Верувањата на првите христијани

За курсот

Една од причините за губењето вера во нашата доба е мислењето дека верата во Бога може да премине од родителите на децата и од една генерација на друга. Не постои ништо понеточно од тоа! Секое ново поколение мора да Го запознае Бог, и изворот на верата лично, или жарот на верата целосно ќе згасне. Веста на првите христијани, според сведочењето на нивните непријатели, „го замати вселенскиот свет“ и отиде дури до римскиот двор. Што е тоа што делувало толку моќно врз луѓето во првиот век по Христа и довело до големи промени во наредните векови? Каква сила ги следела првите христијани и им давала моќ да се соочат со прогонство и смрт? Преку курсот „Верувањата на првите христијани“ ќе ја откриете верата на првите христијани, која радикално го променила светот.