјата на оваа Земја.

1. Каква надеж постои за нашата иднина?

Тит 2,13: „Да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос.“
Откровение 21,4: „И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“

Идниот живот ќе биде исполнет со нови почетоци. Само замислете – нема веќе расипани односи, нема веќе рак, нема веќе депресија, нема веќе осаменост и нема веќе самоубиства на младите. Силата и влијанието на гревот ќе бидат отстранети – заменети со здравје, среќа и мир.

2. Кој настан ќе го обележи почетокот на овој нов живот на бескрајна надеж и среќа?

Евреите 9,28: „Така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги однесе гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.“

Второто Христово доаѓање им донесува победа и спасение на Неговите следбеници и крај на овој свет во неговата сегашна состојба. Овој настан е толку важен што се споменува над илјада пати во Библијата. Само во Новиот завет, еден од секои 25 стихови говори за доаѓањето на Исус Христос.

3. Можеме ли да бидеме сигурни дека Исус повторно ќе дојде?

Јован 14,1-3: „Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.“

Исус ни го дал својот збор дека повторно ќе дојде. Не можеби, или би требало, или се надевам, туку повторно ќе дојдам. Ако постои нешто во што можеме да бидеме апсолутно сигурни, тогаш тоа е Христовото второ доаѓање. Запомнете го ова, освен тоа, и основната цел на Второто доаѓање – да нè земе кај себе и да нè врати на Небото.

4. Како Исус повторно ќе дојде?

Дела на апостолите 1,9-11: „И штом го рече тоа, додека тие го гледаа Тој се подигна, и облак го подзеде од пред очите нивни. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, и рекоа: ’Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте да оди на небото’.“

Очигледно, кога Исус ќе се врати, ќе дојде на истиот начин на којшто и отишол. Тоа значи, ќе дојде буквално и лично, а не симболички или духовно. Воочете ги зборовите: „гледаа, гледате, видовте.“ Исто како апостолите, и ние ќе бидеме во состојба да го подигнеме погледот кон небото и навистина да го видиме Него како се враќа на Земјата. Исто така, тоа ќе биде истиот оној Исус кој сега повторно доаѓа. Не некој дух или сениште, туку во телесен облик, токму онака како што и заминал.

5. Кој ќе биде со Исуса кога ќе се врати?

Матеј 25,31: „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја.“

Можете ли да ја замислите величината на Второто доаѓање на Исус Христос? Каква сцена ќе биде тоа кога Исус ќе се спушта од Небото, седејќи на престолот, следен од своите безброј ангели.

6. Кој ќе го здогледа Исуса кога ќе се враќа?

Матеј 24,30: „Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со голема слава и сила.“

Второто Христово доаѓање ќе биде глобален настан што сите ќе го видат – и добрите и злите. Ќе го види сечие око. Никој нема да го пропушти. Исус го споредил своето доаѓање со огромна молња која во силна бура блеснува од едниот до другиот крај на небесата (Матеј 24,27).

7. Дали второто Христово доаѓање ќе биде настан што ќе се случи тајно?

Јован 5,28.29: „Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.“
1. Солуњаните 4,16: „Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите.“

Ништо нема да биде тајно или нечујно во текот на Второто Христово доаѓање. Дури и мртвите ќе го чујат гласот на Исуса Христа. Со силен глас, со одекот на труби, Бог сака да се осигури дека ќе сфатиме оти Христовото второ доаѓање е настан што сите ќе го видат и ќе го чујат.

8. Штo сакал Исус да каже кога во Матеј 24 рекол: „Еден ќе биде земен, а Другиот ќе биде оставен?“

Матеј 24,37-40:  „Но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки. Зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, и не сфатија додека не дојде потопот и истреби сè – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки. Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен!“

Некои христијани веруваат во идејата за некое „тајно вознесение“. Сржта на тоа учење гласи дека Исус тајно ќе ги однесе праведниците со себе. На пример, ќе лета авион и ненадејно пилотот едноставно ќе исчезне. Добрите потајно ќе бидат одведени, додека злите ќе останат на планетата Земја. Сигурно веќе сте читале книги или сте гледале филмови што ја поддржуваат таа мисла. Еден од тие филмови е и филмот „Заминати“ во кој се опишуваат тројца адвокати кои се оставени на Земјата, додека нивните други поморални пријатели тајно се однесени на Небото.

Овие Исусови зборови во Матеј 24 често се употребуваат како доказ на теоријата за тајното вознесение; меѓутоа, забележете што навистина кажал Исус. Тој го споредува своето Второ доаѓање со глобалниот Потоп во Ноево време. Опишува како луѓето на тоа време уживале во својот секојдневен живот сè додека не дошол Потопот и однел сè – некои биле земени, а други оставени. Нема ни најмало навестување за двојната природа на Второто доаѓање. Една од „клучните тајни“ на пророштвата за Второто доаѓање е токму тоа дека тоа нема да биде тајно. Христовото враќање ќе биде најгласен, највидлив глобален настан во историјата на овој свет.

Ништо нема да биде тајно или нечујно во текот на Второто Христово доаѓање.

9. Како ќе влијае второто Христово доаѓање на планетата Земја?

Откровение 16,18.20: „И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата. Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа.“

Со земјотрес каков што никогаш претходно немало, со потонати острови и соборени планини, планетата Земја каква што ние ја знаеме ќе биде опустошена со Второто доаѓање (види и 2. Петрово 3,20 за описот на силното пустошење на Земјата кога Исус ќе дојде како „крадец во ноќта“).

Второто Христово доаѓање ќе ги укине сите царства на овој свет.

10. Што ќе се случи со царствата на овој свет кога ќе дојде Исус?

Даниел 2,44: „Тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.“

Овде ја наоѓаме клучната точка на тајниот сон што го сонил царот Навуходоносор пред повеќе од 2500 години. Второто Христово доаѓање ќе ги укине сите царства на овој свет. Бог ќе воспостави свое царство – царство кое ќе трае довека.

11. Што ќе се случи со живите беззаконици кога ќе се појави Исус?

2. Солуњаните 2,8: „Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.“

Беззакониците нема да успеат да го поднесат погледот на светиот и чист Бог. Тие ги повикуваат карпите и планините да паднат врз нив; да ги скријат од Исусовото лице (Откровение 6,15-17). Во време на Христовото воскресение, сјајот на еден ангел предизвикал римската стража да попаѓа и да биде слична на мртвите луѓе (Матеј 28,2-4). Замисли го влијанието на милиони, можно е и милијарди ангели, заедно со славата на самиот Исус. Злата природа на беззакониците ќе биде совладана од Неговата непорочност и сјај.

12. Што ќе се случи со умрените праведници кога ќе се појави Исус?

1. Солуњаните 4,16: „И најнапред ќе воскреснат мртвите.“

Кога Исус ќе се појави, умрените праведници први ќе воскреснат од своите гробови. Замислете ја возбудата на оние кои ќе стојат на гробиштата во тој момент и ќе гледаат како нивните верни сродници стануваат од своите гробови. Пророкот Исаија вели дека мртвите ќе се разбудат и ќе запеат благодарна песна и ќе го слават својот Бог (Исаија 26,19) додека се издигнуваат на облаците во пресрет на Господа.

13. Што ќе се случи со нашето тело кога ќе дојде Исус?

1. Коринќаните 15,52.53: „Одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.“

Колку прекрасна вест! Ова несовршено тело ќе биде преобразено. Ние ќе добиеме вечна младост. И што е уште поважно, нашата природа ќе се промени. Ќе станеме бесмртни, никогаш повеќе нема да трпиме поради гревот, никогаш нема да умреме.

14. Што ќе се случи со живите праведници кога ќе дојде Исус?

1. Солуњаните 4,17: „A потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.“

Кога ќе станат умрените праведници, тие кои живи го дочекале Христа, ќе бидат заедно со нив земени на облаците. Ќе дојде до голема повторна средба на сите оние кои го сакале Господа во текот на целата историја на оваа планета. Забележете дека Исус сè уште не стапнал со својата нога на оваа планета. Исус нема да се види на Би- би-си, Си-ен-ен, или на некој стадион или во Белата куќа. Земјата ќе биде лишена од секаков вид на живот, а сите праведни ќе се најдат на облаците.

15. Каква опомена ни упатува Исус во врска со своето второ доаѓање?

Матеј 24,5: „Зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ’Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина.“

Исус нè предупредува дека ќе се појават лажни христоси. Интересно е да се забележи дека Евреите желно го чекаат својот Месија; муслиманите го чекаат Исусовото враќање, а секако, и самите христијани го очекуваат Христовото второ доаѓање. Една од последните измами ќе биде низата лажни втори доаѓања, веројатно вклучувајќи и тајно вознесение на праведниците и стварно доаѓање на самиот ѓавол, кој ќе тврди дека е Христос. Исус вели дека тие измами ќе бидат успешни, така што дури и самите избрани можат да бидат измамени (Матеј 24,24).

16. Како да бидеме заштитени од измамите?

Исаија 8,20: „Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.“

За да знаеме што е правилно, прво мораме да ги разбереме Писмата и да стекнеме доверба во нив. Тогаш треба сè да проверуваме со Неговата Реч. Во овој прирачник, ние опишавме како ќе дојде Исус врз основа на Библијата. Сите ние можеме добро да ги познаеме и вистината и невистината кога од нас ќе се бара да ги препознаеме во времето на Христовото второ доаѓање.

17. Што ќе извикнат праведниците во времето на Христовото доаѓање?

Исаија 25,9: „И ќе речат во тој ден: ’Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нè спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него‘.“

Праведниците нема да бидат изненадени. Исус навистина ќе дојде како „крадец во ноќта“ (2. Петрово 3,10) за беззакониците, но праведниците ќе го чекаат.

18. Дали сите кои тврдат дека се спасени ќе бидат земени на небото за време на Исусовото доаѓање?

Матеј 7,21-23: „Не секој што ми вели: ,Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на мојот Отец небесен … Никогаш не сум ве познавал; бегајте од мене вие што правите незаконски дела.“

Денес има луѓе кои тврдат за себеси дека се христијани, кои се полни со Светиот Дух, но кои ќе го пропуштат Небото. Причината е едноставна. Христос не го сака само нашето обожавање туку и нашата послушност. Всушност, највисокиот облик на богослужение е послушноста. Секој христијанин кој говори Господе, Господе, а не е подготвен да го прифати и послуша целокупниот Божји закон, се одвојува од Бога и не живее според начелата на вистинското христијанство.

19. Каков треба да биде нашиот однос спрема скорешното доаѓање на Исуса Христа?

Откровение 22,20: „Зборува оној што го сведочи ова: ’Да, ќе дојдам скоро!‘ – Амин! ’Да, дојди, Господи Исусе‘.“

Второто доаѓање е голема надеж на сите христијани. Можеби меѓу вас има и такви кои би сакале Исус да дојде, но не сега. Можеби мислите дека пред себе имате уште голем дел од својот живот што треба да го проживеете. Меѓутоа, животот со Исус не е некаков здодевен, ограничен живот. Да се биде христијанин значи да се живее со полн живот, со здрав и среќен живот. Тоа е живот кој внесува мир и задоволство. Освен тоа, наскоро ќе ни биде понуден живот во кој нема да има веќе бол, страдања или жалост. Да, дојди Господе Исусе!

…животот со Исус не е здодевен, ограничен живот. Да се биде христијанин значи да се живее со полн живот, со здрав и среќен живот.


Три факти што треба да ги запомниме:

  • Исусовото второ доаѓање е голема надеж на сите христијани
  • Исус ќе се врати на планетата Земја – физички, видливо и чујно
  • Измамите поврзани со Второто Христово доаѓање се важен дел од стратегијата на сатаната.

Случка:

На почетокот на мај во 1980 година, на жителите на планината Света Елена во Соединетите Држави им било упатено предупредување. Сеизмолозите и други стручњаци го следеле вулканот во близина со месеци и по неколку лажни тревоги сега биле сигурни дека тој ќе проработи. Еден од најпознатите жители на тоа место бил човекот по име Хари Труман. Тој постар човек имал прекар „Старецот од планината“. Службениците постојано го советувале да го напушти својот имот и да се пресели на некое посигурно место. Труман често им се смеел на шумарите и на камерманите и одбивал да ја напушти планината, сигурен дека не му се заканува никаква опасност. Но, на 18 мај 1980 година, во 8 часот и 32 минути, вулканот на планината Света Елена се разбудил со стравотен татнеж. Биле исфрлани силни гасови со брзина од над илјада километри на час, загреани на над 400 Целзиусови степени. Како последица од активноста на вулканот се истребило секакво живо суштество на оддалеченост од 20 километри околу вулканот. Тој ден загинале 57 луѓе, вклучувајќи го и Хари Труман, кој останал закопан со слој лава, дебела 30 метри.

Што можеме да научиме од оваа случка во врска со уништувањето на нашата Земја за време на Второто Христово доаѓање?

Лични прашања:
1. Зошто разбирањето на Христовото второ доаѓање е толку важно за твоето секојдневно христијанско искуство?
2. Што би можел да направиш на практичен начин за да се заштитиш себеси од лажните пророци, лажните христоси и религиските измами поврзани со Второто Христово доаѓање?
3. Што треба да направиш во својот живот за да ја дознаеш и послушаш Божјата волја?

Ве молиме да го изработите тестот за да преминете на следната лекција.