22. Тргнете од почеток
Изгубениот сенџак
Писателот на кратки приказни Х. Х. Манро, познат како Саки, напишал приказна со наслов Изгубениот Сенџак. Во неа се зборува за Англичанец на кој му се распаѓал животот, и кој сакал да почне од почеток, но не знаел како. Една ноќ, додека се враќал дома, открил мртво тело на човек во униформа на капетан на Војската на спасот, со многубројни повреди зашто очигледно го удрило некое возило со голема брзина. Ја заменил облеката со неговата и ги ставил своите документи врз трупот. Така трупот бил идентификуван како негов, а тој можел да си замине и да започне нов живот како некој друг. Барем така планирал.
За жал, покојникот не бил усмртен од возило во полна брзина, туку бил убиен. Да биде уште полошо, во тој крај бил забележан некој облечен во униформа на капетан на Војската на спасот и станал главниот осомничен. Со други зборови, тој самиот – божемната жртва на убиството – станал едновремено и осомничен убиец!
Приказната на Саки ни го кажува она што повеќето луѓе веќе го знаат – не е лесно да се почне од почеток.
Нема осудување
И Библијата ни зборува за нов живот – нов почеток – кој, меѓутоа, за разлика од човекот од приказната на Саки, ние не можеме сами да го обезбедиме. Овој нов живот, наместо тоа, се создава само преку Исуса – преку она што Тој го прави за нас и во нас.
Како што веќе видовме, една од клучните теми на овие лекции е големата вест – чудесната вест – ветувањето за оправдувањето со вера. Тоа е, несомнено, најзначајното библиско учење, според кое, без оглед на нашето минато, без оглед на нашите гревови, ние можеме да стоиме пред Бога совршени во Исуса Христа – не поради она што ние сме го сториле, туку, напротив, и покрај тоа што сме го сториле. Ова совршенство ни е достижно поради она што Исус го сторил за нас, затоа што совршениот живот што
го живеел Тој му се припишува на секој оној што ќе го прифати со вера. И така, без оглед на тоа колку бил грешен нашиот живот, нас Бог нè гледа како совршени поради совршенството на Исуса Христа. На тој начин ние, иако паднати, можеме да бидеме праведни пред Бога.
Оттаму и она чудесно ветување:
Нема осудување? Зошто? Дали затоа што овие луѓе станале безгрешни, или совршени, или се некако доволно променети и дека сега Бог веќе не ги осудува?
Не, ова осудување е отстрането затоа што со вера посегнале по праведноста на Исуса Христа како да е нивна. А големата вест е дека, преку чудесното Евангелие, секој кој прави така ја добива Исусовата праведност. Неговата праведност, Неговата светост, Неговото совршенство станува нивно и тие пред Бога стојат оправдани, со простени гревови. И, повторно, тоа не се случува благодарение на нашите дела, што е невозможно, туку преку верата во Исуса и Неговите дела за нас.
Сево ова води кон едно едноставно прашање. Дали можат нам, кои сме осудени пред Бога на вечна смрт поради нашите гревови, тие гревови да ни бидат простени и да бидеме оправдани без да доживееме преобразување? Со други зборови: по сè што Бог го направил во Христа за да нè спаси – како тогаш треба да живееме?
Тоа е слично на помилување на затвореник, кој бил осуден на смртна казна, а потоа пуштен. Каква и да била потребна некоја административна процедура, за да се оствари ова, во некоја владина канцеларија со километри далеку од неговата ќелија, нејзиниот резултат ќе има радикално влијание врз неговиот живот. Тоа помилување не е само работа на правникот. Тоа станува лично искуство на затвореникот. На крајот на краиштата, тој излегува од затвор како слободен човек! Ако тоа не е коренита промена, тогаш што е?
Иако самото помилување е извршено некаде надвор, далеку од него, тоа навистина исклучително го променило неговиот живот.
Исто е и со нас. Кога не сме веќе осудени со Божјиот закон, нашиот живот се менува. А таа промена, колку и да е лична, започнува со она што христијаните го нарекуваат – ново раѓање.
Новородени
Во еден од најпознатите текстови, Исус – во ноќен разговор со еден верски водач на стариот Израел – го рекол следново:
Исус овде е сосема јасен – ако одново не се родите, односно, сè додека не ја доживеете промената – вие не можете да го видите Божјето царство. Со други зборови, не можете да бидете спасени.
Дали Исусовото учење се разликува од спасението со вера? Секако дека не. Наместо тоа, Тој учи дека е неизбежен резултатот на оправдувањето – кога човек е спасен со вера – целосно нов живот во Него, нов живот кој ја карактеризира фразата ново раѓање.
На крајот на краиштата, ако раѓањето е почеток на еден живот, тогаш што е новото раѓање ако не почеток на нов живот?
Токму тоа се случува со секој кој со вера се предал себеси на Христа, прифаќајќи ја Неговата праведност како своја. Осудувањето е отстрането, а тој човек стои пред Бога помилуван, со простени гревови и оправдан. Резултатот на тоа е дека неговиот живот е променет
Уште еднаш, како можеме ние да преминеме од смрт во живот, од отуѓување во помирување, од вина во помилување, а да не доживееме промена во начинот на живеење?
Погледнете ги овие текстови:
Откупени со Неговата крв, со простени престапи, избавени од силата на темнината, оживеани заедно со Него – сево ова не може да му се случи на човека а да не му се промени животот.
Крштавање
Во првите пет глави од посланието до Римјаните, апостол Павле зборува за две главни теми:
Прво, сите ние – Евреи и незнабошци – сме грешници. Второ, спасението за сите – и за Евреите и за незнабошците – се добива само преку вера во Исуса Христа и Неговата праведност, која е „Божја правда“ (Римјаните 3,21-22).
Потоа, Павле во шестата глава го пишува следново:
Од шестата глава па натаму, Павле сево ова го сведува на лично, индивидуално ниво на значење, и лично и практично, во животот на личноста која го прифатила она што Исус го сторил за неа. Не само што гревовите и се простени и дека е помилувана, туку преку силата Божја што дејствува во неа таа, со вера, умрела за својот поранешен грешен живот, и се смета за мртва, и сега има сосема нов живот – ново раѓање во Исуса.
Прочитајте уште еднаш што вели Павле во тие текстови: кога го прифаќаме Исуса, кога го прифаќаме Неговиот живот, Неговото совршенство, Неговата светост, ние добиваме нов живот, а тоа се случува кога се откажуваме од своето јас и живееме за Него
Крштавањето е надворешен израз на внатрешниот избор.
Смрт пред животот
Зборот за крштавање што се користи во англискиот и во некои други јазици потекнува од грчкиот глагол „баптизо“, што значи „зарони“, а потекнува од еден друг грчки глагол, „бапто“, што значи „нурка во или под вода“. Доказот од Новиот завет јасно покажува дека нурнувањето во/под вода се разликува од попрскувањето.
На пример, кога Јован го крстил Исуса – Тој тоа го сторил не затоа што на Исуса му било потребно ново раѓање, туку затоа Исус да биде наш пример – Библијата вели:
Тој е крстен во Јордан, а потоа излегол од водата. Овие стихови имаат смисла само ако се работи за нурнување.
„…Зашто таму имаше многу вода.“ Да е крштавањето само попрскување, би била доволна и само една чаша вода – и ништо повеќе. Попрскувањето го заменило крштавањето во текот на средниот век. Радосната вест за оправдувањето со вера постепено е заменета со учењето за оправдувањето преку некој обред или лични дела. Поради тоа, за да бидат сигурни дека бебињата нема да го загубат вечниот живот затоа што не се крстени, луѓето почнале да ги попрскуваат. Сепак, самото крштавање не нè спасува, туку тоа го прави Исус. Крштавањето е само знак на одлуката дека го прифаќаме Исуса Христа. Тоа е значајно. Христос вели дека тоа е знак на верност.
Шестата глава во посланието до Римјаните вели дека „ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот […] Знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот; бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот“ (Римјаните 6,4.6-7).
Погледнете ја сликата од Христовото распнување, смртта и погребот. Нурнувањето во вода го симболизира сево ова – смрт на стариот карактер, на старата грешна личност, погребана со Христа; стариот човек – она што сме биле претходно – станува распнат со Него.
Што значи тоа?
Кога го прифаќаме Христа, кога го прифаќаме она што Тој го сторил за нас, ние донесуваме една одлука. Со вера потврдуваме дека Исус умрел за нас – дека сме умреле и ние кога умрел Исус! За да го преведете ова на поединечно ниво, заменете го ние со јас – Христовата смрт така станува моја смрт. Забележете го ова:
Неговата смрт се смета како наша смрт. Ние тоа го прифаќаме со вера. Ние сме платиле за нашите гревови со тоа што Христос умрел за нас!
Затоа сега и размислуваме на нов начин; некогашниот, грешен начин на живот го сметаме мртов. Во таа смисла ние сме распнати со Христа (Галатјаните 2,20), и тоа всушност значи она што го прочитавме во претходните библиски текстови – се откажуваме од некогашното јас,ослободени од гревовите, затоа што она што било поминало (2. Коринќаните 5,17). Крштавањето, нурнувањето во вода, потопувањето во водениот гроб, го симболизира распнувањето на стариот живот.
Тоа не е само смрт туку погребение, зашто ние со крштавањето се погребавме со Него (Колошаните 2,12). Како што следува погребение по смртта, така, кога верникот оди во водениот гроб, и неговиот стар живот, кој го отфрлил прифаќајќи го Исуса, станува погребан.
Живот по смртта
Секако, крштавањето не е само нурнување во вода. Треба и да се стане, што го симболизира новиот живот со кој сега живееме бидејќи сме се предале на Христа.
Нов живот! Тоа е промена која почнува во нас кога Христос ќе нè оправда, и ќе ни ги прости гревовите. Како и помилуваниот затвореник, и ние заминуваме слободни – ослободени од осуда и слободни од ропството на гревот.
Забележете ја замислата за ропство на гревот. Ова е значајна тема. Низ досегашните лекции зборувавме за големата борба – борбата која беснее меѓу доброто и злото, не само во светот туку и во нашите срца. Личноста која себеси се предала на Христа и е крстена – што е симбол на смртта за нејзиниот стар начин на живот и новиот живот во Христа – не станува безгрешна во истиот момент. Сепак, таа сега има нови мотиви, нова смисла, нови желби, намери, иако и понатаму води борба со самата себеси, иако понекогаш и паѓа. Таа има нов ум и ново срце што и ги ветил Бог:
Езекиел 36,26„Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас“ (1. Јованово 1,8).
Сега, поврзани со Христа, можеме да го победиме она што порано не сме можеле. Можеме да бидеме слободни од ужасните и разорните навики. Можеме да се ослободиме од грешењето кога нè искушува сатаната. Сега сме целосно на Христова страна. Ја променивме страната.
Уште еднаш, ова не значи дека во нас не се води голема борба; тоа не значи дека веќе нема да има искушенија и не значи дека никогаш нема да паднеме.
Благодат за Христијанинот
Да се греши како новороден христијанин не е исто што и да се живее во грев или да се биде роб на гревот, како што сме го правеле тоа претходно пред новото раѓање во Христа. Оној кој верува во Исуса не смее да ја загуби надежта и никогаш не смее да се откаже ако направи некој грев.
Благодатта и проштавањето не се само за неспасените, изгубените световни луѓе. Благодатта и простувањето се и за новородените и крстените христијани. Тоа е секојдневно искуство.
Новото раѓање, новиот живот во Христа – дури и по крштавањето – не ни гарантира дека нема да грешиме. Тоа значи дека, во новото искуство со Бога, ќе жалиме кога ќе згрешиме, ќе се покаеме поради својот грев и, преку ветувањата кои ни се дадени, ќе донесеме одлука дека тоа веќе нема да го правиме.
Сепак, и да згрешиме, сè уште можеме да добиеме проштавање и помилување благодарение на крстот. Ние сè уште можеме да ја прифатиме Христовата праведност како своја – ние тоа мораме да го сториме зашто тоа е нашата единствена надеж. Ова е големата вест на Евангелието – сè додека не го напуштиме Исуса, Тој нема да нè напушти нас.
Навистина, да се биде новороден христијанин, да се биде крстен во Христа, значи дека можеме да се повикуваме на многубројните Божји ветувања за тоа што сè ќе направи во нас ако ние тоа Му го дозволиме.
На пример:
И ова:
Во исто време, тоа значи и дека, доколку згрешиме, можеме да се повикаме на ветувањата на Евангелието за благодатта и спасението.
Такво е и следново ветување:
Или ова:
Крстени
Исус Христос умрел за нас. Тој ни нуди помилување за сè што некогаш сме го правеле или ќе го правиме. Тој ни ја нуди својата праведност наместо нашата сопствена неправедност. Тој ни нуди нов живот во Него, да бидеме слободни од осудата за гревот, така што неговата сила веќе не владее со нашиот живот.
Одлуката да го прифатиме Христа како свој Спасител – свој личен јунак – и нашиот избор послушно да Го следиме по пат на крштавање претставува значаен настан во нашата лична животна приказна. Тоа е настан со кој на вселената, која нè набљудува, јавно и покажуваме на чија страна сме во оваа космичка војна. Крштавањето е нашата објава дека се повикуваме и се потпираме на Божјите ветувања што ни ги дал.