1. Зошто можеме да веруваме во Бога?
Во една пригода Марко прашал еден човек, кој не верувал во Бога, дали некогаш, макар и за миг, се борел со помислата дека Бог постои.
„Секако“, му одговорил човекот на изненадениот Марко. „Пред неколку години, кога го добивме првото дете, за малку ќе поверував во Бога. Додека го гледав тоа мало но совршено суштество во неговата лулка, додека ги следев движењата на неговите мали прстиња и набљудував како неговите блескави очи во првите неколку месеци од животот почнуваат да препознаваат, за малку ќе престанев да бидам неверник. Додека гледав како расте моето дете, за малку ќе се уверев во Божјото постоење“.
1. Сè што е создадено има свој Создател
Невозможно е да се замисли постоењето на човечкото тело без постоењето на Создателот. Дали некогаш сте размислувале за тоа колку е сложен само еден обичен поглед? Научниците велат дека, во споредба со очната рожница и леќата, и најсовршената камера може да се сфати како детска играчка. Окото ја претвора светлината во електрохемиски импулси кои не можат да се постигнат дури ни во најсовремена лабораторија. Мозочните ќелии ги претвораат овие електрохемиски дразби во вид, во нешто што ни најсовремените компјутери ни приближно не можат да го постигнат.
Секогаш кога ќе ги отвориме очите, раздвижуваме цела низа технички и хемиски процеси и обработка на податоци.
Чарлс Дарвин еднаш изјавил дека самата помисла на сложеноста на окото и на можноста на неговото создавање со природна селекција го излудува. Еве зошто!
Човечкото око не можело да се развие во текот на долг временски период бидејќи не е употребливо ако не е целосно. Леќата, која ја насочува светлината, би била неупотреблива без мрежницата, која е приемник на светлината.
Сетилото за вид бара целосен систем на меѓусебно поврзани и совршено создадени органи. Истото важи и за остатокот од човечкото тело. Белите дробови и срцето, нервите и мускулите, сите тие извршуваат неверојатно сложени задачи, кои пак зависат од други, исто така сложени задачи. Тогаш не е чудно што псалмистот констатира дека човечкото тело јасно и недвосмислено говори за величествениот Создател:
Не треба да одиме далеку за да наидеме на Божјите дела. Доказите кои постојат во нашето тело упатуваат на совршениот Создател. Кога би обележале десет парички со броевите од 1 до 10, ако ги ставите в џеб, ги измешате, и потоа ги извлекувате една по една, колкава е веројатноста дека ќе ги извлечете по ред од еден до десет? Според законот на веројатноста, можноста е еден спрема десет милијарди.
Размислете колкава е можноста желудникот, мозокот, срцето, белите дробови, артериите, вените, бубрезите, очите, ушите и забите да се развиле сами од себе, и сами да почнале да функционираат!
Според тоа, тогаш кое е најразумното објаснување за постанокот на човечкото тело?
Првиот човек и првата жена не настанале случајно. Библијата потврдува дека Бог нè создал според својот лик. Тој е совршен Создател, најделотворна интелигенција која нè замислила и ни дала живот.
2. Сè што постои има Создател
Доказите во прилог на Божјото постоење не се ограничуваат само на сложеноста и функционирањето на нашето тело, туку се наоѓаат насекаде во вселената.
Кога ќе се најдете подалеку од градските светла, во природа, гледајте го ноќното небо. Бледиот облак, кој се гледа зад ѕвездите, тоа е остров во вселената, галаксија наречена Млечен Пат, која е составена од милијарди сонца како нашето. Всушност, нашето Сонце и неговите планети се дел од Млечниот Пат.
Да ја погледнеме сега Андромеда, втората група ѕвезди. Се препознава по распрснатата овална светлина. Ако ја гледате со телескоп, ќе видите дека тоа е галаксија со спирален облик, која, како и нашиот Млечен Пат, се состои од милијарди големи сонца.
Андромеда е само една од стотините милијарди ѕвездени групи во вселената, кои можат да се видат со телескоп. Астрономите велат дека галаксиите се движат со несфатлива брзина низ совршено урамнотежената вселена.
Целото движење е во совршена хармонија. Секое небесно тело се движи по својата патека по непогрешлив распоред. Затоа не е необично што псалмистот констатира дека и ѕвездите го докажуваат постоењето на величествениот Создател:
Што можеме да констатираме додека го гледаме сложениот состав на огромната вселена?
Преводот на Вајмонт е уште поодреден:
Сè што е создадено јасно сведочи: „Божјо создавање! Божјо создавање!“ Од совршено усогласените протони и електрони во атомот, па сè до обиколувањето на планетите околу Сонцето, наоѓаме докази за големиот план што го осмислил мудриот Мислител – Бог, семоќниот Создател.
Кога некој антрополог копајќи во песокот, на пример, во Ново Мексико, ќе наиде на некој триаголен камен, внимателно ќе го разгледа. Ако на каменот забележи траги од делкање и обликување, веднаш ќе заклучи дека го обликувал некој стар Индијанец. Веројатно ќе се обиде да ја определи староста на тој врв од стрела и да процени на кое племе му припаѓа.
Ниту еден антрополог нема да тврди дека таквиот врв на стрелата настанал случајно. Никој никогаш не би тврдел дека овие предмети биле обликувани од молња, ветер или вода.
Сепак, мнозина научници ископуваат фосили, докази за животот во далечното минато, и создаваат разни претпоставки кои ги водат до сосема поинакви заклучоци. Тие не го гледаат творечкото дело на Создателот, туку претпоставуваат дека овие суштества настанале како последица на дејствувањето на некои природни сили и дека еволуирале со текот на времето.
Ископаните фосили од животни, дури и оние што се длабоко скриени во геолошките слоеви, неспоредливо се посложени облици на живот од врвот на една стрела. Значи, се наметнува очигледен заклучок дека некој ги создал. Библијата предлага логичен одговор на прашањето за потеклото на животот:
Во овие едноставни зборови: „Во почетокот Бог…“, го наоѓаме одговорот кој ја открива тајната за постанокот на животот. Првата библиска изјава сведочи: БОГ ПОСТОИ! Првиот стих во Библијата зборува за неговиот моќен чин на создавање. Доктор Артур Комптон, добитник на Нобелова награда за физика, коментирајќи го овој стих, рекол:
„Мојата вера започнува со сфаќањето дека целокупната вселена, како и човекот, ги создала врвна Интелигенција. Мене не ми е тешко да верувам бидејќи е неспорно дека таму каде што постои план, постои и разум. Совршено уредената вселена ја потврдува вистинитоста на највеличествената изјава некогаш изречена ’Во почетокот Бог ги создаде…‘“
Денес многу научници веруваат во Бога. Книгата „Behind the Dim Unknown“ („Зад темното непознато“) содржи 26 поглавја, а нивните автори се научници, истражувачи, врвни експерти во своите подрачја, но и христијани. Секој автор ја нагласува истата основна вистина: Бог постои.
Во една единствена реченица „Во почетокот Бог ги создаде“ го наоѓаме темелот на целокупниот живот. Библијата не се обидува да го докаже Бога, туку со најголема јаснотија сведочи за Неговото постоење. Постоењето на Бога се докажува со тоа што не постоиме само ние, туку и нештата околу нас. Секоја последица има своја причина. Светот е создаден според одреден план, па според тоа, мора да постои и некој што го направил тој план. Бидејќи светот функционира со прецизно поставени математички правила, логичен заклучок е дека мора да постои и Автор на тие правила. Некој го создал сето тоа, а Тој „Некој“ е Бог.
Доктор Артур Конклин, поранешен професор по биологија на Универзитетот Принстон, напишал: „Веројатноста дека животот настанал случајно може да се спореди со можноста дека некој речник настанал со експлозија во печатница“.
Знаеме дека човекот не може да создаде нешто од ништо. Ние можеме да пронајдеме, да составиме, да направиме нешто да работи, но ни со целата наша мудрост сè уште не сме создале од ништо ни најмала тревка, ни најтенок црв или наједноставен цвет.
Тогаш, кој го создал сиот овој свет? Кој го создал на почетокот? Кој го оживеал? Постои само еден одговор: БОГ!
Суштествата околу нас говорат дека Бог ги обликувал, ги создал и дека Бог ги одржува. Само животот, или неговиот прв извор, создава нов живот. Затоа единствениот разумен одговор на прашањето за потеклото на нашата вселена, за нашата планета и за човечките суштества гласи: Бог!
3. Личниот однос на Бога спрема луѓето
Бог, кој го обликувал ѕвезденото небо и ја создал вселената, има личен однос спрема луѓето. Длабоко во умот и срцето на секој поединец Бог ја всадил свеста за своето постоење. Тој е:
Библијата тврди дека нашиот Создател копнее да воспостави личен однос со нас. Аврам станал „Божји пријател“ (Јаков 2,23). „Господ разговараше со Мојсеј… како што човек разговара со пријателот“ (1. Мојсеева 33,11). Бог сака да воспостави контакт со сите луѓе и да стане пријател секому. Исус, на оние кои го следеле, им рекол: „Вие сте мои пријатели…“ (Јован 15,14).
Човечкото постоење само по себе ја потврдува замислата за Бог како личност. Факт е дека на овој свет постојат личности. Ние, а и нашите пријатели сме личности. Ако постојат личности, мора да постои и личност која ги создала. Бидејќи секоја личност е посебна единка, се наметнува логичен заклучок дека Бог е личност, одговорна за создавањето на секој поединец.
Пред околу 2.500 години, група грчки филозофи се обидела да го дефинира поимот човек.
Платон ја предложил дефиницијата: „Човекот е двоножно животно“.
Меѓутоа, друг филозоф, зел еден петел и укажал на недостатокот на оваа дефиниција. Го кренал петелот и рекол: „Еве го човекот на Платон!“
Неколку мига размислувале во тишина, додека еден од нив не извикал: „Смислив! Човекот е религиозно животно!“
Сево ова е само краток опис. Луѓето се неизлечиво религиозни. Ние чувствуваме потреба за надмоќна сила. Сите ние, било атеисти било верници, настојуваме да го сфатиме Божјето постоење.
Способноста за размислување и создавањето живи слики нè разликува од животните, но посебно сознанието за слободниот избор меѓу доброто и злото. Сè уште ниедно животно не изградило олтар и не одржало богослужба. Сепак, секаде наоѓаме луѓе кои почитуваат некого или нешто. Длабоко во човечкото срце е всадена потребата за обожавање, „свеста за Бога“.
Бог во сите нас ја всадил желбата да станеме Негови пријатели. Кога ќе одговориме на својот копнеж и кога конечно го пронајдеме Бога, повеќе не се сомневаме во Неговото постоење.
Во текот на 90-тите години од минатиот милениум, милиони атеисти во поранешниот СССР се откажаа од атеизмот и се свртеа кон верата во Бога. Еден универзитетски професор од Санкт Петерсбург, астроном, вака накратко ги пренел изјавите на многумина свои сонародници:
Христијанинот верува во Бога бидејќи лично се сретнува со Него и при тоа осознава дека само Бог може да ги задоволи најдлабоките потреби на неговото срце. Бог, чие постоење христијанинот со радост го открива, му дава нов поглед на светот, ново значење, нови мотиви, нови цели и радости во животот.
Бог не ни ветува живот без маки и судири, но нè уверува дека ќе нè води и ќе се грижи за нас ако воспоставиме личен однос, блиска заедница со Него. Милиони христијани можат да посведочат дека повеќе би сакале да остават сè отколку да се вратат на животот без Бога.
Тоа е најголемото чудо: семоќниот Бог, кој ги создал сите суштества, кој ги создал и ги одржува галаксиите, сака да оствари личен меѓусебен однос со секој маж, со секоја жена, со секое момченце и девојченце. Давид токму на тоа се воодушевувал додека пишувал:
Нашиот Создател „си спомнува“ за сите нас. Тој лично се интересира за вас, како да сте единствено суштество што го создал.
Можеме да веруваме во Бога…
- поради совршениот дизајн на сè што создал околу нас.
- поради всадениот копнеж за Бог, кој нè вознемирува додека не најдеме мир во Него.
- затоа што Бог – ако Го бараме, сигурно ќе Го најдеме – целосно ја задоволува секоја наша потреба.
Бог сака лично да им се открие на своите суштества, како таткото што сака неговите деца добро да го познаваат. Бог ни се открива во Библијата. (Втората лекција ќе ни покаже дека Библијата е Книга достојна за доверба, Книга што ни ја дал Бог, нашиот Создател).
4. Каков е Бог?
Библијата ни открива кој е Бог и каков е Тој, и според што се раководел при создавањето на човекот.
Библијата кажува дека ние сме создадени според Божјиот лик. Затоа и можеме да воспоставиме личен однос со Бога. Нашата способност за размислување и чувствување, паметење и надевање, анализирање и поврзување, сè потекнува од Него (2. Книга Мојсеева 31,18 и 31,11).
Бидејќи Бог е личност, кое е главното обележје на Неговата личност?
Божјиот однос спрема човекот се базира на љубовта која произлегува од Неговото срце. Сето она што го правел и што ќе го прави е мотивирано од несебична, пожртвувана и вечна љубов.
5. Исус ни открива каков е Бог
Кој најдобро покажува каков е Бог?
Бог во Библијата често зборува за себе како за Татко. Некои современи татковци не се ни најмалку соодветни примери. Тоа се небрежни, груби, сурови татковци. Бог не е таков. Тој е грижлив, чувствителен татко. Тој е татко кој се стреми да се вложи во животот на својот син или ќерка. Татко, кој ги освојува своите деца со својата неспоредлива грижа за нив.
Бог, нашиот Татко, кој е полн со љубов, не сакал да се открие само во Библијата. Тој знае дека личностите со кои живееме ни се пореални од некој за кого само слушаме или читаме. Затоа решил да дојде во нашиот свет како вистинска личност.
Бог се спуштил до нашето ниво и станал сличен на нас за да нè поучи како да живееме и да бидеме среќни, и навистина да видиме каков е Бог.
Како Бог, како личност, се појавил на овој свет?
„Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание“ (Колошаните 1,15). Бог дошол кај нас преку личноста Исус Христос.
Едно мало дете и неговиот постар брат стоеле пред големиот портрет на нивниот татко, кој умрел кога помалото дете било многу мало.
„Кажи ми“, прашал помалиот брат, „каков беше нашиот татко?“
Постариот брат се обидел најдобро што може да го опише нивниот татко. Му раскажувал за неговата сила, за неговата чесност, за тоа колку добар човек бил, љубезен, строен, искрен и сочувствителен. Бил пријателски расположен и луѓето сакале да се дружат со него. Секогаш бил љубезен спрема нивната мајка и сакал да ги прави луѓето среќни.
И покрај тоа што му го раскажал постариот брат, младото момче сè уште не стекнало јасна слика за својот татко, иако толку многу сакало да знае каков бил. На крајот го прекинал брата си со прашањето: „Кажи ми, Павле, дали нашиот татко беше сличен на тебе?“
Постариот брат за момент се двоумел, па рекол: „Добро, нашите пријатели, кои го познавале тато, велат дека сум ист како него. Тоа го вели и мама“.
Детето возбудено се завртело и рекло: „Сега точно знам каков бил мојот татко. Бил ист како брат ми Павле“.
Исус дошол на нашиот свет во човечко тело. Исус е „Син Божји“ (Марко 15,39), видлив Бог. Самиот Исус рекол:
Кога го гледам Исуса, го гледам Бога. Кога ќе посакате да знаете каков е Бог, гледајте го ликот на Исуса каков што ни го открива Библијата.
Додека ги читате записите за Исус во евангелијата, во првите четири книги на Новиот завет, многу ќе ве изненадат описите на нашиот небесен Татко. Грубите рибари ги оставиле своите мрежи и тргнале по Исус, а малите деца трчале кај него да примат благослов. Тој можел да го утеши најголемиот грешник и да го измени најголемиот лицемер. Тој исцелувал од сите болести, од слепило до лепра, со сигурност на доктор кој препишува аспирин. Неговата заповед „Замолчи!“ ја принудила бурата да запре како палаво дете кое наеднаш ќе се смири. Исус со своите дела покажал дека Бог е љубов. Тој ги исполнувал човечките потреби како никој ни пред, ни по него.
Исусовата конечна и најславна објава на Бог се реализирала на крстот. Тој умрел за нас, за ние да не умреме со вечна смрт.
Што ни овозможила Христовата смрт?
Исус умрел не само за да ни овозможи среќен живот на земјата, туку да ни даде вечен живот. Исус е Божји „единороден Син“, и затоа не може да се спореди со никого. Тој е единствено Суштество кое во целост е и Бог и човек.
Човекот со векови сонува, се надева и сака да го запознае Бога. Тој го гледа делото на Неговите раце на небото и во убавината на природата. Многумина размислуваат: „Кога Бог би бил како…!“ Исус на крстот ја прекинал вековната тишина и сега луѓето можат да го видат лицето на самиот Бог, гледајќи Го онаков каков што е Тој – Љубов, Вечна и Бесмртна.
И вие денес можете да го запознаете Бога онака како што го открива Исус. Тоа откритие нека ве поттикне да изјавите: „Татко, Те сакам!“