1. Земјата на пирамидите
Ниту еден посетител на Египет не би можел да стои во подножјето на трите џиновски пирамиди во Гиза во околината на Каиро, а да не биде восхитен од неверојатната големина на овие огромни споменици.
Кој ги градел пирамидите? Зошто биле направени?
Како ги поставиле тешките камења во таа положба? Какви вештини биле потребни за да се конструираат пирамидите со таква математичка прецизност?
Што можеме денес да научиме од древните цивилизации?
За да ги најдеме одговорите на овие, а и на многу други прашања, мора да ѕирнеме зад превезот на древната историја и да го проучиме потеклото на некогашното величие на Египет.
Затоа, да го започнеме нашето патување во минатото и да ги откриеме чудесата на стариот свет.
Упатство
Лекцијата е поделена на теми. На крајот на читањето на секоја тема, кликнете на копчето ОЗНАЧЕТЕ ДЕКА СТЕ ЗАВРШИЛЕ.
Откако ќе ги прочитате сите теми во рамките на лекцијата, преминете на ТЕСТ.
По изработениот тест, можете да преминете на следната лекција.