1.10. Израелците во Египет и хронолошка револуција

1.10. Израелците во Египет и хронолошка револуција

Дванаесеттата династија имала некои моќни владетели кои ја развиле Фаијум, плодна оаза која прехранувала речиси 2 милиони луѓе. Исто така, фараоните на оваа династија граделе пирамиди за нивните гробници, но нивната градба била со полоша конструкција. По падот на оваа династија веќе не се граделе големи пирамиди.

Дванаесеттата династија владеела околу 200 години. Некои научници го одредиле датумот на почетокот на oвaa династија на 2000 години пред Христа, но неодамна некои научници се посомневале во овој датум. Предложените измени, засновани на научни анализи, го поврзуваат ропството на Евреите со 12-тата династија, а нивниот излез од Египет со почетокот на 13-тата династија.

Фејум

Хронолошка револуција

Во книгата „Векови на темнина“ („Centuries of Darkness“), издадена во 1991 година, Питер Џејмс (Peter James), заедно со уште четворица други научници, тврди дека датумите на древната египетска историја треба да се вратат за околу 250 години (стр. 318). Во воведот на оваа книга Колин Ренфру, професор на Универзитетот за археологија во Кембриџ, напишал: „Мислам дека нивната критичка анализа е точна и дека на повидок е хронолошка револуција во египетската историја“ (стр. 16).

Во книгата на Дејвид Рол „Проверка на времето“ („A Test of Time“), издадена во 1995 година, се предлага уште подрастично скратување.

Тоа би можело да значи дека библиските извештаи за Јосиф, преселувањето на Јаков и неговото семејство во Eгипет и нивното подоцнежно ропство под фараонот, се случиле за време на дванаесеттата династија. За ваквото тврдење има значајни археолошки докази.