3. Хетити

3. Хетити

Пред околу три илјади години Хeтитите биле најмоќниот народ на Блискиот Исток. Од географска гледна точка, нивната империја се проширила од Црното Море на север до Дамаск на југ и повеќе од илјада километри на исток до западниот дел на Анадолија (Анатолија), која е сега дел од модерна Турција. Како воена сила, тие биле моќни противници; стратешки биле мошне вешти и имале многу лесни железни кочии сo кои знаеле умешно да управуваат. Научиле да јаваат коњи, вештина која другите народи ја применувале дури во подоцнежниот период. Всушност, во ископините од времето на Хeтитите бил откриен прирачник за јавање коњи и се смета дека е тоа прв таков прирачник.

Според библиските извештаи, Хетите биле важен и моќен народ. Сепак, никој од древните историчари дури и не ги споменува, па критичарите ги сместиле меѓу легендите. „Хетитите“, се потсмевале тие, „тоа е уште една библиска невистина! Не постои таков народ! Историјата не знае ништо за нив“.

Приказната за откривањето на Хетитите ја содржи целата драматика и напнаност на еден бестселер.

 

Упатство

Лекцијата е поделена на теми. На крајот на читањето на секоја тема, кликнете на копчето ОЗНАЧЕТЕ ДЕКА СТЕ ЗАВРШИЛЕ.

Откако ќе ги прочитате сите теми во рамките на лекцијата, преминете на ТЕСТ.

По изработениот тест, можете да преминете на следната лекција.