11.3. Назарет
Фотографија: Изворот на Марија
Мора да се признае дека владее одредена несигурност кога станува збор за автентичноста на локалитетот на подрачјето на Назарет. Покрај „Изворот на Марија“ се наоѓа мала грчка православна црква „Благовештение“ што го надвисува изворот за кој се тврди дека на него мајката девица црпела вода.
Бидејќи ова е единствениот познат извор за снабдување на вода во древен Назарет, ова би можело да биде точно.
Друга мала грчка црква, позната како Синагога, се смета дека била изградена на местото на старата Синагога каде што Исус и неговото семејство оделе на богослужение, како што е опишано во Лука 4,16. Ова, исто така, би можело да биде автентично место.
Меѓутоа, нема начин за да се утврди автентичноста на местото на примање на благовештението, врз кое сега е изградена величествена црква „Базилика на блаженствата“. Исто така, нема начин да се одреди автентичноста на домот на Исус или Јосифовата дрводелска работилница.
Иако нештата се менуваат, во Витлеем и Назарет сè уште владее прекрасна атмосфера како од библиските времиња. Моќните алатки зазеле место во продавниците на дрводелците, но старите чаршии, тесните улици и гостољубивите арапски жители на овие градови ги водат посетителите кои се заинтересирани да ги истражуваат улиците, назад во времето на Исус.