7. Крштавање
Библиска заднина:
Дела на апостолите 16 глава
За Павле и првите христијани, Божјиот сон за исцелување на светот бил нешто повеќе од обична идеја. Тоа била реалност која требало со Божја сила да се доживее и да се искуси заедно со другите. Појдовна точка бил обредот полн со симболика, кој барал човекот да се нурне во вода.
Приказната продолжува…
Откако Павле и Сила ги посетиле и оснажиле црквите кои Павле со Варнава ги основал во Галатија, сакале да продолжат понатаму, но наишле на затворена врата.
„Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти“ (Дела 16,6.7).
Би било многу интересно Лука овде да е поопширен. Што било тоа што ги спречило да го продолжат патувањето на запад во провинцијата Азија? Која врата била затворена кога се обиделе да одат во Витанија? Дали постоеле некои конкретни пречки или почувствувале дефинитивно „не“ во својата душа? И Павле и Сила го имале духовниот дар на пророштво. Можеби добиле визија или слушнале нешто? Во секој случај, завршиле во Троада.
„Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ‚Дојди во Македонија и помогни ни!‘ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нè повикал таму да го разгласуваме Евангелието“ (Дела 16,9.10).
Ете како евангелието по прв пат (колку што ни е познато) започнало да се проповеда во Европа. Преку Самотрак и Неапол, отпатувале право во Филипи. Стратегијата што ја применувале до тој миг била прво да посетат синагога. Меѓутоа, во европските градови имало сè помалку Евреи, а во Филипи немало ни десет мажи Евреи (колку што било потребно за да можат да организираат официјално собирање), така што Павле морал да отпатува од градот за да ги пронајде оние кои веруваат во „највозвишениот Бог“. Очигледно, групата се состоела од жени кои се собирале тука заради молитва. Павле го сторил истото што го сторил и Исус – ги кршел сите вообичаени норми на однесување, како на Евреите така и на Елините, започнувајќи разговори со жените, кои постепено се развивале во учењето. Лидија, Македонката од Тијатир, која верувала во еврејскиот Бог, прва ја прифатила. Целото нејзино домаќинство било обратено и дружината на Павле од патувањето била поканета во нејзиниот дом. Сепак, продолжиле да се состануваат „на местото за молитва“ поради проучување.
Павле и жените
Ние можеби не сфаќаме доволно колку било необично тоа што Павле и неговиот тим одвоиле време да поучуваат група жени. Кога би разбрале нешто од општиот став спрема жените што постоел во таа култура, би разбрале колку била револуционерна пораката за Божјото царство во својот однос спрема општествените структури.
Во хеленистичкиот свет на жените се гледало како на нецелосни човечки суштества – како резултат на некое нарушување во текот на бременоста. Се сметало дека сите луѓе го започнуваат својот развој како мажи. Меѓутоа, тој совршен мал маж бил осуден да ги мине своите први месеци во телото на едно толку расипано и недоветно суштество како што е жената – што често доведувало до тоа и самиот да биде оштетен во текот на развојот, и да се роди како жена.
Според тогашните сфаќања, жената не била способна да биде рационална, лојална и да воспоставува односи. Тие не можеле да бидат сведоци на суд и не им било местото во јавните расправи и дијалози. Требало да седат дома. Мажите не разговарале со жените на јавни места, дури ни со своите сопствени сопруги.
На жените се гледало како сопствеништво на мажот и тие често немале дури ни свое сопствено име – само женска форма на името на својот маж или татко.
Во Јудеја, жените биле уште попонижени бидејќи ја загрозувале машката чистота поради менструалниот циклус, а и затоа што претставувале искушение. Една добро позната изрека гласела дека е подобро да се оди зад магаре (колку и да било тоа фрустрирачко) отколку зад жена, зашто магарето барем нема да ве наведе на искушение. Многумина фарисеи гледале на жените како на нужно зло, единствено корисно поради раѓање наследник.
Дури ни во најдобрите бракови полни со љубов (зашто, секако, постоеле и такви) не станувало ни збор за рамноправност. За да ја разбереме динамиката на тој однос, речиси да мораме да го споредиме со начинот на кој ние во западниот свет се однесуваме спрема кучињата. Можно е да се има близок пријателски однос со кучето, проникнат со заемна љубов и верност, но тука не станува збор за еднаквост и рамноправност. Во иста ситуација се наоѓале и жените на Медитеранот во времето на Павле.
Не е ни чудо што Исусовата и Павловата порака станала толку популарна меѓу жените. Тие со нив постапувале како спрема рамноправни. Ги поучувале на ист начин како и мажите и дозволувале да им бидат ученици, сведоци, соработници, водачи, учители, пророци, па дури и апостоли.
Павле се лути
Друга жена во Филипи, која очигледно била осведочена од учењето на Павле, била робинка со гатачки дух. Таа ги следела по градот и викала: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението!“ (Дела 16,17) Павле очигледно не се согласувал со мислењето дека секоја реклама е добра, зашто по неколку денови дури и се налутил.
„Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот:’ ‚Ти заповедам во името на Исус Христос излези од неа!’ И излезе во истиот час“ (Дела 16,18).
Лука не кажува како се чувствувала жената кога била ослободена, ниту пак, колку време минало пред да забележи нејзиниот сопственик дека нешто се променило. Но, кога вистината излегла на виделина, се налутил и сопственикот. Она што следува е еден од најфасцинантните извештаи за животот и работата на апостолите.
Павле и Сила во затвор
Павле и Сила биле одвлечени пред заповедниците, биле камшикувани и фрлени в затвор. Павле овој пат дозволил да се случи тоа, не давајќи им на знаење на властите дека е римски граѓанин. Можеби тоа било дел од неговата стратегија… Можеби го сторил истото на Кипар кога Сергија му се обратил на Павле. Можеби било мудро да им дозволи на властите да ги погазат неговите права за да му должат услуга подоцна. Но по која цена? Таков вид казна воопшто не била безопасна.
Многумина се прашуваат дали Павле, здогледувајќи го стражарот в затвор, конечно го нашол човекот што го видел во визијата додека се наоѓал во Троада. Во секој случај, тие биле доволно храбри да пеат химни во затворот, и тоа толку гласно што ги слушнале сите затвореници, а кога земјотресот ја отворил вратата од затворот и кога оковите паднале од ѕидот, Павле и Сила имале доволно влијание да ги наговорат затворениците да не побегнат. Никој не знае како им успеало тоа. Можеби и затворениците, како и стражарот, сфатиле дека натприродни сили биле на дело.
Стражарот одговарал за затворениците со сопствениот живот, па кога ја видел отворената врата, бил поподготвен самиот да си го одземе животот отколку да се соочи со јавно понижување, мачење и болна смрт. Ја грабнал својата сабја за да заврши со тоа.
„Но, Павле викна со силен глас и рече: ’Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!‘ А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила; па, откако ги изведе надвор, рече: ’Господари, што треба да направам, па да се спасам?’ А тие му одговорија: ’Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!‘ И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во куќата негова. Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога“ (Дела 16,28-34).
Во овој краток извештај се наоѓаат многу необични и возбудливи подробности. За стражарот, кој не ја познавал еврејската традиција, збиената верзија на пораката не гласела дека Исус е Месија, туку дека Тој е Господ. Тоа станало доста очигледно меѓу темните урнатини на затворот. „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ Или, со други зборови: „Својата преданост и верност посвети ги на Господа Исуса…“ Стражарот веднаш го собрал своето семејство и слугите. Додека Павле и Сила ги поучувале, тие им ги чистеле раните што ги здобиле во текот на камшикувањето. А тогаш, сред ноќ, тивко заминале на местото за молитва покрај реката каде што целото семејство било крстено. Потоа тивко се вратиле назад и биле исполнети со радоста на Светиот Дух додека го делеле заедничкиот оброк во неговиот дом (кој, најверојатно, се наоѓал веднаш покрај затворот). Тоа мора да била најубавата и најневеројатната ноќ што некој од нив ја доживеал.
Чуму толкаво брзање со крштавањето?
Изгледа чудно што крштавањето не можело да чека до утредента, или подолго, додека тие не се потврдат во познавањето на основните упатства и учења. Место тоа, биле крстени истата ноќ. Во таа пригода, кандидатите за крштавање најверојатно немале никакво предзнаење за основната тема на еврејските свети списи.
Крштавањето во новозаветно време се изведувало со целосно потопување на личноста во вода (Јован 3,23; Матеј 3,16), и имало длабоко симболичко значење.
Во своето обраќање до народот пред храмот во Ерусалим, Павле кажал дека крштавањето, со кое е крстен тој, претставува чистење од гревот (Дела 22,16).
Во посланието до Римјаните тој покажува дека крштавањето претставува симбол на смртта, погребението и воскресението во новиот живот со Исуса, додека стариот живот останува во гробот (Римјаните 6,2-11). Како следна илустрација, тој споменува ослободување од ропство. Секој Евреин веднаш би помислил на излегувањето од Египет кога поминале низ Црвеното Море. Во 1. Коринќаните 10,1-2 тој ја користи токму таа слика за да зборува за крштавањето. Така крштавањето претставува и излегување – егзодус – и нов почеток, при што човекот е ослободен од сето она што го ограничувало порано. Силата на фараонот била скршена кај Црвеното Море. Силата на гревот и сатаната се кршат за време на крштавањето.
Текстот во Колошаните 2,12, кој исто така зборува за крштавањето како симбол на смртта и воскресението, се сосредоточува повеќе на силата на воскресението. Во текот на крштавањето, со вера, се среќаваме со истата Божја сила која го подигнала Исус од мртвите. Во претходната лекција видовме на кој начин крштавањето е поврзано со примањето на Светиот Дух. Проштавање на гревовите, спасение, слобода, нов почеток, Светиот Дух… можеби и не е чудо што Павле толку брзал да го крсти ова семејство, веднаш штом донеле одлука да го сторат тоа. Кој можел да знае што ќе биде утре?
Крштавањето, Духот и радоста
Стражарот и неговото семејство не биле ни први ни последни кои биле исполнети со длабока радост која потекнува од присуството на Светиот Дух и која се јавува како резултат на крштавањето. Забележете го доживувањето на радоста кое е опишано во следниве пасуси
„…Веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога“ (Дела 16,33.34).
„Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: ’Луѓе браќа, што да правиме?’ Стражарот и неговото семејство не биле ни први ни последни кои биле исполнети со длабока радост која потекнува од присуството на Светиот Дух и која се јавува како резултат на крштавањето. Забележете го доживувањето на радоста кое е опишано во следниве пасуси:
„…Веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога“ (Дела 16,33.34).
„Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: ’Луѓе браќа, што да правиме?’ А Петар им рече: ’Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух. Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог… И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце“ (Дела 2,37-39.46).
„И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и евнухот, и го крсти. А кога излегоа од водата, Духот Свети се симна над евнухот, а Филип беше грабнат од ангел Господов, па евнухот веќе не го виде. Тој радосно го продолжи својот пат“ (Дела 8,38-39).
„А учениците се исполнија со радост и Дух Свети“ (Дела 13,52).
„А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува“ (Римјаните 15,13).
„А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност“ (Галатјаните 5,22-23).
„И вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух“ (1. Солуњаните 1,6).
Исклучок претставувало нешто што се случило во Самарија. Тамошните ученици биле крстени, но сè уште не го примиле Светиот Дух.
„Кога слушнаа апостолите што беа во Ерусалим дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив Петар и Јован. Тие, штом слегоа, се помолија за нив за да го примат Духот Свети. Зашто сè уште не беше слегол ниту на еден од нив, а само беа крстени во името на Господ Исус. Тогаш апостолите положија над нив раце и тие Го примија Светиот Дух“ (Дела 8,14-17).
Кога се крстил Корнелиј, тоа се случило по обратен редослед..
„Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото. А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците, зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече: ’Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?’ И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос“ (Дела 10,44-48).
Бог не е ограничен со човечките правила. Во исто време, тој на првите христијани им покажал како се поврзани тие работи. Било да е крштевањето без Духот или Духот без крштавање, треба да се замеша црквата пружајќи поддршка за да можат верниците во целост да ја доживеат радоста што им ја наменил Бог.
Повторно слободни
Извештајот за посетата на Филипјаните веќе е доволно драматичен, но работите стануваат уште подобри.
„А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: ’Пушти ги оние луѓе!’ Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: ’Градските судии пратија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!’ Но Павле им рече: ’Зарем откако нас, римски граѓани, нè биеја пред народот без суд и нè фрлија в затвор, сакаат сега тајно да нè пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нè изведат!’ Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се уплашија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани. И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од градот. А тие, штом излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа“ (Дела 16,35-40).
Христијаните во овој град ќе станат некои од неговите најважни помошници при подоцнежната работа. Всушност, само неколку седмици подоцна, тие му пратиле помош на Павле во Солун. Продолжиле да го поддржуваат до крајот на неговиот живот. Подоцна, кога црквата во Филипи се зголемила, тој им напишал писмо полно со радост и љубов, во кое им се заблагодарува на нивната поддршка.
„А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се умножува во ваша полза. Добив сè и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафродит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога. Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус. А на Бога, нашиот Отец, слава во вечни векови. Амин! (Филипјаните 4,15-20)
Доколку сакате да добиете диплома на крајот од овој курс, треба да се регистрирате, да ги прочитате сите лекции на курсот и да ги изработите сите тестови, а потоа ќе ви ја врачиме дипломата.