9.2. Потомците на Аврам
Сега треба да ја погледнеме историјата на овој прекрасен град, бидејќи потекнува од дамнешни времиња и е мошне интересна.
Аврам имал син Исак, а Исак имал два сина, Јаков и Исав. Сторијата за нивното раѓање е опширно и детално опишана во Библијата, и тоа е од голема полаза, зашто ја осветлува и подоцнежната историја на овие двајца браќа. За тоа читаме во 1. Книга Мојсеева 25 глава.
„И Исак му се помоли на Господ за жената своја (Ревека), бидејќи таа беше неплодна; и Господ го чу, па Ревека, жената негова, зачна. Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: ‘Ако биде така, зошто ми е ова?’ и отиде да го праша Господа. А Господ ѝ рече: ‘Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му служи на помалиот’. И дојде времето да роди, а ете – близнаци во утробата нејзина. Излезе синот првенец црвен, целиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав. А потоа излезе брат му, држејќи го Исав со рака за петицата; нему му ставија име Јаков“.
Важноста на сето ова не може да се прикаже соодветно во нашиот превод, но значењето на еврејски јазик, како што е оригинално напишано, е многу појасно.
На еврејски јазик зборот Јаков значи „оној што држи за петица“, термин кој исто така означува потиснува или лаже. Подоцна Исав му се жалел на Јаков дека
„еве веќе двапати ме излажа“ (1. Мојсеева 27,36).
Овој термин, секако, многу го отсликувал карактерот на Јаков, бидејќи тој бил вешт лажливец.
Земјата на влакнестиот јарец
Состојбата на Исав е добро позната во медицината. Наречена е „хипертрихоза“ („hypertrichosis“) и опишува состојба на дете што е родено со премногу влакна. Така било во случајот со Исав. Подоцна Исав ја окупирал земјата Сеир (1. Мојсеева 36,8), која веројатно била наречена по Исав, бидејќи Сеир (Seir) значи „влакнест“ и е вообичаен еврејски збор за коза.
Значи, Исав најверојатно бил многу влакнест, можеби како коза; а што се однесува на неговата кожа, таа била црвеникава. Еврејскиот збор за црвено е „admoniy“, кој е изведен од истиот корен како и зборот „adam“. Најверојатно Адам бил така наречен бидејќи имал румена боја на кожата кога бил создаден. Исав бил наречен и Едом, име кое исто така е изведено од коренот на истиот збор како Адам (1. Мојсеева 25,30). Освен тоа, тој многу сакал црвена леќа, па можеби и оттаму подоцна го нарекле Едом. Неговите потомци биле познати како Едомци (1. Мојсеева 36,9).
Како што растеле двете момчиња, така се оформувале и нивните карактери и, иако биле близнаци (очигледно не биле идентични), тие имале сосема различна природа.
„Исав стана вешт ловец и човек на полето, а Јаков човек кроток кој живееше во шатори“ (1. Мојсеева 25,27).
За жал, нивните родители покажале пристрасност кон момчињата.
„Исак го сакаше Исав, зашто му се допаѓаше дивечот негов, а Ревека го сакаше Јаков“ (стих 28).