8.6. Архитектурата на Ур
Главно обележје на градот Ур била зигуратот, кулата-светилиште. Заедно со околниот комплекс на храмот, најверојатно ги имала своите почетоци за време на првата династија. Меѓутоа, храмот бил проширен и разубавен од страна на Ур-Наму (Ur–Nammu) од третата династија, кој го донел Ур до зенитот на својата моќ.
Куќите од овој и од подоцнежните периоди биле направени со извонредно добар квалитет. Богатите луѓе поседувале добро изградени домови на два ката кои биле градени околу внатрешниот дел. Необична карактеристика на многу куќи во Ур бил системот за одвод на отпадните води. Копале јама до 10 метри длабочина и ставале низа од грнчарски прстени. Оваа служело како мошне ефикасна септичка јама за одвод на отпадните води. Всушност, системот за одвод бил многу подобар од системот на повеќето денешни домови во Ирак. Овие јами, кои служеле за отстранување на отпадоците, исто така биле користени и за религиозни обреди. Еа бил бог на подземните води. Изгледа дека на жителите на Ур овие јами им обезбедувале најдиректен пристап до неговото престојувалиште. На Еа му истурале дарови низ овие јами. Денес, можеби ни изгледа безбожно да го поврземе обожавањето со отстранување отпадоци, но се чини, тие луѓе немале такви верувања. За нив било нормално да имаат пристап до божеството преку начин кој им обезбедувал најблизок можен пристап.