25. Откријте ја благодарноста
Поранешни робови
Тогаш, како треба да живееме? Ова е вистинското прашање кое се раѓа кога во целост ќе го согледаме спасението што ни го обезбедил Бог.
Како што проучувавме, луѓето се вплеткани во долготрајната војна со многу изразена психолошка компонента – тоа е големата борба меѓу Христа и сатаната. Како што видовме, нам, преку Исуса, дадена ни е победа – победа над сатаната, над вечната смрт, над ропството на гревот и над самите себеси. Ние веќе не сме робови на суровиот работодавец, но треба и самите себеси да се согледаме во таква светлина.
Ова не значи дека нашиот живот е совршен. Исус е единствениот кој воопшто така живеел. Величествената вест на евангелијата гласи дека, ако веруваме, а благодарение на чудесната Господова благодат, Христовиот совршен животи Неговото совршено минато ни се припишуваат како наши. Дадени ни се Неговото совршенство, Неговата праведност, Неговата светост, и ние стоиме пред Бога во Христовата совршеност и праведност.
Тоа значи да се биде оправдан со вера – да се биде одново роден, да се има нов живот, ново постоење во Исуса. Ние навистина не сме веќе робови на гревот, смртта и на сатаната. Ова е срцето и душата на христијанската вера.
„И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото“ (2. Коринќаните 5,17).
Како што видовме, кога ова ќе го доживееме, ќе ни се промени животот, често, многу драматично.
Спротивности
Навистина, во Христа стекнуваме сосема нов живот, осмислен, живот кој има цел. Благодарение на радосната вест на евангелијата, епопејата, чиј дел сме, не мора да заврши трагично.
Во 18. век, славниот британски филозоф Дејвид Хјум, кој го отфрлил христијанството, пишувал за општата збунетост од животот. Рекол дека животот поставува толку многу прашања, а се чини – барем нему му се чинело – дека нуди премалку одговори, ако и воопшто ги има. Тој напишал:
„Подготвен сум да ги отфрлам сите верувања и расудувања, а некое мислење да не го сметам поверојатно од некое друго. Каде сум и што сум јас? Зошто постојам и во каква состојба ќе се вратам? На чија милост ќе се додворувам и од чиј гнев ќе се плашам? Какви суштества ме опкружуваат? Врз кого имам какво било влијание или кој има влијание врз мене? Сите овие прашања ме збунуваат и почнувам себеси да се гледам во најбедната можна состојба, опкружен со најцрната темнина и целосно лишен од употребата на секој свој орган и од секоја способност.“
Колку оваа изјава се разликува од следново:
Да се види и Ефесјаните 3,14-19.
Големиот налог
Меѓутоа, прашањето за нас гласи: Како треба да живееме, знаејќи дека сме Христови, првин по создавањето, а потоа и по откупување? Што бара Бог од нас, давајќи ни толку многу, и тоа е бесплатно?
Непосредно пред вознесението на Небото, Тој им рекол на своите следбеници:
Овие стихови, познати и како „Големиот налог“, поттикнале милиони Христови следбеници да одат насекаде по светот и да ги учат луѓето за Исус и за она што Тој го сторил за нив.
Секако, не може секој да се спакува и да отпатува во некоја далечна земја за да го шири Евангелието. Сепак, Бог го повикал секој кој тврди дека Му служи да ги користи своите дарови и способности за Него, а што е подобро од напорот радосната вест за спасението да досегне до други луѓе?
Нема поголема предност од тоа да бидеме алка во синџирот, посредник во пренесувањето на радосната вест што сме ја чуле од Бога. Всушност, тој синџир не е можно да се прекине.
Христос раскажал една парабола која започнувала вака:
(Воочете понатаму во параболата дека талантот се користи како драгоценост која може да се умножува.)
Забележете дека Тој дал секому „според неговата моќ“. Секому не му е дадено исто, па така не се ни очекувало од секој да направи иста работа, но секој од нив добил да го заврши својот дел.
Меѓутоа, на крајот од параболата оној што имал намалку, кој ништо не работел, бил казнет. Тој имал два проблема. Прво, мислел дека она што го добил било безначајно; второ, ништо не направил. Сè што имаме е Божјо – тука нема ништо безначајно.
Времето како дар
Проучувавме за саботата и видовме дека Бог ни заповеда тоа посебно време да го сметаме свето. Потсетувањето дека саботата треба да ја сметаме света практично значи признание дека сето наше – секој миг од нашиот живот – му припаѓа на Бога.
Како што рекол Павле, „зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме“ (Дела 17,28).
Преку кого ние живееме, се движиме и постоиме? Во колкава мера му припаѓаме на Бога?
Во 1. Коринќаните 12, Павле употребил аналогија со различни органи како илустрација дека секој од нас, со разновидните дарови и таленти, мора да ги употреби тие дарови и таленти за напредок на црквата и за сведочење на другите. Било да станува збор за помагање на сиромашните, за облекување на оние без облека, исхрана на гладните, помош на болните или за учење, или за проповедање или за што било друго, повикани сме да бидеме слуги, да му пружиме помош на светот кој умира.
Надарени луѓе
Западната култура ги обожава талентираните луѓе и нивните способности –луѓето со икс фактор. Психолозите ни велат дека ние во нив го гледаме она што и сами би сакале да бидеме. Меѓутоа, Бог вели дека сите сме надарени, а видовите дарови што ги имаме и нивниот број, сè потекнува од Него. Кога ќе го тргнеме погледот од ѕвездите – без сомнеж од надарените луѓе што ги гледаме во медиумите насекаде околу нас – и престанеме да се споредуваме со нив, постепено ги согледуваме своите реални можности. Она што ни го доверил Бог може да биде мало или големо, ретко или обилно. Што и да е, Бог тоа ни го доверил, а Бог бара само да му бидеме верни.
1. Коринќаните 4,2
Бог ни дал дарови за да служиме на благослов на другите. Каква спротивност во однос на тоа како човекот најчесто ги употребува Божјите дарови – само за себе и заради своја слава!
Прашањето кое треба да си го поставиме себеси гласи: Какво завештание ќе оставиме кога ќе го снема еднаш овој свет? Што ќе значи тогаш икс фактор?
Или кои медали, или почести, или слава или богатство ќе бидат тогаш важни?
Бог едноставно сака верност.
Од сè на овој свет ќе останат само луѓето спасени со Исусовата крв – душите кои можеби не би дознале ништо за Исуса не сме биле ние и нашите напори да ги достигнеме!
Десетпроцентно решение
Една стара изрека, вистинита во својата суровост, гласи: Стави пари таму каде што ти е устата.
Ова важи и за верата. Бог вака вели:
На крајот на краиштата, секој може да ја исповеда верата. Не нè чини многу да зборуваме. Да се стават пари таму каде што ни е устата, или каде што ни е верата, меѓутоа – тоа значи на јасен начин себеси да си покажеме колку веруваме во зборовите што ги искажуваме.
Затоа Бог во Библијата го воспоставил она што се нарекува десеток, односно десетти дел. Оваа замисла е едноставна – таа подразбира да оставиме свои пари, или барем десетти дел од нив, таму каде што ни е устата. Тие кои даваат десеток, кои на Бога во вера му враќаат десетти дел од своите приходи, знаат дека давањето на десетокот над сè е чин на славење на Бога.
Потребно е човек да верува за да му даде на Бога десет отсто од она што го заработува. Одвојувањето на десетокот само по себе е чин на вера. Тоа влегува во дефиницијата живот со вера.
Сепак, верата на мнозина луѓе, богати и сиромашни, понекогаш не оди понатаму од паричникот – што воопшто не е права вера!
Десетокот во Библијата
Многу пред создавањето на народот на Израел, Аврам на Бога му го враќал десетокот. Еве како тоа го опишува Библијата:
Според тоа, Аврам му дал на свештеникот, претставникот на Вишниот Бог, десеток од сè што стекнал. Според тоа, многу пред создавањето на Израел како народ, веќе се практикувало давањето десеток.
На ова начело наидуваме и подоцна, кога Јаков, затвореник и бегалец, му вели на Господа:
Забележете ги зборовите на Јаков: „И од сè, што ќе ми дадеш…“ Со други зборови, Јаков признавал дека материјалните богатства што ги поседува потекнуваат од Бога. Давањето на десетокот, како и саботата, ни помага да се сетиме дека сето добро потекнува од Оној преку кого „живееме, се движиме и постоиме“ (Дела 17,28), а ова често толку лесно го забораваме. Давањето десеток е многу стварен и конкретен начин да не го заборавиме тоа. Тој нè штити и од алчноста:
Десетокот му припаѓа на Господа – тоа е Негов десеток.
Наместо времето, како кога станува збор за саботата, овде се работи за пари. Со враќањето на десетокот признаваме дека сè што имаме доаѓа од Бога:
Во Новиот завет, десетокот се подразбира. Да требало да се укине нешто толку длабоко вкоренето, зар немаше да каже нешто Новиот завет за тоа, како што јасно рекол за обрежувањето? Наместо тоа, нема ни збор против десетокот. Исто така, зошто толку моќен противотров за алчност и себичност
– нешто што е толку корисно не само за општеството туку и за самиот верник
– ненадејно да биде укинат?
Кога го осудува лицемерието на некои книжевници и фарисеи, Исус вели:
Овде не се работело за давањето десеток, кое се подразбирало; проблемот бил во недостаток на милост и правда кај некои верски водачи. Овде Христос ја осудил злоупотребата на оваа света должност. Самата должност – одвојувањето десеток – Исус не го укинал. Тој позитивно зборувал за него, говорејќи против неговата злоупотреба.
И Павле го поддржал стариот израелски систем за давањето десеток, со кој се поддржувала работата на свештенството, кога напишал:
Со оглед на тоа дека Бог е Создател, а оттаму и врховен сопственик на сè, Тој има право да бара нешто за себе. Видовме дека тоа го сторил кога станува збор за времето. На самиот почеток, во Едем, Бог одвоил едно дрво и им рекол на луѓето да не го допираат. Дали тоа било отровно? Не било. Дали било грдо за гледање? Не било. Дали неговите плодови биле горчливи или кисели?
Не биле. Па зошто тогаш Бог го издвоил тоа едно дрво? Тоа било можност, како што се покажало подоцна, Адам и Ева да ја покажат својата доверба во Бога. Што значи довербата ако не постои некој начин таа и да се покаже?
Исто е и со десетокот. Конечно, сè што поседуваме материјално му припаѓа на Бога. За да нè потсети на тоа, и да ни даде практична можност да ја покажеме својата доверба во Него и верата во Неговата грижа за нас, Тој една десеттина од нашите приходи ја наменил за себе.
Во западните општества, и не само во нив, луѓето се проценуваат според износот на сметката в банка, или според автомобилот што го возат, или куќата во која живеат, или според деловните вештини, додека Бог вели: „Чекајте; јас на тоа гледам поинаку“.
Не постои ништо што поседуваме – било материјално било духовно – а да не потекнува од Бога, големиот Давател. Давањето десеток е наш начин да Му кажеме на Бога: Јас Те признавам за свој Бог, од кого добивам сè. Ти благодарам. Можеме да МУ веруваме на Бога. Чудесно е кога ќе сфатиме дека со девет десеттини со Божји благослов се постигнува повеќе отколку со десет десеттини без него.
Кому му е многу дадено
На крајот, ние во Христа веќе не сме робови, и треба себеси да се согледуваме на таков начин. Напротив, ние сме слободни, и живееме нов живот во Него. Бидејќи не можеме да го заслужиме спасението, можеме само да ја покажеме својата благодарност за него. Тоа го правиме кога живееме онака како што очекува Бог од нас да живееме, и кога мудро управуваме со секој дел од својот живот, што ги вклучува и за нас особено значајните делови во кои сме особено склони кон себичност – времето и парите.
Можеби начелото, кое го искажува тоа на најдобар начин, се наоѓа во следниве зборови:
Во оваа историја чиј дел сме сите ние, и понатаму сè се врти околу истите прашања. Не заборавајте, Бог на Адамa и Ева им ги пружил плодовите од сите дрвја освен од едно. Тоа било тест за верата и довербата. Бог мислел сериозно.
Дали Бог е праведен? Апсолутно. Дали Тој ни скусува нешто добро? Воопшто! Тој ни го дава и воздухот што го дишеме. Како и со помош на она едно дрво во едемската градина, така Бог и со десетокот ни дава можност на практичен начин да ни ја покаже својата доверба и да ја потврди својата зависност од Него. Така оваа епопеја добива и лична димензија за секој од нас.