19.4. Иднината пред остварување
„Небесниот Бог ќе подигне царство; кое нема да го разруши никогаш…!“
Даниел 2,44
Нема никого кој не се интересира за иднината, но неа ја знае и нејзините страници ги отвора само Бог. Меѓутоа, откривајќи ја иднината, Бог не го задоволува нашето љубопитство, туку ни помогнува да се потпираме на неговата реч. Христос ја објаснил вистинската намена на пророштвото: „Сега ви кажав, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да поверувате“ (Јован 14,29).
Пророците не се прогностичари, туку толкувачи на фактите дека Бог не го препуштил човекот на неговата трагична определба. Тоа е најзначајната вистина на пророштвото на Библијата. Откривањето на иднината претставува откривање на Божјата волја, на неговата мудрост и сила. Пророштвото се доказ за Божјата решителност по секоја цена да го спаси човечкиот род од самоуништување.
Прашањето што нè очекува во иднина денеска е исто толку современо како што било пред илјада години. Во животот на секој човек секогаш доаѓа еден ден кога скоро неодоливо му се наметнува прашањето: „А што ќе биде по сето ова?“
Истото прашање го поставил древниот цар Навуходоносор, најсилниот владетел во историјата на светот. Владеел со пространото Вавилонско царство што го опфаќало целиот тогаш познат свет.
Овој прв владетел на светот не познавал ниеден посилен и поголем од себе. Цел свет бил негов. Сите народи лежеле под негови нозе. Бил мудар, вешт и способен војсководител и државник. Знаел за многу богови, но се сомневал во сите. Астролозите, волшебниците и толкувачите на соништа ги држел во близина за да ги контролира а не да им верува. Не го познавал вистинскиот Бог, но во своето срце копнеел за некого повисок од себе. Размислувал за иднината, но не го познавал Оној што управува со неа. Затоа Бог решил да му се открие.
Откривањето на иднината почнало вака: „Во втората година од царувањето свое Навуходоносор сони сон, од кој духот му се вознемири и не можеше да спие. Па заповеда царот да ги повикаат гатачите и гледачите, маѓесниците и волшебниците за да му го протолкуваат сонот. Тие дојдоа и застанаа пред царот. И им рече царот: ’Сонив сон и духот ми се вознемири – сакам да знам што значи тој сон‘“ (Даниел 2,1-3).
Силниот цар барал невозможно. Всушност, тој го барал Семожниот. Затоа и одговорот на мудреците и астролозите пошол во тој правец. Претставникот на вавилонската академија на науките достоинствено одговорил: „На земјава нема човек што може да му го открие на царот сонот… што никој друг не може да му го открие на царот, освен боговите, кои не живеат со смртниците“ (Даниел 2,10.11).
Ако има богови кои не живеат на Земјата – си мислел царот – сега е време да се јават. Ако нема човек на Земјата кој може да го потсети на неговиот заборавен сон, неговото величество царот го нарекува небесен Бог. Царот ја обвинил својата Академија за велепредавство, а смртната пресуда на мудреците исто така значела предизвик за боговите кои не живеат на Земјата. Царот сакал да види има ли некој жив на небото, и тоа бргу.
Погубувањето на вавилонските волшебници и астролози почнало со прек суд. Под удар дошол и младиот царев академик со божествена дарба на пророштво по име Даниел. За неговото држење читаме во Книгата што го носи неговото име. Даниел го прашал командантот на царската стража Ариох: „Зошто таква страшна заповед од царот? Тогаш Ариох му ја прикажа на Даниила целата случка“ (Даниел 2,15).
Даниел бил небесен пророк и амбасадор на вавилонскиот двор и еден од членовите на царскиот совет. Со тројцата свои пријатели му се молел на „Небесниот Бог за таа тајна“. Молитвата била негова постојана врска со Бога, и Бог се оѕвил: „И тогаш тајната му беше откриена на Даниила во ноќно видение“ (Даниел 2,18.19). Тогаш Даниел отишол кај Ариох, а „Ариох веднаш го одведе Даниила кај царот од Бога небесни за таа тајна“. Молитвата на постојана врска со Бога, и Бог се оѕвил: „И тогаш тајната му беше откриена на Даниила во ноќно време“ (Даниел 2,18.19). Потоа Даниил отиде при Ариоха, а Ариох веднаш го одведе Даниила кај царот“ (Даниел 2,24.25).
Навуходоносор го познавал Даниел. Очекувал младич, но набргу сфатил дека се наоѓа пред еден небесен великан. Кога Даниел го завршил својот говор, Навуходоносор со страв „падна ничкум и се поклони пред Даниила, па заповеда да му донесат дарови и благопријатни кадива“ (Даниел 2,46).
Даниел веднаш на почетокот на Бога му ја припишал силата со која тој го открил сонот на царот и неговото значење: „На небесата има Бог, кој открива тајни; и Тој ќе му открие на царот Навуходоносор сè што ќе се збидне во последните денови. Ти Царе, на леглото свое си размислуваше за она што ќе се случи во иднина и Оној кој открива тајни, ти покажа што ќе се случи“ (Даниел 2,28.29).
Царот го знаел минатото и сегашното, но не знаел што ќе биде по него. Во ноќната визија Бог на Даниел му го дал бараниот одговор. Даниеловото објаснување на сонот на Навуходоносора и денеска ја претставува најкратката историја на светот и одговорот на царевото прашање за иднината.
На крајот од своето излагање пророкот од Ерусалим ја подигнал раката кон небото и објавил што ќе биде на крајот од земната историја: „Небесниот Бог ќе подигне царство; кое нема да го разруши никогаш… Великиот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи во иднина. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!“ (Даниел 2,44.45).
Сонот на Навуходоносора за вечен мир ќе се оствари со второто доаѓање на Исуса Христа и со основањето на неговото царство. Човештвото има светла иднина. Луѓето имаат Божје ветување. Царот Навуходоносор се поклонил: „Навистина вашиот Бог е Бог над боговите и Господар на царевите, Кој открива тајни, штом ти можеше да ја откриеш оваа тајна“ (Даниел 2,47). Вавилонскиот цар ја потврдил вистинитоста на Даниеловите зборови: „Во него има мудрост и сила, Тој ги контролира времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни. Тој открива што е длабоко и сокриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него“ (Даниел 2,20-22).
Светлината што ја открива иднината е Исус Христос. Тој е светлина на новиот живот „Која го осветлува секој човек, што доаѓа на светот“ (Јован 1,9). Христос ја кажал вистината што никој никогаш не ја изговорил: „Јас сум Светлина на светот“ (Јован 8,12). Сонцето никогаш не заоѓа засекогаш. Христос не отишол за навек. Тој ќе се врати како што се враќа Сонцето. Тој им рекол на своите што сакаат да ја знаат иднината: „Отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа на небесните облаци“ (Матеј 26,64).
Христовото враќање од небото е иднина, мир и живот за човечкото семејство. Исус е најголемото очекување на светот од времето кога Бог „кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата“ (Ефесјаните 1,20). Уште денеска Христос нека ни биде над сè за да ни биде Сонце и по сè!