23. Откријте ја благосостојбата
Судење и извршување
Најпознатото судење и погубување од дамнешното минато, освен Исусовото во првиот век по Христа, било Сократовото во 399 г. пред Христа во Атина, малку повеќе од 400 години пред Христовото распетие.
Теолозите воочиле некои интересни сличности меѓу овие две судбини. Обајцата со своето учење ја плашеле власта. На обајцата им било наместено судењето. Обајцата биле обвинети за безбожност. Обајцата имале предани следбеници. Иако обајцата, и Сократ и Исус, можеле да побегнат, доброволно се согласиле на смрт.
Секако, тука постојат и многу големи разлики, а најголемата била што, за разлика од Исуса, никој не тврдел дека Сократ станал од мртвите и тоа во тело!
Уште една значајна разлика се однесува на Сократовиот став спрема смртта, телото и душата. Според Платон, кој ги запишал последните зборови на Сократ, осудениот филозоф пред своето погубување минал долго време зборувајќи за лошите својства на телото, тврдејќи дека човечката душа нема да го досегне совршенството сè додека е заробена во тело.
„Нашето тело“, рекол Сократ, „нè исполнува со љубов, желби и стравови и сите видови илузии како и со големо количество безумности, што доведува до тоа ние буквално никогаш да немаме можност да размислиме за што-годе“.
Различни гледишта
Наспроти тоа, Исус претставува радикално поинакво гледиште за човековото тело. Како што веќе проучувавме, идејата за независна, свесна, бесмртна душа не потекнува од Библијата. Наместо тоа, историчарите можат да докажат дека, почнувајќи од Платон и неговите учења, идејата за бесмртната душа – која е туѓа за Библијата – се вовлекла во христијанското размислување, каде што е присутна и денеска. Иронијата е во тоа што Платоновото гледиште за душата и телото има поголемо влијание на христијанството од самата Библија!
На пример, Библијата не само што јасно говори дека Бог го создал човечкото тело, туку и дека тоа било добро.
Многу мудреци на стара Грција го застапувале сфаќањето за падот во тело [т.е. телесноста на човекот како последица на моралниот пад]. Христијанскиот концепт, напротив, е пад на телото [зашто човекот од Бога добил тело и пред да згреши]. За мнозина Грци, телото било нешто од што треба да се ослободи, нешто зло, што човечките души го добиваат поради престапот. Ова е туѓо за Библијата, и за еврејското и христијанското размислување кое телото го гледа како ремек-дело на чудесното Божје создавање. Божјата намера била да имаме тело. Уште повеќе, физичкото тело е суштински дел од човечката природа. Меѓутоа, кога се појавиле гревот и смртта, тоа влијаело на светот на природата – вклучувајќи ги и нашите тела. Како и на целокупното наше опкружување, и на нашите тела им е потребно спасение.
Расипаност
Несомнено е дека целото наше битие, вклучувајќи го и телото, во голема мера е оштетено од гревот, кој ја нападнал целата планета како мaлигно заболување. Никој не може да ја избегне таа тажна стварност. Меѓутоа, сфаќањето според кое телото е лошо само по себе радикално се разликува од сфаќањата дека нашето тело – кое Бог го создал во почетокот – е оштетено и изобличено со гревот. Ова последно сфаќање е библиско, а претходното е чист паганизам.
Освен тоа, откако Бог ја создал Ева, „коска од моите коски, и плот од мојата плот“ (1. Мојсеева 2,23), тие станале маж и жена, и што сториле?
Во светлината на овие текстови, тешко е човековото тело – човековото месо – да се набљудува поинаку од тоа дека е добро само по себе.
Меѓутоа, некој може во Библијата да најде стихови кои зборуваат негативно за телото, но само во смисла на телесноста на паднатото тело – нашите расипани желби, кои се лоши и можат да водат кон губење на вечниот живот. Тоа е сепак поинакво од сфаќањето дека телото, само по себе, како и желбите на телото – кои се Божји дарови – е наследено зло.
Тоа не е точно.
Бог на луѓето им дал, на пример, дар на сексуалност. Самиот тој дар не е зло. Меѓутоа, кога некој ќе го злоупотреби тој дар и, на пример, злоставува некое дете, самиот чин е зло. Тој чин, меѓутоа, не значи дека самата сексуалност – каква што ја дал Бог – е зло. Не, таа не е тоа.
Исус и исцелувањето
Најголемиот доказ што го имаме дека човечкото тело е добро, може да се најде во времето што го минал Исус исцелувајќи ги луѓето. Ако нашите тела се наследно зло, зошто Исус би минал толку време обновувајќи ги? Всушност, проценето е дека 20% од Евангелието опишува како Исус ги исцелува од болест скршените тела на луѓето.
Всушност, кога Исус ги кревал луѓето од мртвите, Тој ги подигнувал во тело – што е уште еден доказ дека телото не е зло, ниту лошо, иако е расипано и оштетено.
Нема сомеж дека нашите тела се дар од Бога.
Од една страна, многу луѓе го злоупотребуваат своето тело, но тоа не значи дека телото е зло, еднакво како што ни водата не е зла затоа што луѓето ја користат за да произведат алкохол, поради кој пијаните возачи убиваат луѓе.
Купени скапо
Што значат овие стихови? Од една страна, лесно можат да се разберат – не сте барале да се родите. Самите себеси не сте се создале. Бог ве создал. Да не е Тој, ни вас не би ве имало тука. Која е цената за тоа?
Токму поради олку висока цена, што ни е речено дека треба да правиме?
Тоа значи дека ние – нашето тело, нашите мисли, нашиот ум – сето тоа му припаѓа на Бога. Затоа треба да го прославуваме Бог, а не своето тело да го користиме за грев. Токму тука почива причината за грижа за физичкиот аспект на човекот. Знаејќи дека нашето тело е Божји храм, и дека ни е речено да го прославуваме Бога во своето тело, има смисла дека треба да се грижиме за своето здравје и да се грижиме за своето тело на начин кој ќе го прославува Бога.
На кој начин е попрепорачливо да се прославува Бог – со злоупотреба на своето тело со дроги, алкохол, тутун, нездрава храна и лоши животни навики – или со умерен и урамнотежен начин на живот, кој ќе ни помогне да бидеме што е можно поздрави?
Несомнено, сè додека сме овде – во паднато тело – ќе се соочуваме со болести и – доколку не бидеме живи за време на Христовото враќање – со смртта.
Меѓутоа, токму поради тоа што нашето тело е дар од Бога, ние имаме морална обврска да се грижиме за него на најдобар можен начин. Како што подароците што ги изработиле нашите пријатели со свои раце имаат дополнителна вредност, така е и со нашето тело – тоа е дар кој со своја рака го изработил Бог.
Иако самата Библија не претставува никаков вид на систематска студија за здравјето, од неа можеме да преземеме некои општи начела кои можат значајно да го подобрат нашиот живот на Земјата.
Исхрана
Последниве години, особено во западните земји, дојде до големо зголемување на болестите кои се непосредно поврзани со начинот на живот. Медицинските стручњаци повторно укажуваат на исхраната како клуч за доброто здравје. Во голем број случаи – за која било болест и да станува збор – дијабетес, рак, болести на срцето, или некое друго заболување – се забележува дека препораките за исхраната кај сите овие болести се слични: многу овошје, интегрални жита, зеленчук и јаткасти плодови, наспроти исхраната богата со заситени масти. Треба само да се побара најдобриот можен начин на исхрана, и иако програмите на исхрана донекаде се разликуваат, многу почесто нагласокот се става на овошјето, зеленчукот и интегралните жита отколку на што било друго.
Каква исхрана им е дадена на луѓето во почетокот, пред падот во грев? Во голема мера, станува збор за истиот тип исхрана што се препорачува и денес.
Бог на луѓето им дал вегетаријанска исхрана – онаа за која медицинската наука тврди дека е најздрава.
Дали тоа е случајност?
Библијата не заповеда да бидеме вегетаријанци, туку едноставно станува збор за тоа дека ни е даден пример од Едем, кој укажува на идеалната исхрана. Вистина е дека, по потопот, толку многу бил уништен живиот свет што на луѓето им е пружена идеална можност да јадат и месо, иако тоа не било идеално за јадење.
Додека Ное се подготвувал да ги внесе животните во бродот, погледнете ја разликата меѓу видовите животни кои влегле во него.
Ова е значајно бидејќи, многу подоцна, во списите што им се дадени на Евреите, а се однесуваат на животните кои можат да се јадат и оние кои не треба да се јадат, Бог ја објаснил разликата меѓу чистите и нечистите животни. Меѓутоа, она што во овие стихови во 1. Мојсеева покажуваат дека разликата меѓу чистите и нечистите животни постоела и пред создавањето на еврејската нација. Тоа значи дека таа не била важна само за Евреите. Затоа многу луѓе, иако не се вегетаријанци, не јадат нечиста храна, која главно ја сочинуваат мршојадци. Освен тоа, Исус не умрел за да ја направи нечистата храна чиста! Тој умрел за нечистите луѓе – грешниците – за да бидат чисти и да живеат чист живот.
Здрав начин на живот
Иако е речено дека ние сме она што го јадеме, тоа не е сосем точно. Исхраната е значајна за здравјето – но таа не е единствениот важен фактор.
Кога Бог ги создал Адам и Ева, каде ги поставил?
Врз основа на некои изнесени содржини овде, можат да се извлечат здравствени принципи – принципи кои ги поткрепуваат и откритијата на медицинската наука.
Напомена: Адам и Ева требало да работат во градината; тоа е тогаш вежбање. Медицинската наука покажува дека вежбањето е клучно за одржување на здравјето. Но, на оние кои веќе имаат некој здравствен проблем, потребен им е совет од лекар. Навистина, вежбањето е многу значајно за здравјето.
Живеејќи во градината, Адам и Ева имале предност да уживаат на свеж воздух и сонце, а тие претставуваат два важни фактора за стекнување добро здравје. Меѓутоа, со сонцето, колку и да е значајно, не смее да се претерува. И овде можат да бидат корисни советите на лекарите за да се дознае колку изложувањето на сончевите зраци е полезно за постигнување добро здравје. Што се однесува до свежиот воздух – колку повеќе толку подобро!
Здрав разум
Погледнете го овој текст:
Зар е можно да се прославува Бог со она што го јадеме и пиеме? Така пишува; на што точно и да мислел Павле, тој овде секако го имал на ум и сфаќањето според кое, со она што го јадеме и пиеме, можеме да го прославиме Бога, зашто со тоа влијаеме на телото што Тој ни го доверил. Прекрасно! Не станува збор само за тоа дека алкохолот, дрогите и тутунот се штетни за човекот, туку е и тешко да се замисли вистински христијанин како седи на шанк, пие пиво, пуши цигара и зема џоинт, а во слава Божја.
Тоа, едноставно, не може да се спои.
Исто така, Библијата ја прикажува употребата на алкохолот во лоша светлина. Тоа не зачудува, зашто кој не видел какво разорно влијание има алкохолот на оние кој ќе се навикнат на него! Особено е важно да се има на ум дека личноста која ќе го испие својот прв пијалак не може да знае дали има склоност кон алкохолизам.
Во текот на хипи ерата, во 1960-тите години, Тимоти Лири стана икона на движењето на уживателите на дрога. Тој ја сковал познатата фраза „Откачи се, приклучи се, биди поинаков“ („Turn on, tune in, drop out.“)! Повеќе од кој било друг, тој придонел за популарноста на употребата на дрогата, особено на ЛСД. Многу години подоцна, кога веќе не бил во медиумите, неговата ќерка опишала како изгледало да се расне опкружен со дроги. Интересно е што таа вели дека ниедна од дрогите што ги имало во нивната куќа – хероин, марихуана, ЛСД, кокаин итн. – немала толку разорно дејство како алкохолот!
Со оглед на тоа што Библијата силно ја нагласува потребата да водиме сметка за своето тело бидејќи е Божји храм, а имајќи предвид дека алкохолот е ментално и физички штетен, најпаметно и најбезбедно е воопшто да не се користи, како ни тутунот ни производите од тутун. Не дозволувајте да ве прелаже она во што има алкохол. Алкохолот е отровен. Некои советуваат, заради добро здравје, да пиеме алкохол од ферментиран сок од грозје – вино! Грозјето е здраво, но алкохолот и понатаму е отров кој создава зависност и е смртоносен.
Релаксација
„Сладок е сонот за оној, кој се труди, – па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие“ (Проповедник 5,12).
Секако, не ни е потребна медицинската наука за да знаеме колку сонот е здрав и корисен за човечкото тело – и ментално и физички. Кој не го доживеал чудесниот феномен животот да му е поубав по добро ноќно спиење?
Исто така, како што проучувавме, физичкиот одмор што го добиваме в сабота може да биде прекрасен начин да го подобриме и да го одржиме здравјето.
Нам ни е заповедано – исто и како „не убивај“ – секоја сабота, која е одредена за тоа, да одмораме од својот седмичен труд. Студиите покажале исклучителни предности, и физички и ментални, од паузирањето од работа. Да си признаеме себеси: кој меѓу нас не би работел, во лудава трка по пари, седум дена неделно само за да напредува во кариерата, макар и да умре пред да го постигне тоа?
Доверба во Бога
Една од најчудесните, а сè уште недоволно сфатени особини на човекот е врската меѓу умот и телото. Нашите мисли, нашите расположенија, нашите ставови без сомнеж влијаат – и тоа силно – на нашето физичко здравје. Колку мислите се понегативни, толку понегативно влијаат на телото. Иако постојат разни теории во поглед на начинот на кој функционира оваа врска, едно е сигурно – таква врска постои. Нашиот ментален став влијае на нашето тело, било да е тоа влијание добро било лошо.
Тогаш, колку е важно да имаме доверба во Бога, да се потпираме на Неговите ветувања; колку е значајно не само да веруваме во Бога и во Неговата љубов, туку и да ги искусиме, како и душевниот мир што го носи тоа искуство!
Исус тоа го изразил на најдобар начин:
Несомнено е дека сите имаме проблеми, сите се бориме и сите сакаме да промениме нешто во својот живот. Исто така, несомнено, сите имаме многу работи на што треба да бидеме благодарни, и поради кои се радуваме. Колку е важно секој ден, на секој можен начин, сосредоточени на она што е добро во животот, да го славиме Бога и да му благодариме за благословите што ни дал! Исто така, треба да имаме на ум дека овој свет не е нашето конечно одредиште и дека нас, што и да се случи овде, колку и да биде ужасно тоа, Бог нè повикува да живееме од ден на ден.
Слично на некое современо медицинско списание, Библијата вели:
Рамнотежа
Бог сака да имаме што е можно подобро здравје.
Долгорочно гледано, начинот на живот што сме го избрале може да ни помогне во приближувањето на овој идеал.
Сепак, треба да бидеме урамнотежени во овој стремеж, имајќи ги на ум зборовите на Павле:
Нас не нè спасува фактот дека нешто (не) правиме, или (не) јадеме или (не) пиеме, или колку и дали воопшто вежбаме. Нас нè спасува праведникот Исус, кој ги покрива нашите гревови и ни дава нов живот во Него. Колку и да е корисен здравиот начин на живот, никогаш не смееме да заборавиме дека здравиот начин на живот, заснован на библиските принципи, не е средство за спасение. Тоа е, наместо тоа, израз на благодарност за спасението.
Можеби сме во искушение да мислиме дека нашите животни навики немаат многу врска, или воопшто немаат со големата борба во која учествуваме. Не лажете се! Токму преку храната Злосторникот го проширил бунтот против Бога на планетата Земја (да се види 1. Мојсеева 2,17 и 3,1-4). Се поставува прашањето кому вие му верувате. Во кого имате доверба? Ова е сржта на целава оваа епопеја. Тоа е и сржта на вашиот живот.