20. Духовен напредок и заедништво
Во раните шеесетти години, Холанѓанецот Андреас пренел пакет Библии во Романија со својот „фолксваген“. Изнајмил хотелска соба и почнал да се моли Бог да го запознае со искрена група христијани, која на најдобар начин ќе ги искористи овие примероци од Библијата.
Тој викенд Андреас му пришол на хотелскиот службеник и го прашал каде може да најде црква. Овој чудно го погледнал и му одговорил: „Знаете, тука ги нема баш многу. Освен тоа, вие не го разбирате нашиот јазик“.
„Зар не знаете“, возвратил Андреас, „дека христијаните зборуваат универзален јазик?“
„А кој е тој јазик?“
„Агапе.“
Службеникот никогаш не слушнал за тој јазик, но Андреас го убедувал: „Тоа е најубавиот јазик на светот“.
Андреас успеал да пронајде неколку верски групи и договорил состанок со претставниците на една верска заедница. За жал, Андреас не разбирал ни еден од странските јазици со кои се служеле овие луѓе. Така седеле во собата гледајќи се еден со друг. Андреас минал илјадници километри со својот драгоцен товар и сега изгледало дека нема начин на кој би проверил дали овие луѓе навистина се христијански браќа.
Одеднаш, на канцелариската маса забележал Библија на романски. Андреас ја ставил раката во џебот и ја извадил својата Библија на холандски. Го побарал текстот во 1. Коринќаните 16,20 и им го покажал насловот на книгата што тие можеле да го препознаат. Истиот миг на нивните лица се појавила насмевка. Веднаш ја пронашле истата глава и стихот во своите Библии, и прочитале: „Ве поздравуваат сите браќа! Поздравете се еден со друг со свет целив!“
Луѓето блескале од среќа. Тогаш еден од нив ја побарал во својата Библија книгата Мудри изреки Соломонови 25,25. Андреас го пронашол стихот и прочитал: „Како студена вода за жедно грло, таква е добрата вест од далечна земја“.
Така минале половина час разговарајќи исклучиво со зборовите од Библијата. Биле толку среќни со заедништвото кое ги издигнувало над нивните јазици и култури што се смееле со солзи радосници. Андреас знаел дека пронашол браќа. Кога им го покажал својот пакет со Библии, браќата почнале радосно да го прегрнуваат.
Таа вечер му пришол хотелскиот службеник и му рекол: „Погледнав во речникот што значи зборот агапе, но таков јазик не постои. Тоа е грчки збор кој значи љубов“.
„Токму така. На тој јазик разговарав цело попладне“, одговорил Андреас.
Го познавате ли тој прекрасен јазик? Во оваа лекција ќе дознаете како Бог може да нè внесе во својот голем круг на љубовта.
1. Црквата е создадена за заедништво
Исус ја основал Црквата за да ги задоволи основните човечки потреби за поткрепа и воспитување. Сите имаме потреби, и токму затоа постои Црквата. Тоа не е место на кое би доаѓале да ја покажеме својата чесност, како кога се покажуваме со нова шапка, туку тоа е место на кое доаѓаме за да си помагаме меѓусебно. Апостолската црква била заедница на заемно предани верници. Од описот на оваа Црква дознаваме:
Светото писмо ја прикажува првата Црква која живо ги повикува верниците во радосно заедништво со семоќниот Бог:
Заедница на верници, зацврстена со пријателството со Исус, и меѓусебно, доживува целосна радост. Сите тие зборуваат со ист јазик – јазикот на љубовта.
Христијаните прават едно големо семејство. Тие стануваат браќа и сестри во Христа, зашто сите имаат сроден дух и природа. Колку што е поголемо единството на верата толку е посилна нивната меѓусебна поврзаност. Едно момче ја открило вредноста на таквата поврзаност. Момчето вели: „Во која и да е странска земја каде што сум бил, имав пријатели, иако никого не познавав. Ќе одев до најблиската црква и ќе се уверев дека нашето заедничко верување и надеж ги поврзуваат нашите срца. Тоа не беше случајно, ние си верувавме еден на друг и ја чувствувавме топлината на заедништвото. Кон мене се однесуваа како кон член на семејството во домовите во кои можевме меѓусебно да размениме само неколку зборови“.
Верниците на црквите што ги основале Христовите апостоли, биле меѓусебно поврзани со истата вера, љубовта кон Бога и со желбата да Му служат и да ја проповедаат Неговата милост на светот. Ова цврсто заедништво е еден од изразите на силата со која ова беспомошно и прогонето малцинство го раздвижи цел свет.
2. Црквата што ја основал Христос
Има ли Христос Црква, или целата замисла за верска организација е само човечки изум? Исус одговара вака:
Исус е Карпа, Засолниште, Камен-темелник на својата Црква. Која група била дел од овој темел?
Што правел Господ додека апостолите неуморно проповедале?
Кога Исус ја основал Црквата, ветил дека „портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа“ (Матеј 16,18).
Црквата и ден-денес постои. Имала моќни непријатели, од римските императори до разни диктатори, но крвта на мачениците само придонесувала за нејзиниот сè посилен раст. Кога еден христијанин би бил запален на клада или би бил фрлен пред лавови, неколку нови би се придружиле да го заземат неговото место. Црквата многупати морала тајно да дејствува, но секогаш излегувала посилна отколку пред пештерите и пустините. Скептиците правеле сè за да го прикажат христијанството како нелогична идеологија и често предвидувале дека ќе го снема заедно со останатите облици на празноверие. Меѓутоа, христијанската вистина, поуспешно од кога било, се натпреварува со научното и световното време.
Еден од најголемите предизвици за Црквата стигнал набргу по прифаќањето на христијанството како официјална религија на Римското царство. Црквата навидум напредувала, но низ неа се ширел отпад. Во средниот век изгледала духовно мртва, но Господ секогаш чувал мала група предани и храбри верници, кои во најтешките мигови сјаеле како ѕвезди во темна ноќ. Зборот „црква“ во оригинален превод значи „оние кои се повикани“. Бог создава свој посебен народ од оние кои ги повикал од светот.
Апостол Павле го споредува Христовиот однос кон Неговата Црква со заштитничкиот, нежен однос на сопругот кон неговата сопруга:
Црквата е семејство во кое сите членови воспоставуваат меѓусебни односи и несебично придонесуваат за нејзината благосостојба.
Апостол Павле, исто така, ја прикажува црквата како живо тело чија глава е Исус.
Крштавањето овозможува влегување во Црквата.
Книгата Откровение ги отсликува црквите како златни светилници (Откровение 1,20). Како е поврзан Христос со овие светилници?
3. Црква со цел
Во едно истражување на јавното мислење спроведено од „Галуп“ е откриено дека иако 94% Американци изјавуваат дека верското искуство им е важно, само 25% од нив редовно одат во црква. Многу луѓе денес ја прифаќаат идејата дека верата е лична работа на секој поединец. Својата отсутност тие ја оправдуваат со појавата на лицемерие во Црквата.
Сепак, факт е дека Христос ја основал Црквата за да ги исполни нашите потреби. Личната посветеност понекогаш слабее кога ќе дојдат тешки времиња. Нам ни е потребна поткрепата од другите за да остане нашата вера жива и плодородна.
Црквата му е потребна на секој поединец бидејќи заедништвото ни помага да раснеме. Црквата, освен ова, има уште три важни улоги:
1. Црквата ја чува вистината
Црквата ја чува и ја брани Божјата вистина пред светот. Поединец може лесно, врз основа на своето расудување, да скршне на различни доктринарни криви патишта. Не можеме да го прифатиме ставот дека е вистина она што некому ќе му падне на ум! Вистината е онаква каква што ја открива Бог. Нам ни е потребна заедничката мудрост на другите верници да ни помогнат да се сосредоточиме на клучните вистини на Светото писмо.
2. Црквата е пример на она што Божјата милост може да го направи за грешниците
„А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласи славните дела на Оној, кој ве повика од темнината во Својата чудесна светлина“ (1. Петрово 2,9).
Промената што Христос ја прави во животот на верникот го прославува Бога, кој нè повикува „во Својата чудесна светлина“. Црквата е втемелена на Исуса, „тајната на побожноста“ (1. Тимотеј 3,16). Нејзината сила почива на Христовата возвишена присутност во срцето на христијанинот.
3. Божјиот народ го објавува Христос на светот
Пред самото враќање на Небото, Исус им дал вакво ветување на своите ученици:
Црквата има големи предности што секаде по светот може да ја проповеда веста за Божјата неисцрпна љубов. Ние христијаните имаме голема одговорност да им го прикажеме Бога на луѓето со својот живот.
4. Организирана за да биде силна
Црквата што ја втемелил Христос се одликува со препознатлива организација. Личноста може да биде примена или исклучена од нејзиното членство (Матеј 18,15-18). Божјата црква ги именува водачите и има управи низ целиот свет, како и места за собирање (Дела на апостолите 8,14; 14,23; 15,21; 1. Тимотеј 3,1-10).
Верниците со крштавање се придружуваат кон организираната група (Дела на апостолите 2,41.47).
Црквата постои за меѓусебно охрабрување.
Ова е суштината на дејствувањето на здрава Црква. Нејзините верници меѓусебно се изградуваат во верата и се храбрат. Бог ја организирал Црквата да го зајакне својот народ и да му служи на светот. Факт е дека заедно можеме да направиме многу повеќе отколку како поединци. Да ја земеме за пример Адвентистичката црква. Таа извршува огромно медицинско дело во целиот свет со основање на здравствени установи, од подвижни амбуланти во сиромашните градски четврти до клиники на зафрлените острови на јужниот Пацифик. Нивните воспитни установи на десетици илјади млади им донеле сознание за подобар живот во Христа, од Универзитетот „Лома Линда“, кој предводи во научните истражувања преку високошколските и средношколските установи, до малите мисионерски училишта расфрлени во африканската внатрешност. Таа дели хуманитарна помош во подрачјата кои се погодени од елементарни непогоди и глад. Месните цркви помагаат во исхраната и облекувањето на сиромашните и бездомниците. Мисионерите адвентисти во повеќе од 190 земји ја проповедаат Радосната вест за Спасителот кој наскоро доаѓа.
Може ли верникот, како поединец, да го направи сево ова? Секако дека не може. Само организирана група на посветени христијани може да врши влијание низ целиот свет.
И Христос и апостолите ја нагласувале потребата од заедничко дејствување:
Сите делови на телото не се исти, но секој дел е важен и сите мораат да работат хармонично. Ако окото е одвоено од телото, не може да служи. Отсечената рака е бескорисна. Без разлика дали сме око, рака или само прст, сами не можеме да бидеме вистински делотворни за Христос. Припаѓањето на Црквата и единството со другите верници на Црквата нè зајакнува како верници.
5. Радоста на богослужението
Длабоко во нашите срца постои потребата да го обожаваме Бога. Меѓутоа, таа потреба може да ослабне ако не се изразува. Затоа сме повикани да Му го изразиме на Бога своето најдлабоко одушевување:
Како се чувствувал псалмистот додека брзал кон местото на богослужение?
Каква е улогата на музиката во јавното богослужение?
Во Библијата стои дека даровите се составен дел од славењето на Бога.
И молитвата е важен дел на јавното богослужение.
Проучувањето на Библијата и проповедта се најважниот дел на новозаветното богослужение. Почнувајќи од Петровата проповед на денот Педесетница, книгата Дела на апостолите ја открива клучната улога што Божјата реч ја имала во богослужението на раната Црква (Дела на апостолите, 2 глава). Од протестантската реформа, па сè до нашите дни, сите големи верски будења се темелеле на проповедање од Библијата. Зошто?
6. Што се случува со Црквата?
Некои приговараат дека Црквата е полна со несовршени луѓе, што веројатно е и вистина. Но, вистина е и она што го рекол Х. В. Бечер:
Бидејќи никој од нас не е совршен, ни Црквата не е совршена. И покрај тоа што Црквата е надеж на светот, според Исусовите зборови од една од Неговите куси приказни, каколот расте во житото (Матеј 13,24-30). Некој предложил Црквата да се нарече здружение на оние на кои им е простено и кои проштаваат.
Кога ги читаме новозаветните посланија на Павле, согледуваме дека апостолската Црква имала проблеми, а и денешната Црква е оптоварена со сериозни недостатоци. Секој од нас понекогаш дошол во црква очекувајќи да биде нахранет со Божјата реч, а се вратил гладен. Ние знаеме дека има проповедници кои не се однесуваат одговорно спрема своите верници, како и верници на Црквата кои не живеат како што проповедаат. Некои цркви станале толку нељубезни што еден верник рекол: „Толку е студено што би можеле да се лизгаме меѓу редовите“.
Понекогаш е многу тешко да се заборават сите овие пропусти и да се види Христовата првична намера за Неговата Црква. Понекогаш е многу поедноставно да се побегне од проблемите. Меѓутоа, да не заборавиме дека нема толку проблематична заедница на верници која би можела да го уништи или поколеба Каменот, Темелот на Црквата, самиот Исус Христос. Затоа, нашата единствена надеж е секогаш да гледаме во Спасителот кој служи за нас.
Црквата секогаш ќе остане место на кое грешниците се среќаваат со Бога. Јаков за местото на кое го сретнал Бога рекол:
Христос е Темел и Глава на Црквата, нејзин Спасител и Господ. И покрај нејзините недостатоци, Црквата Му припаѓа Нему. Оние кои ќе влезат во црква и ќе го насочат својот поглед кон Христа, ќе ја видат Неговата слава и сила на спасение. Тие ќе доживеат божествена радост и радост на заедништво со верниците.
Црквата за Исус е толку важна што се дал себеси за неа. Затоа и нам треба да ни биде важно припаѓањето на Црквата. Каков е вашиот однос кон Црквата? Дали сте дел од Божјето тело?
7. Која црква е вистинска?
Колку вистински вери, Цркви, Исус има на светот?
Бидејќи Христос има само „една вера“, како можеме да ја препознаеме вистинската? Исус ни дал клуч за пронаоѓање на вистинската Црква:
Кога ќе решиме да ја твориме Божјата волја, Тој ќе ни помогне да видиме дали науката на некоја Црква доаѓа од Бога или е тоа само човечка традиција. Најважната одлика на Црквата е нејзиното почитување на Божјата реч. Вистинското заедништво се гради на Светото писмо, а не на дејствувањето на харизматичните водачи или влијателни институции. Пред да ја одберете црквата на која ќе ѝ се придружите, важно е да се разберат неколку работи за кои досега не сме говореле. Лекциите кои следуваат ќе откријат неколку важни начела за донесување исправна одлука. Дваесет и шестата лекцијата посебно ќе се занимава со овој предмет.
Продолжете да ја откривате вистината во следните лекции, чекорете во светлината како што ви ја открива Бог и ви ја дава во Светото писмо, и малку по малку Неговата волја ќе ви станува сè појасна. Христијанинот расте додека го отвора својот ум и своето срце за да ја прифати вистината којашто Бог ја открива во својата Реч.
„Боже и Татко на сите нас, секогаш ќе Ти бидам благодарен што ја примив Радосната вест за Исус. Благодарен сум им на оние кои се жртвувале проповедајќи го Евангелието. И јас сега сакам да станам дел од големата заедница која ја проповеда Твојата љубов. Направи да бидам Твој сведок во Црквата и надвор од неа. Те молам во Исусово име. Амин.“