21. Може ли мнозинството да згреши?
Во шеснаесеттата лекција видовме колку саботниот одмор е важен за човекот кој живее со современ, забрзан начин на живот. Бог ја разбира секоја наша потреба и затоа го определил седмиот ден за телесен одмор и духовно освежување. По шест дена создавање, Бог седмиот ден „се одморил“, го „благословил“ и го „осветил“ (1. Мојсеева 2,1-3). Кога на својот народ им ги дал Десетте заповеди, Бог во средината на својот Закон ја ставил заповедта за празнување на седмиот ден – саботата (2. Мојсеева 20,8-11). Според оваа заповед, саботата е спомен на Божјата творечка сила, тоа е ден кога треба да се застане и да се размисли за убавините и чудата на светот што Тој го создал, ден кога треба да се одмориме и да му се приближиме на нашиот Творец.
Во текот на својот живот на Земјата, Исус исто така ја празнувал саботата (Лука 4,16), и ја потврдил како христијански празник (Марко 2,27.28). На неколку места во книгата Дела на апостолите јасно пишува дека Исусовите ученици ја празнувале саботата и по Неговото воскресение (Дела на апостолите 13,14; 16,13; 17,2; 18,1-4.11).
1. Прашање што збунува
Ова нè доведува до прашањето кое мнозина ги збунува. Христијанскиот свет веќе подолго време празнува два различни дена. Од една страна, мноштвото христијани искрено го празнуваат првиот ден на седмицата како спомен на Христовото воскресение. Од друга страна, голема група христијани, исто така искрени, веруваат дека Библијата наложува празнување на саботата – седмиот ден на седмицата – и дека никаде не се потврдува светоста на неделата.
Дали е важно во кој ден на седмицата се одмораме? Како искрени верници и луѓе кои жеднеат за вистината, секогаш мораме да се прашуваме: Што е важно за Исуса? Што сака Тој да правам? На крајот, сакаме да се увериме дали ја следиме библиската вистина и Божјите наредби. „Ете го патот, врвете по него“ (Исаија 30,21).
За да решиме, мораме да разјасниме неколку важни прашања: Кој ја сменил саботата во недела, седмиот ден во првиот ден на седмицата? Дали Библијата ја потврдува ваквата промена? Ако ја потврдува, кој ја извршил оваа промена – Бог, Христос, апостолите или можеби некој друг? Да ги разгледаме сите овие можности во продолжение.
2. Дали Бог ја извршил промената?
Дали постојат докази дека Бог го променил седмиот ден, сабота, во првиот ден, недела? Повеќето христијани ги прифаќаат Десетте заповеди како веродостоен водич во животот. Бог преку Мојсеја му ги дал на својот народ на Синај. Мојсеј подоцна вака ќе ги потсети Евреите:
Десетте заповеди се единствената порака која Бог лично му ја напишал на човештвото. Тие се толку важни што Тој со сопствениот прст ги напишал на камените плочи (2. Мојсеева 31,18). Во четвртата заповед Бог вака го учи човекот:
На крајот од седмицата на создавањето, Бог ја издвоил саботата како Господов ден: (1) во сабота одморил по создавањето; (2) ја благословил; (3) ја осветил (1. Мојсеева 3,1-3). Бог повторно, на Синај, кога ги давал Десетте заповеди, ги потврдил овие вистини.
Во таа пригода ги предупредил Израелците дека ниедно човечко суштество не смее да ги менува, ниту да ги дополнува упатствата што излегле од Неговата света уста.
Самиот Бог дал збор дека нема да менува ниедна од своите заповеди:
Библијата јасно вели дека Бог не ја променил саботата – денот за одмор – од седмиот во првиот ден на седмицата.
3. Дали Исус ја извршил промената?
Според Исусовите зборови, Десетте заповеди и начелата од Стариот завет не се менливи, туку остануваат траен водач за Неговите следбеници:
Исус доследно ја празнувал саботата. Тој е наш пример за држење на саботата.
Гледајќи во иднината, Исус сакал Неговите ученици да продолжат да ја доживуваат радоста на вистинското празнување на саботата. Тој ги поучил да се молат за да не мораат за време на опсадата на Ерусалим да бегаат во сабота:
Исус овде зборува за разорувањето на Ерусалим, кое и се случило 70 години по Неговото раѓање, речиси четириесет години по Неговото воскресение. Исус не ја сменил заповедта за саботата, како ни која било друга заповед. Тој, напротив, го повикал богатото момче да ги извршува Десетте заповеди (Матеј 19,16-22). Од Исусовата наука и пример останало јасно дека саботата денес ни е потребна и нам за одмор, за отпуштање и дружење со Бога.
4. Дали апостолите ја извршиле промената?
Апостол Јаков, првиот водач на христијанската Црква, пишува за Десетте заповеди:
Лука, лекар и евангелист во раната Црква, известува вака:
Павле, апостол на незнабошците, кој го напишал поголемиот дел на Новиот завет, потврдува:
Во новозаветната книга Дела на апостолите се забележани 84 случаи на празнување на саботата од страна на апостолите, а сè тоа 14 години по Исусовото воскресение:
Дела на апостолите 13,14.42.43 (02) саботи во Антиохија
Дела на апостолите 13,13 (01) сабота во Филипи
Дела на апостолите 17,2 (03) саботи во Солун
Дела на апостолите 18,4.11 (78) саботи во Коринт
Вкупно: празнувале, односно опишале, празнување на 84 саботи.
Јован, апостол кој живеел најдолго, напишал пет библиски книги, едно евангелие, три посланија и пророчката книга Откровение. Умрел околу 100 година, седумдесетина години по Христовото воскресение. Интересно е дека тој никаде во своите списи не го спомнува менувањето на саботата, седмиот ден, во првиот ден на седмицата. Напротив, самиот Јован ја запазувал саботата. „Во Господов ден бев во Духот…“ (Откровение 1,10).
Според Исусовите зборови, денот Господов е само саботата:
Со проучување на библиските текстови дознаваме дека апостолите не се ни обиделе да го сменат Божјиот ден на одмор од седмиот на првиот ден од седмицата. Во Новиот завет првиот ден на седмицата се спомнува само осум пати. Неделата ниеднаш не се спомнува како свет ден, ниту може да се претпостави дека неделата треба да се прифати како ден за богослужение.
Внимателна анализа на осумте стихови кои го спомнуваат првиот ден на седмицата ги открива следниве случувања:
- Жените дошле на гробот првиот ден во седмицата (Матеј 28,1).
- „А кога мина саботата“, значи, во недела, првиот ден од седмицата, жените ги продолжиле своите световни работи (Марко 16,1-2).
- Исус прво ѝ се покажал на Марија Магдалена, рано, првиот ден во седмицата (Марко 16,9).
- Исусовите следбеници ги продолжиле своите секојдневни активности (Лука 24,1).
- Марија отишла на Исусовиот гроб во првиот ден на седмицата и видела дека е празен (Јован 20,1).
- Учениците првиот ден во седмицата се собрале „поради страв од Јудејците“ (а не на богослужение) (Јован 20,19).
- Апостол Павле молел секој верник да одвои дел од своите средства првиот ден во седмицата за сиромашните во Ерусалим (1. Коринќаните 16,1-2). Никаков верски собир не се спомнува во тој дел од текстот.
- Во Дела на апостолите 20,7 апостол Лука бележи дека Петар проповедал првиот ден во седмицата на непланирана разделба. Треба да се нагласи дека тој проповедал секој ден, а апостолите секојдневно го кршеле лебот (Дела на апостолите 2,46).
Во ниеден од овие стихови не се спомнува дека апостолите имале намера да престанат да го држат седмиот ден, саботата. Тие не спомнуваат промена на саботата во недела. Јасно е дека нема новозаветни докази за промената на сабота, седмиот ден во седмицата, во недела, првиот ден од седмицата. Промената се случила по Христа и апостолите, па затоа ќе се свртиме кон историјата да видиме каде и како се одиграла оваа промена.
5. Од каде потекнува неделата?
Апостолите јасно нè предупредуваат дека некои верници ќе отстапат од науката на новозаветното христијанство. Апостол Павле рекол:
Токму тоа и се случило. Историјата јасно забележува како Црквата почнала да ја остава чистата апостолска наука. Обичаите и верувањата кои апостолите Петар, Павле и други втемелувачи на христијанството никогаш не би ги прифатиле, полека се вовлекле во Црквата.
Замената на празнувањето на саботата со неделата се случила дури по канонизацијата на Новиот завет и смртта на апостолите. Историјата бележи дека христијаните веројатно тогаш го поместиле празнувањето и одморот од седмиот на првиот ден во седмицата.
Секако, верниците не престанале да ја празнуваат саботата, седмиот ден, одеднаш, во определен викенд, ниту едновремено почнале да ја празнуваат неделата како ден Господов. Најраниот сигурен случај на празнување на неделата од страна на христијаните се случил во Италија, кон средината на вториот век по Христа. Долго време по тоа, многу христијани ги празнувале двата дена додека другите ја запазувале само саботата.
Византискиот цар Константин Велики на 7 март 321 година, го издал првиот граѓански неделен закон присилувајќи го народот, освен земјоделците, да се одмораат во недела. Овој, како и останатите пет Константинови граѓански закони, кои се однесувале на неделниот одмор, останале преседан во граѓанското законодавство во поглед на озаконување на неделата, сè до денес. Во четвртиот век соборот во Лаодикеја им забранил на христијаните да се воздржуваат од работа во сабота. Ги поттикнувал, колку било можно, да ја слават неделата како ден Господов.
Историјата покажува дека празнувањето на неделата е уредба што ја донел човек. Библијата не го одобрува изоставањето на седмиот ден, саботата, од четвртата заповед. Пророкот Даниел во Стариот завет претскажал дека во периодот на христијанската историја силите на измамата ќе се обидат да го променат Божјиот закон.
6. Кој ја извршил промената?
Кој го вовел службеното празнување на неделата, првиот ден? Католичката црква тврди дека таа го сторила тоа. Во обид да придонесат за спречувањето на пропаѓањето на Римското царство, црковните водачи направиле компромис, менувајќи го денот за богослужение од сабота во недела.
Катихизмот на Римокатоличката црква учи:
„Прашање: Кој е саботен ден?
Одговор: Неделата е саботен ден.
Прашање: Зошто празнуваме недела место сабота?
Одговор: Ние празнуваме недела место сабота затоа што Католичката црква… светоста од саботата ја пренела на недела“ (The Convert’s Catechism of Catholic Doctrine, издание 1957. стр. 50).
Американското списание „Католик мирор“ (Catholic Mirror, септември, бр. 23,1893) нагласува:
„Католичката црква, повеќе од илјада години пред реформацијата, поради свое божествено послание, ја сменила саботата во недела“.
Еве уште две тврдења на римокатоличките водачи:
„Можете да ја читате Библијата од Постанокот до Откровението и никаде нема да најдете ниеден стих кој ја потврдува светоста на неделата. Светото писмо го потврдува празнувањето на саботата, ден што ние никогаш не сме го осветиле“ (Kardinal James Gibbons; The Faith of Our Fathers, p. 89).
„Католичката црква, според овластувањето од Исуса Христа, го пренесе одморот на недела како спомен на воскресението на нашиот Господ. Затоа протестантите со празнувањето на неделата го искажуваат почитувањето на авторитетот на Католичката црква и противречат сами на себе“ (Louis Gaston de Segur, Plain talk About Protestantism of Today, p. 225).
Не постои ништо појасно. Католичката црква гордо изјавува дека промената ја направиле луѓе, црковни водачи. Христос не ја овластил Црквата да го менува неговиот Закон.
7. Што велат протестантските цркви?
Документите кои ја изнесуваат официјалната доктрина на неколку протестантски цркви се согласуваат дека Библијата не го одобрува празнувањето на неделата.
Мартин Лутер, основач на Евангелистичката црква, напишал во Аугсбургшката конфесија, член 28 точка 9:
„Тие (римокатолиците) тврдат дека ја промениле саботата во недела, спротивно на Декалогот (Десетте заповеди)… Нема поголем пример за самофалење од промената на саботниот ден. Голема е, велат тие, силата и овластувањето на Црквата, затоа што отстранила една од Десетте заповеди…“
Методистичките теолози Амос Биани и Даниел Стил забележуваат:
„Вистина е дека не постои ниту една заповед за крштавање на бебиња… ниту постои каква било заповед за празнувањето на првиот ден во седмицата“ (A True History of the Christian and the Christian Church p. 417.418).
Доктор Н. Самберсел, историчар на Учениците Христови или Христијанската црква, пишува:
„Римокатоличката црква во целост отпадна… Таа ја смени четвртата заповед, исфрлувајќи ја саботата од Божјата реч и воспоставувајќи ја неделата како свет ден“ (A True History of the Christian and the Christian Church p. 417.418).
Водечкиот протестантски историчар Augustus Neander пишува:
„Неделната свеченост, како и другите празници, секогаш биле само човечки уредби, и апостолите немале намера да прогласат заповед со ваква содржина за божествена, далеку од тоа, ниту раната Христијанска црква имала намера да ја пренесе заповедта од сабота на недела. Веројатно кон крајот на вториот век почнала да се случува оваа замена на саботниот одмор со лажен, зашто изгледа дека луѓето во тоа време работењето во недела го сметале за грев“ (Dr Augustus Neander: The History of the Christian Religion and Church During the Three First Centuries, p. 186).
8. Кое е клучното прашање?
Ова нè соочува со прашањето: Зошто тогаш многу христијани ја празнуваат неделата без библиска потврда? И што е уште поважно: Кој ден јас ќе го празнувам? Дали ќе ги следам оние што велат: „Мислам дека е сеедно кој ден во седмицата го празнувам“; или ќе го празнувам денот што Бог го определил во Десетте заповеди – седмиот ден, саботата?
Не се занимаваме само со прашањето за формално празнување, туку со прашањето кој ден е библиски исправно да се празнува. Важно е прашањето врзано за послушноста кон Исуса Христа. Тоа ја опфаќа нашата преданост: Кого ќе го послушам? Дали ќе го послушам? Дали ќе го слушам Исуса, Божјиот Син, или при изборот на денот за одмор ќе се приклонам кон човечките обичаи?
Бог не ги менува своите уверувања. Тој при создавањето и давањето на Десетте заповеди имал причина да бара од луѓето да ја празнуваат саботата (1. Мојсеева 2,1-3; 2. Мојсеева 20,8-11). Тој самиот одморил во сабота и ја посветил во спомен на својата творечка сила. Нашиот Творец ја одвоил саботата како ден во кој ние и нашите семејства треба да се приближиме кон Него и да примиме сила и освежување.
Некои верници на овие докази одговараат со зборовите: „Јас секој ден го празнувам како свет“. Вистина е дека секој ден треба да го обожаваме Бога во нашето срце. Но факт е дека Бог, сепак, одвоил еден ден со посебна намена – Тој го осветил тој ден. Тој во Сабота ни се приближува на посебен начин, Тој го благословува седмиот ден со својата присутност и очекува од нас да Му го посветиме тој ден.
Дозволете целосна отвореност. Во Библијата нема поткрепа за празнување на неделата. Нема колебање: важно е кој ден го празнуваме! Пред нас стои јасен избор: или човечкото учење или Божјите заповеди. Човечкиот збор или Божјата реч. Човечкиот фалсификат или божествената заповед.
Пророкот Даниел упатува сериозно предупредување на средновековната Црква, која ќе „помислува да ги измени времињата и Законот“ (Даниел 7,25). Бог го повикува својот народ да се врати на вистинското празнување на саботата како симбол на верност и љубов кон Него.
Исус ветува полна радост на оние кои од љубов кон Него ќе ги извршуваат Неговите заповеди:
Ние го имаме возвишениот Спасител. Тој сака и ние во целост да ја доживееме Неговата љубов. Срцето исполнето со доброволна послушност, ширум ќе ја отвори вратата за таа љубов. Христос во Гетсиманската градина сосема се покорил на Татковата волја, иако се соочувал со крстот, додека гревовите на светот го гаснеле Неговиот живот. Извикал: „Отстрани ја од Мене оваа чаша! Но не како Јас што сакам, туку како Ти!“ (Марко 14,36)
Мнозина од оние што ја празнуваат саботата ќе се сложат со оној што рекол: „Откако ја празнувам саботата, мојот живот го обзема таква радост, таков мир, такво задоволство што мојата послушност кон Исуса го промени мојот живот“.
Дали веќе сте ја откриле убавината на саботниот одмор?
Кога некој ќе го послуша Бога и ќе почне да ја празнува саботата, може да се соочи со тешкотии во семејството или на работното место.
Не заборавајте дека Исус може и сака да помогне и да ја даде својата сила за да се решат овие проблеми. Патот можеби не е лесен, но Исус ќе ви даде сила да издржите и да го збогатите своето христијанско искуство. Тој ќе го исполни своето ветување. Тој е со вас и вашата радост ќе биде полна.
„Драг небесен Татко, Ти благодарам што дозволи Исус да умре за јас да добијам вечен живот. Ти благодарам за Твојата реч која ме води во мојот христијански живот. Ти благодарам што ми ја откри вистината за саботата. Помогни ми секогаш да бидам искрен кон Тебе и кон самиот себе. Направи секогаш да бидам на Твојата страна. Направи Исус да биде крај мене во сите тешкотии со кои можеби ќе се соочам и помогни ми секогаш да живеам за Тебе. Те молам во Исусовото име. Амин.“