3. Дали Бог го цени мојот живот?
Понекогаш светот изгледа како рај. Се будите, длабоко вдишувате воздух крај отворен прозорец и гледате како златните сончеви зраци ги осветлуваат растреперените листови на дрвјата, истакнувајќи ги нивните прекрасни бои. Некои мигови го прават животот премногу драгоцен: лицето на драг пријател при разделба, музичко дело кое совршено го одразува човечкото расположение, ненадејно изразување на детска љубов.
Меѓутоа, во други денови светот ни изгледа како место на ужас. Се будите и ги гледате насловите во весниците кои известуваат за уште еден терористички напад при кој е осакатено или ослепено дете, за уште еден убиец кој тукушто ѝ го одзел животот на својата десетта жртва, за глад, војна или земјотрес. Некои моменти како да немаат смисла, правдата едноставно како да не постои. Слушате за млади мисионери убиени од припадниците на племињата кај кои отишле да им помогнат, а истовремено читате за водачи на мафија кои, опкружени со своите внучиња, уживаат во раскошниот живот на своите богати имоти.
Што значи сево тоа? Можеме ли во нашиот свет – кој е истовремено и прекрасен и страшен? Зошто сме овде? Дали мојот живот му е важен на Бога, или сум само мала честичка прав во некоја огромна вселенска маглина?
1. Бог создал совршен свет
Да почнеме со фактот дека Бог е Творецот кој го замислил и обликувал сето она што постои, од растенијата до крилјата на пеперутката.
Колкав временски период му бил потребен на Бога за да го изврши величественото чудо на создавање?
Бог треба само да проговори, да искаже желба, а електроните, протоните и неутроните забрзано да ја послушаат неговата волја. На Бога не му треба долг временски период за да ги реализира своите намери. Ние се обидуваме да ја ограничиме неговата сила кога тврдиме дека на Бога му се потребни милиони години еволуција за да го создаде светот. Ако сака, Тој тоа може да го стори за миг или во текот на одреден временски период.
2. Светот создаден за шест дена
Колку време му било потребно на Бога за да го создаде нашиот свет?
Вечниот, семоќен Творец можел да го создаде светот за еден миг со „здивот на својата уста“. Но кога Бог решил да го создаде светот, тој решил тоа да го стори за шест дена. Нему и на Неговата творечка сила не им биле потребни шест дена, доволно би Му биле само шест минути, па дури и само шест секунди.
Првата глава на Библијата, 1. Мојсеева, опишува што создавал Господ секој ден во текот на седмицата на создавање. Прочитајте го овој дел ако сакате.
Кое врвно дело го создал Бог во шестиот ден и со него го крунисал создавањето?
Бог решил да создаде единки кои можат да размислуваат, да чувствуваат и да сакаат. Секое човечко суштество е создадено според Божјиот лик. Ова е првата добра вест во Библијата која ќе ни помогне да се разбереме самите себеси.
Во шестиот ден светот бил исполнет со растенија и животни. Бог бил подготвен да го круниса делото на создавањето. Семоќниот го создал телото на Адам од земниот прав. Кога Бог му вдахнал животен здив во ноздрите, човекот станал „душа жива“, односно оживеал.
Бог на првиот човек му го дал името Адам, што значи „човек“ (стих 19). За да го заврши својот чин на создавање на човекот, Бог ја создал и првата жена Ева, што значи „жена“ (стихови 18-25). Првиот Божји дар бил создавање на човечката заедница.
Кога излегле од рацете на Создателот, Адам и Ева го одразувале Неговиот лик. Семоќниот можел да ги програмира човечките суштества да талкаат низ едемската градина и да ги подигаат своите раце во знак на обожавање на секое Негово движење. Тој можел да создаде актери коишто совршено би ги играле своите улоги. Меѓутоа, Тој сакал нешто повеќе од тоа – сакал да воспостави вистински меѓусебен однос со своите созданија. Животните можат да бидат приврзани домашни миленици, но тие не можат да остварат осмислен разговор. Роботите можат да се смеат, да зборуваат учтиво, дури и да мијат садови, но не умеат да сакаат.
Ова е причината зошто Бог го создал човекот. Тој не можел да ни укаже поголема чест од таа да нè создаде според својот лик, со можност да размислуваме, да избираме и помниме, да сакаме и да разбираме. Адам и Ева станале круна на создавањето. Тие биле Божји деца, деца кои му се неискажливо мили.
3. Појавување на злото во совршениот свет
Адам и Ева ги имале сите услови да бидат среќни. Тие уживале во совршено ментално и физичко здравје и живееле во совршено уредена градина, која била нивни дом (1. Мојсеева 2,8). Бог им ветил деца, способност творечки и креативно да размислуваат и да најдат задоволство во делата на нивните раце (1. Мојсеева 1,28). Тие одржувале секојдневна блиска заедница со својот Творец (1. Мојсеева 3,8). Немало грижа, страв или болест што би ја попречиле нивната среќа.
И ние понекогаш го слушаме ехото на тогашниот Едем во миговите кога животот ни се чини вреден и драгоцен. Но, што е со другата страна на животот? Како се случило светот толку сурово да се претвори во место на страдање и трагедија? Втората и третата глава на 1. Книга Мојсеева сеопфатно известува за тоа како гревот се појавил на нашиот свет. Прочитајте ги, а ние овде ќе дадеме кратко резиме на овие две глави.
Бидејќи Бог создал совршен свет, ѓаволот дошол во Едем да ги искуша Адама и Ева и да ги наведе на непослушност кон нивниот Творец. Бог го ограничил подрачјето на влијание на сатаната на едно дрво во градината, „дрвото на познавање на доброто и злото“. Тој, исто така, ја предупредил првата брачна двојка да не се приближува на ова дрво и никогаш да не јаде од него, затоа што ќе умрат.
Меѓутоа, Ева еден ден шетала покрај забранетото дрво. Ѓаволот веднаш го започнал своето убедување. Тој тврдел дека Бог не ја кажува вистината, дека тие нема да умрат ако вкусат од плодовите на дрвото, туку ќе станат мудри како Бога и ќе знаат што е добро и што е зло. До тогаш, Адам и Ева знаеле само за она што е добро. За жал, Ева, а подоцна и Адам, дозволиле ѓаволот да ги измами, вкусиле од плодот на забранетото дрво и со тоа ја нарушиле врската на доверба и послушност кон Бога.
Бог сакал Адам и Ева да бидат господари на светот што го создал (1. Мојсеева 1,26). Но, бидејќи ја прекинале врската на доверба и, од небрежност, го избрале сатаната за свој нов водач, човечката двојка ја изгубила власта над Земјата. Ова бил првиот чекор што ја навел нашата планета да се побуни против Бога. Ѓаволот и денес сè уште го присвојува светот како своја област и дава сè од себе за да ги зароби луѓето.
Често пати се затекнуваме себеси како правиме некое себично или сурово дело, иако би сакале да го правиме токму спротивното. Зошто е тоа така? Затоа што силите на злото дејствуваат во нашиот свет. Невидливата непријателска сила, ѓаволот, прави сè за да го уништи моралот на луѓето. Бројните бесмислени и застрашувачки злосторства, за кои со вџашеност читаме, се последица на дејствувањето на поединци кои, свесно или несвесно, се препуштиле себеси на силите на злото и кои прават незамисливи злосторства. Додека ја читате третата глава на Првата книга Мојсеева, ќе откриете дека гревот ги принудил Адама и Ева, во својот страв, да се скријат од Бога. Гревот влијае на сè што е создадено. Трнот расне покрај цвеќето. Почвата трпи суша, а обработувањето на земјата станува сè потешко. Болестите незапирливо се шират. Љубомората и непријателството, недовербата и алчноста ја зголемуваат човечката мизерија, а најстрашно од сè е дека со гревот настапила и смртта.
4. Кој е ѓаволот што нашиот свет го заразил со грев?
Новиот завет го спомнува ѓаволот, или сатаната, околу стотина пати. Библијата јасно учи дека сатаната е жива личност. Каков увид во карактерот на сатаната ни дава Исус?
Според Исусовите зборови, ѓаволот е изворот на гревот во вселената, „татко“ на гревот, убиствата и лагата.
Томас Карлајл, голем англиски филозоф, во една пригода го повел Ралф Валд Емерсон низ некои од најсиромашните лондонски улици. Додека тивко чекореле гледајќи ги бедата и злото околу себе, Карлајл го прашал: „Веруваш ли сега дека постои ѓаволот?“ И ние би можеле да појдеме во слична обиколка на болниците, затворите и сиромашните предградија, или да ги следиме телевизиските камери во борбите при кои се сакатат или умираат недолжни луѓе, и тогаш да прашаме: „Верувате ли сега дека постои ѓаволот?“
5. Дали Бог го создал ѓаволот?
Од каде, според Исусовите зборови, дошол ѓаволот?
Како Библијата го опишува паѓањето на ѓаволот од небото?
Дали Господ го создал ѓаволот? Не! Сè што прави Господ е совршено. Добриот Господ не можел да го создаде ѓаволот. Меѓутоа, Библијата сепак тврди дека сатаната, заедно со ангелите кои ги прелажал, го изгубил своето место на Небото и дошол на Земјата на која успеал да изведе успешен бунт, одземајќи им ја власта на Адам и Ева над нашиот свет.
Од каде дошол ѓаволот? Како воопшто се нашол на небото?
Според овие стихови, Господ не го создал ѓаволот, туку тој станал совршен ангел кој полека се преобразувал во сатана. Ѓаволот го започнал својот живот како еден од најблескавите небесни ангели, стоејќи покрај Божјиот престол. Но станал ѓавол бидејќи „ти се зачна беззаконие во срцето“. Фрлен од небото, правејќи се дека им е пријател на Адама и Ева, станал најогорчениот човеков непријател.
Кога во цртан филм ќе го видите ѓаволот со рогови, опашка и раздвоени копита, не заборавајте дека Библијата не го опишува на таков начин. Од Библијата дознаваме дека големиот Божји непријател некогаш бил прекрасен, мудар и свет ангел.
6. Зошто сатаната згрешил?
Ако Бог го создал сатаната како совршен ангел, зошто тој станал своја спротивност?
Луцифер, „ѕвездата Деница“ или „Светлоносец“ било првобитното име за битието кое станало сатана или ѓавол. Во срцето на овој ангел се појавиле честољубие и горделивост кои ја замениле преданоста кон Бога. Семето на горделивоста му станало опсесија да го заземе Божјото место. Иако Бог веќе му дал висока положба на Небото, старешинство над ангелите, тој сакал уште повеќе. Зависта кон Бога сè повеќе раснела, сè додека не решил да го преземе Неговиот престол.
Луцифер упорно ги убедувал другите небесни суштества дека неговиот план е подобар, дека Бог крие нешто од нив и дека Божјиот закон е престрог. Се обидел да го претстави Бога како бесчувствителен владетел. Тој го наклеветил името на Оној чиј карактер е – љубов.
Како завршил овој судир на Небото?
Кога срцето на Луцифер се исполнило со горделивост, тој решил да се побуни. Бог го фрлил од Небото. Зошто? Бидејќи горделивоста и себичноста се корен на секој грев и не можат да опстојат во Божје присуство. Луцифер ја изопачил љубовта кон Бога во болна љубов кон себеси. Љубомората направила главатарот на ангелите да стане ѓавол или сатана. За да се зачува мирот и хармонијата на Небото, тој и третина од ангелите, кои му се придружиле во бунтот, биле исфрлени од Небото (Откровение 12,7-9).
7. Кој е одговорен за гревот?
Зошто Господ не создал суштества коишто не можат да згрешат? Да го сторел тоа, дали би постоел проблемот на злото во денешниот свет?
За да одговориме на ова прашање, треба уште еднаш да се присетиме зошто Господ нè создал. Тој сакал суштества со кои може да воспостави разумен однос. Господ сторил нешто што може само Тој:
Тоа значи дека сме слободни и одговорни суштества. Ние сами решаваме дали ќе го сакаме Бога или ќе му го свртиме грбот. Која посебна способност им ја дал Бог на ангелите и на луѓето по која се разликуваат од животните?
Бог ги повикува луѓето, кои ги создал според својот лик, да изберат добро, бидејќи личната способност за сфаќање им открива дека Божјиот пат е најдобар. Тој, исто така, им кажува да се одвратат од злото, зашто нивната способност за расудување ги предупредува на последиците од гревот и непослушноста.
Бог не морал да нè создаде како слободни морални суштества. Само суштества со способност за расудување и избор можат да доживеат вистинска љубов. Тој сакал да создаде суштества кои можат да го сфатат и почитуваат Неговиот карактер, слободно да одговорат на Неговата љубов, а и спрема другите да бидат исполнети со љубов.
Бог по секоја цена сакал да ја сподели својата љубов, и затоа презел голем ризик создавајќи луѓе кои ќе имаат можност слободно да избираат. Тој ја знаел можноста дека еден ден некое од Неговите суштества може да Му ја откаже послушноста. Сатаната прв во вселената донел такво решение. Така, со него почнала трагедијата на гревот (Јован 8,44; 1. Јованово 3,8).
8. Крстот го овозможува уништувањето на гревот
Зошто Бог не го уништил Луцифера пред да се рашири болеста на гревот? Важно е да се има на ум дека сатаната го довел во прашање Божјето владеење. Тој зборувал лаги за Бога. Помислата за лажење никогаш претходно не се родила во умовите на ангелите. Затоа и не е чудно што не сфатиле што сè стои зад измамите со кои настапувал Луцифер.
Ако Бог веднаш го уништел Луцифера, ангелите веќе не би му служеле од љубов, туку од страв. Тоа било спротивно на целта за создавање суштества со слобода на избор.
Како некој можел да знае дека Божјиот пат е најдобар? Никој до тогаш не се осмелил да појде по некој друг пат. Бог на сатаната му дал можност да се определи. Затоа добил можност да им се обрати на Адама и Ева. Оваа планета станала место за опит, на кое карактерот на сатаната и суштината на неговото царство се споредуваат со Божјето. Кој има право? Кому да му веруваме? На ова прашање треба да одговори големата борба меѓу Христа и сатаната.
Измамата на Луцифер морала да биде откриена за да може целата вселена да се увери во неговата намера. Требало многу време за сите да ја сфатат разорноста на неговиот предлог. Но, на крајот, секој ќе сфати дека „смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Римјаните 6,23).
Сите суштества во вселената тогаш ќе изјават:
Кога сите ќе ја сфатат смртоносната и разорна природа на гревот и намерите на сатаната, Бог ќе може да ги уништи и сатаната и гревот. Тој, исто така, ќе мора да ги уништи и оние кои тврдоглаво ја одбиваат Неговата милост и го следат патот на сатаната. (За тоа ќе кажеме нешто повеќе во 22 и 23 лекција).
Самиот Бог, како и ние, сака да го разреши проблемот на гревот и страдањето. Меѓутоа, тој чека тоа да го стори еднаш и засекогаш, да ја зачува нашата слободна волја и да го спречи повторното појавување на злото.
Како можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе го уништи гревот засекогаш?
Кога Бог конечно ќе му каже на гревот „Се заврши“ (Откровение 16,17), гревот ќе го снема засекогаш. Вселената веќе никогаш нема да биде заразена со грев. Трагичните последици на гревот толку јасно ќе се истакнуваат што непослушноста кон Бога ќе им биде одвратна на сите за цела вечност.
Што го овозможува конечното уништување на гревот и сатаната?
За време на распнувањето, целата вселена видела кој е измамник, лажливец и разбојник. Така сатаната ја откри својата вистинска природа, принудувајќи ги луѓето да го убијат невиниот Божји син. Жителите на целата вселена гледаат колку е безумен и суров гревот. Во согласност со тоа, сите ќе признаат дека Бог е праведен кога ќе го уништи сатаната и сите оние кои упорно продолжуваат да прават грев.
Исусовата смрт на крстот го потврди отстранувањето на гревот од вселената, бидејќи пред целата вселена ги разоткри вистинските намери на сатаната (Јован 12,31-32). Крстот, исто така, покажа кој е Христос, Спасителот на светот. Голгота за сите времиња докажа дека љубовта и самопожртвуваноста го мотивираат Бога во Неговата пресметка со сатаната, гревот и грешниот човек.
Христовото јасно откривање на Божјата безусловна љубов на крстот надвладеало над сè што можат да сторат сатаната и човекот. Ѓаволот е сосема поразен. Борбата меѓу Христа и сатаната за превласт над овој свет е завршена. Крстот засекогаш го решил тоа прашање. Исус Христос е победникот.
Сакате ли да воспоставите заемен однос со Творецот кој умрел за да ни ја открие неспоредливата и неменлива љубов? Наведнете ја главата, заблагодарете му на Исуса и побарајте Тој да го исполни вашиот живот!
„Драг небесен Татко, Ти благодарам за Исусовата победа над сатаната. Ти благодарам што на крстот толку милостиво ни понуди проштавање на гревот. Те молам, дојди во моето срце и бори се против мојата лоша природа. Земи го целото мое битие. Помогни ми секој ден да останам близу до Христа. Ти благодарам во името на Исус. Амин.“
Во што се разликува човекот од животните?
Зошто Бог веднаш не го уништил Луцифера?
Според Римјаните 6,23, што е Божји дар?