18. Каде на земјата се наоѓа пеколот?
Голем е бројот на оние кои мислат дека Бог е строг, суров и одмаздољубив судија. Тие го гледаат како далечен Бог, желен да ги фрли луѓето во пекол од маки и агонии. Направи нешто погрешно и „трас“ – те очекуваат громови и суд на патот во пеколот!
Ваквото сфаќање за Бога се развивало со векови бидејќи христијанските духовници ги застрашувале своите парохијци со ужасите на пеколот. Да се претстави пеколот поужасен од хорор филмовите, да се развие желба кај луѓето да избегнат илјадници години болки и пеколни маки така што ќе бидат послушни и покорни, им изгледало на тие луѓе како сосем прифатлива замисла.
Предупредувањата пред црквите и сега привлекуваат внимание. Еден огромен натпис гласи: „Како сакаш да ја минеш вечноста – да не пушиш или да се пушиш?“ Друг: „Избери за себе погодна скара!“
Во својата проповед „Грешниците во рацете на разгневениот Бог“ велечесниот Џонатан Едвардс го рекол и ова:
„Господовиот гнев се разгоре против нив, нивната казна нема да се двоуми, бездната е подготвена, огнот е разгорен, печката е усвитена, подготвена да ги прими, пламенот уште сега беснее и блеска … На Бога, кој те држи над бездната на пеколот над огнот, како што некој држи пајак или некаков одвратен инсект, му се гади од тебе и ужасно е предизвикан … Тој ќе те згмечи под своите нозе без милост, Тој ќе ја пролее твојата крв и ќе стори да потече, да ја испрска сета Негова облека и да ја извалка“ (Цитирано од Jonathan Edwards Centre, Yale University).
Детскиот религиски прирачник, Поглед во пеколот, нуди ваков вознемирувачки опис: „Петтата зандана е црвено усвитена печка. Мало дете е во црвено усвитената печка. Слушај како вреска да излезе од неа; гледај како се врти и се превртува над огнот. Удира со главата во горната плоча на печката. Удира со своите мали нозе по долната плоча на печката“ (Цитирано од проповедите на велечесниот J. Furnissa, The Sight of Hell у Christ Triumphant, Thomas Allin).
„Добрите стари“ проповеди и книгите слични на оваа веќе не се толку популарни во 21. век. Некои религиски водачи се прашуваат каде ги снемало сите тие ужаси на пеколот. Тие се плашат дека тој тренд спрема „климатизираниот“ пекол ќе ја чини Црквата со губење на верници. Како последица, во некои религиски кругови се слушаат повици духовниците да се вратат на застрашувачките проповеди и предупредувања.
Според тоа, ако Бог е навистина Бог на љубовта, тогаш за што служи пеколот? Каде е тој пекол? Што е тоа воопшто? Дали навистина грешниците ќе страдаат и ќе горат во пеколот во текот на целата вечност?
Во текот на ова проучување ќе откриеме што вели Библијата за пеколниот оган. Ќе видиме како и кога Бог ќе го отстрани гревот и што ќе ни кажат тие постапки за Неговиот карактер полн со љубов.
Бог еден ден ќе мора да го уништи гревот, затоа што гревот без престан ги уништува луѓето. Нема ништо што Му е на Бога подрагоцено од луѓето.
1. Дали Бог се радува на уништувањето на беззакониците?
Исус дошол на оваа Земја за да ги спаси грешниците, а не да ги уништи (Лука 9,56). Уништувањето и вечната смрт на беззакониците претставува Божје „необично дело“, зашто Тој секого го сака (Исаија 28,21). Бог самиот ги создал луѓето за да станат Негови вечни пријатели. Тој умре за да живееме ние!
За жал, нема друго решение за ракот на гревот, туку уништување на оние кои избрале да го прават. Сè додека е присутен, гревот ќе биде причина за човечката беда. Токму затоа, тој мора да биде искоренет. Бог мора да го уништи гревот затоа што гревот ги уништува луѓето. Нема ништо друго што би му било подрагоцено на Бога како што се луѓето.
2. Која е Божјата најголема желба за човечкиот род?
Бог сака да се спасат сите луѓе и Тој се труди да го постигне тоа. Тој би сакал целиот свет да ужива среќна вечност заедно со Него. Меѓутоа, Тој нема да нè принудува да го избереме вечниот живот. Тој ни дозволува да се послужиме со својата слободна волја, да се одлучиме за Него или против Него.
Доколку не го избереме вечниот живот, тогаш неизбежна плата за гревот е смртта (Римјаните 6,23). Секоја личност ќе биде или спасена или изгубена. Во Библијата нема ни споменување за нешто како што се чистилиште, лимбо или реинкарнација. Постојат само Небото кое треба да се очекува и огнот кој треба да се избегне.
3. За кого е наменет огнот?
Огнот не е подготвен за вас! Постои комична легенда за ѓаволот како управител на пеколот. Тој е задолжен да ги пече жителите на пеколот, да ги боде со своите вили додека се вртат над огнот. Меѓутоа, Библијата вели дека ѓаволот и неговите демони ќе бидат фрлени во огнено езеро и дека ќе се претворат во прав и пепел (Езекиел 28,18).
Колку прекрасна вест! Ѓаволот ќе биде уништен и никогаш повеќе нема да може да искушува, да мачи, да напаѓа, да измамува и да осудува кого било. Ѓаволот би сакал да му се придружите во огнот и ако навистина сакате да завршите на тоа место, имате можност! Меѓутоа, ќе морате да се борите против Бога за да стигнете таму!
4. Дали сега некој се наоѓа во пеколот?
Традиционалното гледиште за пеколот гласи дека тоа е печка која гори некаде под земјата во која се фрлаат грешните и расипани луѓе штом ќе умрат. Меѓутоа, Библијата дава целосно поинаква слика за пеколот, да го наречеме така.
Според Исусовите зборови, беззакониците ќе бидат „изгорени со оган“ на крајот на времето. Тоа значи на крајот на светот. Во една друга пригода Исус рекол дека на беззакониците ќе им „биде судено во последните денови“ (Јован 12,48).
Неправедниците сега се во своите гробови и чекаат воскресение. Исус рекол: „Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5,28.29). Исусовиот глас ќе ги повика неправедниците од нивните гробови, а не од пеколниот оган.
Значи, ни една единствена душа денес не гори во пеколот!
Навистина е чесно што беззакониците сега не се во пеколот. Замислите каков би бил тој Бог ако би казнувал пред да има судење? Или, замислете какав би морал да биде тој Бог за да одреди шест илјади години подолга казна на Каин, кој го уби својот брат, отколку на Адолф Хитлер кој уби милиони луѓе. Не би имало никаква правда во тоа!
Бог сака да се спасат сите луѓе и Тој се труди да го постигне тоа. Тој би сакал целиот свет да ужива среќна вечност заедно со Него.
5. Kој дел од човекот ќе биде фрлен во огнот?
Пеколниот оган не е наменет за таинствената „душа“ која се оддалечува од телото. Исус вели дека целото тело ќе биде фрлено во оган (Матеј 10,28). Оние кои решиле да го отфрлат вечниот живот ќе бидат фрлени живи во огнот – заедно со рацете, нозете и умот, емоциите и личноста. Целата личност ќе заврши во огнот.
6. Што ќе се случи со беззакониците кога ќе бидат фрлени во оган?
Пеколниот оган не гори вечно. Огнот ќе гори додека не бидат изгорени беззакониците. Во оригиналот е употребен изразот „ќе ги изгори денот“. Значи, тие ќе изгорат. Најпознатиот текст во Библијата вели дека беззакониците ќе „пропаднат“ – тие нема да имаат пред себе вечен живот на Небото или во пеколот (Јован 3,16).
Кога ќе изгори некое дрво во шумски пожар, стеблото и гранките ќе му изгорат, но коренот главно му останува зачуван така што дрвото може повторно да израсне. Кога беззакониците ќе бидат уништени со оган, нема да им остане ни „корен ни гранки“. Тие ќе бидат целосно и засекогаш уништени, без можност повторно да живеат.
Смртта во пеколниот оган – Библијата го нарекува огнено езеро – се вика „втора смрт“ (Откровение 21,8). Тоа е смрт од која повеќе нема воскреснување. Тоа е целосно уништување.
Поимите што се употребени да се опише судбината на беззакониците во огнот вклучуваат:
- Загине – Јован 3,16.
- Смрт – Римјаните 6,23.
- Изгори – Малахија 4,1.
- Снема – Псалм 37,20.
- Истреби – Псалм 37,9.
- Уништи – Псалм 145,20.
- Проголта – Откровение 20,9.
- Оган ќе ги проголта – Псалм 21,9.
- Денот на гибелта – За Јов 21,30.
Беззакониците ќе бидат уништени. Тие ќе пропаднат и нема да продолжат да живеат вечно во пеколниот оган.
7. Каде ќе се разгори пеколниот оган?
Пеколниот оган се случува на Земјата. Тоа не е некое зачадено место за мачење длабоко под површината на земјата. Исто онака како што го уништил светот со глобален Потоп во времето на Ное, така Бог и на крајот на времето ќе го уништи светот со оган. „А земјата, и сè што е на неа, ќе изгори“ (2. Петрово 3,10).
Книгата Откровение ја опишува застрашувачката глетка. Кога Светиот град се спуштил од Небото на Земјата, беззакониците го опколиле и се обиделе да го освојат. Токму во тој момент паѓа пеколен оган од небото и целосно ги уништува сите кои не се покајале за своето беззаконие (за повеќе детали за овој настан, прочитајте ја лекцијата под наслов „Илјадa години мир“).
Пеколниот оган нема вечно да гори. Огнот ќе гори додека сите беззаконици не бидат уништени.
8. Колку долго ќе гори пеколниот оган и зошто тоа прашање е толку важно?
Ништо нема да остане зад пеколниот оган кога тој ќе ја заврши својата задача и ќе го уништи гревот. Нема да остане ни жар некој да се загрее, ни оган некој да седне покрај него. Пеколниот оган се изгаснал!
Учењето за вечниот пеколен оган не го решава проблемот на гревот. Тоа го овековечува гревот. И што е уште полошо, тоа се обидува да го оцрни Божјиот карактер.
Идејата за вечниот пеколен оган и за маките во пеколот произвела повеќе атеизам од која било друга. Кога тоа учење би било вистинито, мачењето на нацистите, Пол Пот, Осама бин Ладен, Садам Хусеин и на другите зли тирани во текот на историјата не би значеле ништо во споредба со наводната садистичка Божја природа. Во најмала рака, сите тие насилници им дозволувале на луѓето барем да умрат. Да илустрираме: кога вашето милениче куче побеснело и каснало некое невино бебе, власта би ви наредила да го успиете тоа куче. Никој не би посакал да му пружи можност на тоа куче и понатаму да го загрозува светот со своето беснило. Меѓутоа, сигурно е дека не би имало ниедна разумна личност која би побарала кучето да биде злоставувано до смрт или, што е далеку полошо, да биде злоставувано цела вечност! Трагично е што некои луѓе имаат полошо мислење за праведноста и карактерот на Бога отколку за најлошите припадници на човечкиот род!
Сиже:
Пеколот значи конечно уништување со оган, втора смрт. Пеколниот оган се одвива на оваа Земја и ќе ги уништи ѓаволот и неговите демони и секој кој решил да ја отфрли Исусовата љубов и Неговата благодат. Основната цел на пеколниот оган е да ја уништи секоја останата трага на гревот така што вселената ќе биде безбедна за цела вечност.
9. Како и кога влегло учењето за пеколниот вечен оган во христијанската црква?
Концептот за вечниот пеколен оган е тесно поврзан со идејата за бесмртна душа. Ѓаволот започнал со ова свое учење кога рекол во Едем дека грешниците се бесмртни: „Нема вие да умрете“ (1. Мојсијева 3,4). Од тој почеток, ова учење се проширило во сите пагански култури, вклучувајќи ги Египќаните, Персијците и Грците. Грчката митологија дури успела да се пробие и во религијата на Евреите, па дошло и до поделба меѓу Евреите во Христово време. Иако и Исус понекогаш се служел со популарните идеи за да илустрира некои свои мисли (на пример, параболата за богаташот и Лазар во Лука 16), Тој јасно нагласувал дека смртта е само сон (Јован 11,11-14).
Незнабошците учеле дека и доброто и злото се вечни категории и дека никогаш нема да бидат уништени. Местото за мачење на злите било направено затоа што ни боговите не биле во состојба да ги уништат. Оваа замисла за вечното постоечко место за мачење навлегла во христијанската Црква кон крајот на вториот век по Христа преку црковните водачи како што биле Атенагора (188 година по Христа) и Тертулијан (умрел 240 година по Христа). Исто како и многу други пагански доктрини, овие идеи влегле во Црквата и во црковните учења, а со текот на времето се вброени и во црковните доктрини. Ероним и Августин продолжувале да ги нагласуваат вечните маки. Ова учење станало едно од најсилните оружја на Црквата за сеење страв и наметнување на покорност во текот на средниот век.
Погрешното разбирање на пеколот пробило и во преводите на Библијата. Во многу случаи, еврејските и грчките зборови за „гроб“ (шеол и хадес) биле преведувани како „пекол“. Грчкиот збор „гехена“ – преведен како „пекол“ е зборот кој го употребил Исус за да го опише огнот на уништувањето на крајот на времето. Грчкиот збор „тартарус“ – исто така е преведен како „пекол“ – само еднаш се појавува во целата Библија и значи „место на темнината“. Нема ниеден збор во Стариот или во Новиот завет кој би можел да се преведе како „место за вечно мачење“.
Од пеколниот оган нема да остане ништо откако ќе ја изврши својата задача за уништување на гревот.
10. Што сака да каже Библијата кога зборува за вечната казна?
Целосното уништување на беззакониците се спомнува над 180 пати во целата Библија. Во секој случај, беззакониците се уништени со огнот кој после тоа се гаси. Има и неколку текстови кои можат да доведат до забуна поради описната природа на употребените поими. Важно е да се види што кажува целата Библија за одредена тема, а вкупните докази поврзани со темата за пеколниот оган говорат дека ќе има целосно уништување на беззакониците. Библијата не си противречи самата на себеси. Ајде подлабоко да проучиме некои од тие најпредизвикувачки текстови, така што ќе ги споредиме стих со стих во настојувањето да установиме која е библиската вистина.
А. Непрестан и вечен оган (Матеј 25,41)
Исус говорел за вечниот оган. Но тој оган е вечен по своите последици, а не по своето траење. На пример, Содом и Гомора биле расипаните градови за кои Господ рекол дека ќе горат во „вечен оган“. Каде се Содом и Гомора денес? Бог ги запалил и ги претворил во пепел (2. Петрово 2,6). Според Библијата, вечниот оган ги гори во прав и пепел, а кога ќе ја изврши својата задача, се гаси.
Б. Мачени дење и ноќе во векови (Откровение 20,10)
Кога го опишувал уништувањето на расипаниот Едом, пророкот Исаија рекол дека димот ќе излегува „вечно“. И повторно, Божјиот пророк се служи со сликовит јазик за да го опише целосното уништување врз основа на осуда. Едом сега не гори. Тој е уништен.
Зборот „засекогаш“ се употребува во Библијата преку 50 пати за да опише нешто што ќе заврши по својата природа. На пример, „засекогаш“ значи сè до смртта (Псалм 48,14) или толку долго додека живее некој (1. Самоилова 1,22.28). Димот на мачењето на беззакониците ќе трае сè додека тие не бидат уништени со оган.
В. Вечна казна (Матеј 25,46)
Г. Неизгаслив оган (Лука 3,17)
Ова пророштво на пророкот Еремија се исполнило кога Вавилонците го разориле Ерусалим со оган (2. Дневникот 36,19-21). Градот бил уништен со неизгаслив оган, кој ниеден човек не можел да го изгасне. Но, кога еднаш си ја извршил својата задача, огнот самиот природно се изгаснал.
11. Иако не постојат вечни маки во пеколот, дали уништувањето со оган треба лекомислено да се сфати?
Да се биде уништен со пеколен оган ќе биде најстрашното искуство познато на човекот. Исус рекол дека ќе биде „плач и крцкање со заби“ (Матеј 22,13). Причината зошто тоа ќе биде толку страшно се крие во фактот дека тоа ќе биде целосно одвојување од „лицето Господово“.
Луѓето ќе го сфатат ужасот од последиците на својот живот во грев. Нема да има никаква надеж. Луѓето ќе ја сфатат бесмисленоста на приврзувањето за гревот, кој сега им одзема сè. Нивното ментално мачење ќе биде неописливо и колку поголема ќе биде нивната вина, толку ќе биде поголема и агонијата. Беззакониците во целосна темнина и очај ќе паднат на колена и ќе го признаат Исуса Христа како Господ. Но тоа признание ќе дојде премногу доцна (Филипјаните 2,10.11).
Сега е време да го прифатиме бесплатниот дар на животот кој ни го нуди Исус. Исус сака да биде наш пријател и да нè заштити од пеколниот оган. Тој нè сака и сака да воспостави секојдневна пријателска врска со нас, врска која ќе трае цела вечност.
Платата за гревот не е вечен живот во пеколот, туку вечна смрт.
12. Што ќе стори Бог откако пеколот и гревот ќе бидат уништени?
Библиското пророштво претскажува целосно нов свет кој треба да го очекуваме. Тоа ќе биде нова Земја. Ќе има и нова атмосфера, со нова озонска обвивка, ако биде потребна, а најважно, нов живот без траги или остатоци од гревот.
Три факти што треба да ги запомниме:
- Бог не сака никој да биде изгубен, но ни дава можност слободно да се определиме.
- Постојат само две можности за живот по смртта – Небо или пекол.
- Пеколниот оган целосно и неповратно ќе ги уништи злите на крајот од историјата на овој свет.
Случка:
Како момче, Мартин Лутер одел во црква посветена на свети Ѓорѓија во Мансфелд, Германија. Секоја седмица ги разгледувал обоените стаклени прозорци во својата црква. Уметничките дела го претставувале налутениот Бог кој мавта со меч. Мартиновата фантазија се разиграла и тој си замислувал како тој налутен Бог се подготвува да го прати неговото исплашено мало срце во вечниот пекол.
Младиот Лутер забележал и икона над олтарот која прикажувала брод на разбранувано море. Бродот одел кон небото и на него седеле папата и неговите бискупи. Монасите веслале. Неволјата била во тоа што на бродот немало обични верници, слични на Мартин и неговото семејство. Мартин загрижено ги набљудувал обичните луѓе надвор од бродот како се обидуваат да се спасат пливајќи по тој брод. Ним очајнички им била потребна помош да се дофатат до бродот и така да стекнат сигурност. Некои се давеле, но папата и бискупите биле сигурни. Мартин Лутер заклучил дека Бог е суров и дека обичните луѓе како него немаат никакви изгледи да бидат спасени.
На Мартин му биле потребни многу години да сфати дека Бог во кого верувал не е оној вистински Бог од Библијата. Целиот негов живот се променил кога установил дека Бог не е Бог од кој треба да се плаши, туку Бог кој сака на сите нас да ни биде пријател. Бог не е Бог од кого треба да се бега, туку Бог на кој треба да Му се приближиме.
Како момче, Мартин Лутер одел во црква посветена на свети Ѓорѓија во Мансфелд, Германија. Секоја седмица ги разгледувал обоените стаклени прозорци во својата црква. Уметничките дела го претставувале налутениот Бог кој мавта со меч. Мартиновата фантазија се разиграла и тој си замислувал како тој налутен Бог се подготвува да го прати неговото исплашено мало срце во вечниот пекол.
1. Што мислиш, дали некој побрзо ќе стигне на Небото само со желбата да избега од пеколниот оган или затоа што го сака Исуса? Зошто мислиш така?
2. Зошто, според твое мислење, христијаните го прифатиле учењето за вечниот пеколен оган и го вклучиле во својот систем на верување?
3. Објасни како Бог може истовремено да биде полн со праведност и милост? Како уништувањето на беззакониците го нагласува тој факт?