10.4. Гробот на Сара и Аврам
Кога починала Сара, Аврам купил поле во Хеврон со пештера во која сакал да ја закопа жена си, а кога починал, и тој бил погребан таму; подоцна тука биле закопани и неговиот син Исак и неговата жена, Ревека. На идентитетот на оваа пештера упатуваат списите на Јосиф Флавиј. Долните делови од ѕидната конструкција на џамијата, што сега стојат на тоа место, не се постари од времето на Ирод, пред две илјади години. Горните делови се малтерисани и варосани и датираат од 14. век од новата ера. За време на крстоносците, градбата била христијанска црква, но потоа станала муслиманска џамија. Денес посетителите може да влезат во оваа џамија и да видат богато изрезбани надгробни споменици. Самите гробишта се наоѓаат под подот на кој стојат овие споменици.
Неколку луѓе влегле во оваа долна соба и соопштиле дека таму виделе ковчези, но ниту еден од нив не бил археолог. Така, за автентичноста на гробовите не постоело ниту едно мислење од професионалец. Сепак, постои голема можност дека ова е автентичното место на кое е погребан Аврам и неговото семејство.