10.7. Израелците ја освојуваат Ветената земја

10.7. Израелците ја освојуваат Ветената земја

Трите најзначајни градови во северна Палестина во тоа време биле Асор (Hazor), Мегидо (Megiddo) и Бетшан (Bethshan).

Исус Навин го освоил Асор, а потоа го уништил со пожар.

Изучувачите на Библијата се посебно заинтересирани за Мегидо заради неговата врска со Армагедонската битка за која се зборува во Откровение 16 глава.

На еврејски Армагедон буквално значи „Гората Мегидо”.

Градот Мегидо бил изграден на еден рид од каде што можела да се види долината Језраел. Ископувања на ова место вршел Универзитетот од Чикаго од 1925 до 1939 г.

Остатоци од Мегидо и макета на неговиот изглед

Ископувањето на Мегидо

Оваа група од Универзитетот во Чикаго имала величествен план да го ископа сиот локалитет, слој по слој. За среќа, од дваесетте планирани слоеви населби кај Мегидо, успеале да откопаат само четири, пред да сфатат дека е проектот премногу голем, дури и за Американците. Да успееле во својот план, идните археолози не би имале што да истражуваат.

Сепак, тие откриле голем олтар од камен со кружен облик од периодот на Хана­ни­тите кој им претходел на израелските освојувања; сандак за жито од подоцнежен период; две големи штали за коњи кои биле впрегнувани во кочии (за кои во почетокот сметале дека потекнуваат од времето на цар Соломон, а потоа велеле дека доаѓаат од перио­дот на цар Ахав); ис­то така откриле и из­вонреден систем за снабдување со вода.

 Била иско­пана огромна дупка во нивото на зем­јата во внатрешната територија на градот, а од него до потокот кој се наоѓал надвор од градот ископале тунел низ карпата, долг шеесет метри.

Потокот бил покриен од надворешната страна. Затоа жителите на градот имале сигурен пристап до изворот на вода, кој не би можел да биде пронајден од страна на можен напаѓач.

Бунар