9.5. Преселба преку Едом
Кога Израелците го напуштиле Египет (1445 година пред Христа), тие талкале 40 години во Синајската пустина додека не дошло време да влезат во ветената земја. Патот ги водел преку Едом. Не се знае дали Петра била упориште на Едомците, но можно е тоа да било местото каде што живеел царот на Едомците. Мојсеј упатил разумно барање до царот.
„Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку ниви, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од кладенците, туку ќе одиме по главниот пат и нема да скршнуваме ни десно ни лево, додека да ги минеме твоите предели“ (4. Мојсеева 20,17).
Ова барање било одбиено, со манифестирање на воена моќ, така што Израел морал да тргне по заобиколен пат, односно да се движи по друга маршрута низ пустината кон исток. Кога посетителите денеска сакаат да го посетат градот Петра тргнуваат од Аман и патуваат кон југ. На излез од Аман патот се дели и тука има патоказ на кој, на стрелката што покажува кон југоисточниот дел, пишува „Пустинскиот пат”, а стрелката насочена кон југозападниот дел упатува на „Кралскиот пат”. И двете ознаки ги задржале истите имиња до денеска како што биле и во библиско време. Иако е чудно, повеќето патници решаваат да појдат по патот кон пустината. Иако има повеќе кружење, патот е порамен и со модерните автомобили побрзо се стигнува по овој пат. Кралскиот пат е пресечен од две стрмни надолнини, кои се спуштаат на 800 метри и поради ова мора да се вози побавно. Ова, се разбира, не им пречело многу на уморните Израелци, кои претпочитале да се движат по поедноставната патека, наместо бавно да продолжат низ врелата пустина. Тоа не се случило и обесхрабрените племиња свртеле кон исток.
Гробот на Арон
Следниот забележан инцидент е смртта на Мојсеевиот брат Арон, големиот првосвештеник на Израел. Мојсеј добил инструкции да го земе Арон и неговиот син, Елеазар, на врвот на планината Ор. Таму Арон ја соблекол свештеничката облека, му ја предал на Елеазар и потоа како изморен војник легнал и починал (4. Мојсеева 20,22-29).
Од градот Петра се гледа едно остро возвишение, денеска познато како планината Ор и на врвот се наоѓа мало бело муслиманско светилиште за кое се верува дека е гробот на Арон. Тоа е местото каде што Буркхарт, кога го жртвувал јарецот, го открил изгубениот град Петра. Но се смета дека местото на кое е погребан Арон не е автентично. Најверојатно тоа не е ниту планината Ор. Ако царот на Едом се судрил со Израелците кај Вади Муса, како што е наречено селото надвор од Петра, тогаш би се очекувало да ја најдеме планината Ор на исток од Петра, наместо на запад како што е денеска. Уште повеќе, ова место е премногу блиску до Петра за да биде дозволен погреб толку блиску до непријателски расположениот цар на Едом. Израелците го продолжиле своето патување, а Едомците останале да живеат во својата сигурност.
Висорамнината Ум ел-Бијара
Израелците го продолжиле своето патување, а Едомците останале да живеат во својата сигурност. Влезот во долината на Петра е тесна клисура, со должина од еден километар и на некои места широк само неколку метри, со карпести ѕидови кои се издигнуваат 100 метри над патеката на дното на пресушеното речно корито. Значи не се потребни многу војници да го чуваат преминот. Во долината има висорамнина позната на арапски како Ум ел-Бијара (Um El Biyara), што значи „мајка на резервоарите”, бидејќи таму има пет водни резервоари.
До врвот водат тесни скали издлабени во карпа. Биле ископани и бразди како канал по кој дождовницата се слевала во резервоарите и се чувала во случај да снема вода при опсада.
Ова висорамнина можеби е местото кое во Библијата се споменува како „Sela”, што на еврејски значи „карпа”. Соодветен грчки збор е „Петра”, кој исто така значи „карпа”.
Меѓутоа, својата сигурност Едомците ја барале на погрешно место. Според Библијата, нивната сигурност не зависела од природните услови ниту од човечката храброст, туку од усогласувањето со Божјата волја. Кога се откажале од верноста кон Аврамовиот Бог, тогаш ја изгубиле и Неговата заштита.