11.8. Судењето на Исус од Назарет

11.8. Судењето на Исус од Назарет

Од Гетсиманија, Исус бил одведен на испрашување назад преку потокот Кедрон, до палатата на Ана (Јован 18,12), потоа во палатата на првосвештеникот Кајафа на понатамошно испрашување, додека заседавало управувачкото тело на Еврејската нација, Синедрионот (стих 24). Тука и Петар срамно се одрекол од својот Господ (стихови 25-27).

Синедрионот

Кога заседавал Синедрионот, Исус бил изведен на суд на кој потплатени сведоци тврделе дека се заканувал оти ќе го уништи храмот. По вкрстеното испрашување, нивните тврдења се покажале контрадикторни. Обземен со очај, Кајафа настојувал да го наведе Исус себеси да се обвини. Ставајќи го затвореникот под судска заклетва, Кајафа му рекол:

„Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш ти ли си Христос, Синот Божји?“

Намерата на првосвештеникот била да го исмее таквото тврдење дадено од страна на овој понизен столар.

Исус пред Синедрионот

Како што има месијански пророштва кои ги предвиделе неговите страдања за човечкиот род, исто така постоеле и пророштва кои го предвидувале неговиот краен триумф над злото и воспоставување на свет во кој ќе владеат мир и вечен живот. Евреите ја одржувале надежта дека Месија ќе ги победи нивните непријатели и ќе го издигне нивниот народ. Кајафа се надевал дека ќе го дискредитира овој мирен проповедник кој се претставувал како очекуваниот Откупител. Пред ваквиот предизвик Исус не можел да остане нем.

„Ти рече!“ му одговорил Исус, „но Јас ви велам:

‘отсега ќе го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци’“.

Кајафа го барал токму тоа. Преправајќи се дека е запрепастен од таквите зборови,

„првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече:

„Овој хули на Бога!… Што мислите? А тие одговорија и рекоа

‘Заслужува смрт’. Тогаш го плукаа в лице и го тепаа“ (Матеј 26,59-66).

Исус пред Пилат

Понтиј Пилат

Според еврејскиот закон ноќното судење се сметало за невалидно, па затоа, „кога се раздени, сите првосвештеници и старешини направија договор против Исус за да го убијат; и откако го врзаа, го одведоа и го предадоа на управникот Понтиј Пилат“ (Матеј 27,1.2). Не може прецизно да се одреди каде била лоцирана палатата на Кајафа, но со сигурност се знае каде се случило судењето пред Пилат.

Пилат е историска личност за којa сме добро информирани. Кога бил откопан Римскиот театар во Цезареа, таму бил најден натпис на камен кој сега се наоѓа во Еврејскиот музеј во Ерусалим и се однесува на Понтиј Пилат. Јосиф Флавиј ги забележал своите активности во Палестина и тоа како бил прогонуван заради неговите неправди. Најверојатно во исто време кога се случувало судењето на Исус, Пилат се наоѓал во тврдината Антониjа (Antonia), на северниот крај од храмот.

Откако го сослушал случајот, Пилат ја објавил својата пресуда велејќи:

„Јас не наоѓам никаква вина кај овој човек“ (Лука 23,4).

По ова настанала хаотична ситуација.

„Тој го побунува народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде“, викале Евреите (стих 5).

Откако го сослушал случајот, Пилат ја објавил својата пресуда велејќи: „Јас не наоѓам никаква вина кај овој човек“ (Лука 23,4). По ова настанала хаотична ситуација. „Тој го побунува народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде“, викале Евреите (стих 5).

Кога го слушнал зборот „Галилеја“, Пилат видел можност да ја префрли одлуката за осуду-
вање на невин човек и го пратил Исус кај Ирод, гувернерот на Галилеја кој бил во Ерусалим за време на празникот Пасха. Но, Ирод не бил убеден во неговата вина и за кратко време затвореникот бил вратен во салата за судење на Пилат.

Каменот на кој е напишано името на Понтиј Пилат (лево) и каменен саркофаг со името на Првосвештеникот Кајафа

Распнувањето

Уште еднаш Пилат се обидел да се извлече, нудејќи да ослободи еден политички затвореник, што било обичај за време на Пасха.

„Кого сакате да ви го ослободам, Варава или Исус наречен Христос? (што значи Месија)“ прашал тој.

„Пушти ни го Варава“, повикале сите.

„А што да правам со Исус наречен Христос?“ прашал Пилат. Следувало застрашувачкото барање:

„Да биде распнат!“

Распнувањето била сурова казна резервирана за најлошите криминалци, па дури и на Пилат не му била пријатна таа одговорност.

„Зошто, какво зло сторил тој?“ прашал.

Но тие не сакале докази. Сакале овој човек, кој се осмелил да ги нарече лицемери, да биде осуден.

„Да биде распнат!“, викале како во лудило.

Нерешителниот Пилат подлегнал пред притисокот

„Пилат… зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: ‘Невин сум за крвта на овој праведник; мислете му вие!’“ (Матеј 27,15-24).