15. Tајната на среќата
Во 1943 година јапонските окупациски сили сместиле стотици американски и европски „непријателски граѓани“ во еден собирен логор во кинеската покраина Шантунг. Тие таму минувале месеци исполнети со здодевност, понижување, неизвесност и страв. Луѓето со различни карактери постојано се судирале, постоела нетрпеливост меѓу различните природи и навики. Деловните луѓе и мисионерите биле двете најразлични групи луѓе кои не се поднесувале најдобро. Секојдневно се зголемувал бројот на безначајните кавги.
Меѓутоа, еден човек успешно го премостувал јазот меѓу овие две групи, човек кој еден заробеник го опишал како: „Несомнено најбараната, најпочитуваната и најсаканата личност“ во логорот. Тоа бил Ерик Лидел, мисионер од Шкотска.
Една жена, Русинка, подоцна се сеќава дека тој бил единствениот човек во логорот кој направил нешто за неа, а за тоа не барал надоместок. Кога дошла првпат во логорот, сама и напуштена, тој ѝ поставил неколку полици.
Друг заробеник се сеќава: „Тој знаеше на ненаметлив и духовит начин да ги смири скараните страни“.
За време на еден бурен состанок на затворениците, сите сакале да се преземе нешто против нескротливата младина која предизвикувала проблеми. Лидел предложил начин како да се решат проблемите. Организирал спортски натпревар, учење на занаети и часови на разновидна настава, па и самиот почнал да ги поминува вечерите со нив.
Лидел стекнал слава на Олимписките игри во 1924 година, кога освоил медал во трката на 400 метри. Меѓутоа, во овој пренатрупан, мрачен логор излегол како победник во христијанската трка предизвикувајќи восхит и кај најбезбожниот заробеник.
Што го направило толку посебен? Неговата тајна можела да се открие секое утро во шест часот. Тој тогаш тивко, на врвот од прстите, минувал покрај заспаните другари, седнувал крај масата и ја палел светилката да ги осветли Библијата и бележникот. Ерик Лидел секој ден барал милост и сила од богатството на Божјата реч.
1.Водич во христијанското живеење
Библијата е напишана како водич за христијаните. Во неа се наоѓаат записи за вистински луѓе, кои ни се слични нам, а се исправале пред исти предизвици со кои и ние секојдневно се соочуваме. Проучувањето на овие библиски ликови, дознавајќи за нивните радости и таги, за нивните тешкотии и успеси, за нивните потраги по смислата на животот ни помага да созрееме како христијани.
Псалмистот Давид ја отсликува нашата постојана зависност од Божјата реч, Библијата, споредувајќи ја со мала џебна светилка:
Просветлувањето што го добиваме додека ја проучуваме Библијата, ни овозможува да го направиме следниот чекор. Така сигурно напредуваме. Библијата јасно укажува на начелата на духовното растење и на карактеристиките што ни се неопходни во животот. Таа, над сè, ни го открива Христа, Светлината на светот. Животот има смисла само ако го осветлува Христос.
2. Пријателство кое менува
Христос сака Библијата да ни биде многу блиска, како писмо од интимен пријател.
Исус ни ја предал најважната вистина која постои бидејќи ни посакува сè најдобро. Неговата Реч нè воведува во кругот на блиските Божји пријатели, оние на кои Тој им се доверува и лично ги подучува.
За да го искусиме овој мир, што произлегува од довербата во Христа, треба да го прочитаме Писмото од Небото, Библијата. Не оставајте ги овие писма неотворени само затоа што ви се познати и секогаш се крај вас. Пораката за промената што ви е потребна, чека да ја откриете во Божјата реч. Еве карактеристично сведоштво за влијанието на Библијата: „Мене ми беше потребна помош. Таа помош ја најдов во Исус. Секоја моја потреба беше задоволена, заситен е гладот на мојата душа. Библијата за мене е Христово откровение. Верувам во Исуса бидејќи Тој за мене е божествен Спасител. Верувам во Светото писмо, зашто утврдив дека тоа е Божји глас кој ѝ зборува на мојата душа“ (Елена Г. Вајт, Пат во подобар живот, стр. 293).
3. Библијата накусо изразена во Десетте заповеди
Денес имаме цела Библија како водич за здрав, христијански начин на живот. Но пред човештвото да ја добие Библијата, Бог на својот народ, Израел, му ги дал Десетте заповеди како накратко изнесена библиска наука (2. Мојсеева, 20 глава).
Кусиот преглед на Десетте заповеди ќе ни помогне да сфатиме зошто Исус, потоа пророците кои напишале некои од библиските книги и многу современи научници потврдиле дека Десетте заповеди се темел на правилното живеење.
Законот, Десетте заповеди, има два дела. Првите четири заповеди, првиот дел, го определуваат нашиот однос спрема Бога, а вторите шест, вториот дел, го определува нашиот однос спрема другите луѓе. Заповедите се напишани во 2. Мојсеева 20,2-17.
Првите две заповеди го определуваат нашиот однос спрема Бога и верата:
1. „Немој да имаш други богови освен Мене!“
2. „Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш…“
Третата и четвртата заповед го уредува нашиот однос спрема Божјото име и Неговиот свет ден:
3. „Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори Неговото име.“
4. „Помни го саботниот ден, за да го празнуваш. Шест дена работи, и врши ги во нив сите свои работи; а седмиот ден е сабота Господова.“
Петтата и седмата заповед се однесуваат на семејните односи и ги штитат:
7. „Не врши прељуба!“
Шестата, осмата, деветтата и десеттата заповед го заштитуваат човековиот општествен живот:
8. „Не кради!“
9. „Не сведочи лажно против својот ближен!“
10. „Не пожелувај го домот на ближниот свој, не пожелувај ја жената на ближниот свој… ниту нешто друго, што му припаѓа на ближниот твој!“
Десетте заповеди претставуваат суштина на библиската наука; тие го уредуваат нашиот однос и кон Бога, и кон другите луѓе. Тие се јасни насоки во христијанскиот живот.
4. Што рекол Исус за Десетте заповеди?
Еден ден, додека ги подучувал насобраните луѓе, Му пристапил еден младич и го прашал: „Учителе добар, какво добро да направам за да имам вечен живот?“ (Матеј 19,16) Христос видел дека тој се бори со љубовта кон богатството, па го посоветувал да го остави и да „ги пази заповедите“ (Матеј 19,17).
Младичот се обидел да го избегне Христовиот повик, прашувајќи Го на кои заповеди мислел. Исус наброил неколку заповеди: против прељуба, кражба, лажење и непочитување на родителите (Матеј 19,18.19).
„Богатото момче“, сепак, отишло натажено (Матеј 19,20-22). Не сакало да го прифати советот. Тој со својот разум ги прифаќал Десетте заповеди, но не можел да го сфати Духот на законот зашто не го отфрлил себичниот начин на живот.
5. Пат кон среќен живот
Десетте заповеди ги определуваат рамките во кои може да се развива здрав однос со Бога и со луѓето. Затоа Бог преку пророкот Исаија го упатил овој впечатлив повик:
Исус ја истакнал послушноста како пат кон вистинска и целосна радост:
Библијата ги прикажува Десетте заповеди како неменлив, неопходен, совршен водач за среќен живот. Човечкото искуство сведочи за нивната вечна вредност.
Исусовиот глас е посилен од многу кои истакнуваат дека патот кон среќата е поплочен со радосна послушност на Божјите заповеди зашто тие се суштината на целата Библија.
6. Десетте заповеди – незаобиколен старозаветен водач
Книгата Проповедник ја открива потрагата по среќата на Соломон. Тој ја опишува својата потрага по среќата обидувајќи се да ја најде во богатствата на овој свет. Изградил величествени палати и насадил родни лозја, прекрасни градини и овоштарници. Имал многубројни слуги. Бил опкружен со сите материјални богатства што човек може само да ги посака. Но балончето на неговата среќа наеднаш пукнало. Тој вели:
Соломон потоа се свртел кон задоволствата на овој свет, надевајќи се дека ќе ја најде среќата во нив. Се предал на вино, жени и песна. Кога стигнал до крајот на патот и не открил никакво богатство, заклучил:
Движејќи се по слепи улици, Соломон конечно сфатил дека згрешил што привидот го сфаќал како вистина, па заклучува:
Соломон се уверил дека Господ е добар. Споредувајќи го почетокот на својот живот, кога му бил послушен на Бога, со својата безобѕирна трка по среќата во гревот, изјавува:
Соломон мислел дека со неразумен живот може да најде покус пат до среќата. Пред крајот на животот бил доволно искусен да ја признае својата грешка. Ги запишал своите пропусти, надевајќи се дека неговото искуство ќе им помогне на другите да се спасат од истите заблуди. Соломон советува вака: „А кој го пази законот е блажен“ (Мудри изреки Соломонови 29,18).
7. Десетте заповеди – незаобиколен новозаветен водач
Апостол Павле во Новиот завет пишува вака:
Апостол Јаков се придружува на сериозноста на сведоштвото на Павле:
Чарлс Спурџон, голем баптистички проповедник од минатиот век, рекол: „Божјиот закон е свет, небесен и совршен… Во него ниедна заповед не е излишна, ниту некоја недостасува, тие се толку единствени што нивната совршеност е доказ дека имаат божествено потекло“.
Џон Веслеј, еден од втемелувачите на Методистичката црква, вака напишал за трајноста на Моралниот закон: „Моралниот закон содржан во Десетте заповеди, Тој (Христос) не го укинал… Секој дел од законот меѓу луѓето мора да остане на сила за сите времиња“.
Пред неколку години, В. Камерон ја дал следната изјава во разговор за радио: „Постојат некои минимални барања на кои се темели општествениот живот на луѓето, и ако тие се кршат, стабилноста на општеството исчезнува… Најцелосни, најконцизни минимални барања на кои може да опстане општеството се Десетте заповеди…
Ова е основен Закон на кој се втемелени законите во современите држави. Тоа можеме да го кажеме бидејќи тој закон е запишан во човечката природа. Заповедите се израз токму на она што праведните луѓе го чинат, но и на она што тие Закони не можат да го принудат неправедниот човек. Затоа тие се повеќе од заповеди, тие се темел на доброто општество. Анализирајте која-годе од нив и ќе утврдите дека тие се потребна општествена нужност. Ниедна цврста општествена структура не пораснала таму каде што недостасувале некои од овие чинители“.
8. Сила за послушност
Потпирајќи се на Библијата, досега утврдивме дека послушноста кон Бога внесува и го исполнува нашиот живот со среќа. Библијата и Десетте заповеди се неменлив, незаобиколен, совршен водич во среќен живот. Човечкото искуство сведочи за вредноста на библиските вистини.
Сепак, во човечкото срце сè уште се одвива судир. Една госпоѓа тоа вака го изразила: „Верувам дека Десетте заповеди се мерило на животот. Знам, Библијата учи дека треба да се почитуваат, верувам дека повеќето добри проповедници ги прифаќаат како правило на однесување, верувам дека нивното почитување води во среќа. Сторив сè за да се придржувам кон нив, но не можам. Едноставно, не можам да се придржувам, и почнувам да верувам дека никој не може“.
Искуството покажува дека е потешко да се придржуваме кон Заповедите отколку да се верува во нивната вредност. Зошто? На човекот не му е вродено да се придржува кон Законот. Во нашата природа не постои ништо што би можело да нè издигне до совршена послушност на Божјиот Закон:
Човекот се обидува да живее во послушност на Божјиот Закон. Но од внатрешноста на грешното срце секогаш повторно доаѓа обесхрабрувачки одговор: „Не можам!“
За нас, грешниците, постои само еден начин да бидеме послушни на Законот – да ја бараме помошта на Спасителот:
Целта на Законот е да нè доведе со сознанието за сопствената загубеност. Од кои причини?
Решението е Исус! Кога еднаш сосема беспомошни ќе се најдеме крај Исусовите нозе, Тој ни дава сила за бидеме послушни на Законот.
9. Радост во послушноста
Исус истакнал дека послушноста има свој извор во љубовта:
Ако го сакаме Бога, ќе ги слушаме првите четири заповеди кои го уредуваат нашиот однос спрема Бога, а ако ги сакаме луѓето, ќе бидеме послушни на останатите заповеди кои го уредуваат нашиот однос спрема луѓето (види Матеј 22,36-40).
Апостол Павле ја застапува мислата дека љубовта спрема Бога и нашите ближни доаѓа како исход на нашето држење, а не на кршењето на Законите.
Личноста која ги крши Десетте заповеди греши:
Му благодариме на Бога што го имаме Спасителот кој дошол на овој свет, умрел, воскреснал и сега живее само со една цел:
Нашиот Спасител ги простува гревовите и ја отстранува нашата грешна природа:
Тој ни ја ветува својата љубов како извонреден лек против себичноста:
Ние немаме природна склоност да го држиме Божјиот Закон. Напротив, нашиот грешен ум го отфрлува (Римјаните 3,10). Божјата љубов, излеана во нашите срца, претставува наша единствена надеж зашто оној: „Кој го љуби другиот, го исполнува Законот“ (Римјаните 5,5; 13,8). Љубовта е движечка сила во христијанскиот живот. Бидејќи го сакаме Бога, природно е да сакаме да го послушаме, „зашто Христовата љубов нè опфаќа“ (2. Коринќаните 5,14).
10. Божјата милост и послушноста на Законот
Спасението е дар. Ние не можеме да го заработиме. Можеме само да го прифатиме со вера. Оправдувањето (пријателството со Бога) го примаме по вера само како дар на Божјата милост.
Ние не можеме да ги држиме заповедите со сопствени напори. Не можеме да ги држиме заповедите за да бидеме спасени. Но кога ќе дојдеме кај Исуса, ќе бидеме спасени затоа што Неговата љубов го исполнува нашето срце и се чини дека, како резултат на божествената милост и прифаќање, во нас се јавува желба да го следиме Христа и да Му бидеме послушни. Неговите заповеди ги прифаќаме со силата на Неговата љубов која постои во нашето срце. Божјата љубов „се излеа во нашите срца“ и таа почнува да делува во нас (Римјаните 5,5).
Апостол Јован вели:
Кога објаснил дека христијанинот не е веќе под осуда на Законот, која е поништена со Христовата смрт на Голгота, апостол Павле додава:
Животот збогатен со силата на Духот постепено стекнува сè поголема способност за исполнување на „праведните барања“ на Законот.
Ерик Лидел покажал дека верникот, кој добива Божја сила, може дури и во најтешки околности да остане задоволен и послушен. Лидел ја покажал привлечноста и силата на милоста во миговите на стрес и страв. Неговата љубов кон Бога го оспособила да го исполни „праведното барање“ на Законот, благодарение на својата љубов кон другите луѓе во заробеничкиот логор. Односот кој произлегува од љубовта кон распнатиот и воскреснатиот Христос му дава нов квалитет на животот. Кога Христовата љубов ќе го исполни нашето срце, послушноста на Неговите закони станува дел од нашата природа.
Дали лично сте ја откриле оваа тајна? Исусовата љубов кон вас Го навела да го даде својот живот за да бидат простени сите ваши гревови. Тој сака вашите меѓучовечки односи да ги засили со својата љубов и да ве „усоврши во секое добро дело, за да ја извршувате Неговата волја“ (Евреите 13,21). Како ќе одговорите на неговиот повик?
„Драг небесен Татко, Ти благодариме што си ни ја дал Твојата Реч да ни биде водач во христијанскиот живот. Ти благодариме што си ни го дал Исус да ни биде Спасител и наш Пример. Ти благодариме за силата на Твојата љубов, која ни овозможува да живееме за Тебе, во хармонија со Библијата и Десетте заповеди. Ти благодариме за задоволството во животот кое го носи доброволната послушност. Те молам, секогаш исполнувај ни ги срцата со таква љубов. Те молам во Христово име. Амин.“