8.1. Ур Халдејски
Во целата Библија, Ур Халдејски се споменува само четири пати, и сите тие се однесуваат на истиот настан: Аврам заминува од Ур. Еден таков типичен текст се наоѓа во 1. Книга Мојсеева 11,31, каде што Библијата кажува: „И го зеде Тара синот свој, Аврам, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сара, снаата своја, жената на неговиот син Аврам, па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата Хананска“.
Во списите на старите историчари нема податоци за Ур Халдејски, па затоа критичарите изјавиле: „Еве уште една легенда од Библијата. Таков град никогаш не постоел, или ако постоел, тоа сигурно било некое мало безначајно село во пустините на Месопотамија, а Аврам бил само некој безначаен номад”. Така постоењето на Ур било под прашање, а неговата локација, секако, била непозната.