21. Откријте го последното предупредување
Кој е нашиот Бог?
Пред многу години, во едно мало село во Индија, родено е едно девојче со две лица. Се викала Лала. Освен што имала две уши, како и сите други, сè друго ѝ било удвоено – имала два носа, два пара очи и две усти.
Многумина во Индија мислеле дека тоа е дете-бог. Ѝ носеле дарови, ја славеле, па дури барале од владата да изградат храм во тоа село во нејзина чест, затоа што сметале дека е инкарнација на Ганеш, индиски бог кој е половина човек, половина слон.
Некој рекол дека луѓето мораат на нешто да се поклонуваат. Сеедно на што или кому, само да имаат што да обожаваат, што било – самите себеси, пари, моќ, секс, деформирано бебе, што-годе.
Ваква стварност гледаме и во книгата Откровение, во која големата борба меѓу Христа и сатаната на крајот на историјата го достигнува својот врв околу прашањето – меѓу другото – кому ќе му се поклонуваме, кого ќе го почитуваме како бог.
Кого ќе обожаваме – единствениот вистински Бог или милијарди лажни богови? Сета таа лажна побожност ќе излезе на виделина преку она што Библијата го нарекува жиг на ѕверот – симболот на секоја лажна религија, на сите лажни богови, на сите верски заблуди – наспроти оние кои го почитуваат вистинскиот Бог, Создателот, „Оној, кој го создал небото и земјата, морето и водните извори“ (Откровение 14,7).
Римската сила
Како што видовме, Откровение 13 глава започнува со описот на моќта на еден ѕвер, чии делови од телото потекнуваат од други животни. Тој прв ѕвер е заснован на пророштвото од Даниел 7, и го симболизира папскиот Рим. Што друго би можело да биде? Даниел 7 ги прикажа четирите царства низ историјата – Вавилон, Медо-Персија, Царството на Александар Македонски и Рим. Рим е последната сила која ќе постои до судењето на Небото, по кое ќе следува воспоставување на Божјото вечно царство (да се види Даниел 7,23-27). Паганскиот Рим исчезнува пред многу време. Папскиот Рим – малечкиот рог, кој е последната фаза од четвртиот ѕвер – постои и денес. На крајот на краиштата, која друга сила освен Рим настанала по Царството на Александар Македонски и сè уште постои? Како што видовме и во последната лекција, многу карактеристики на силата на овој мал рог се повторуваат во описот на оваа апокалиптична сила во Откровение 13 глава.
Без никаков сомнеж, станува збор за папството.
Американската сила
Како што е веќе кажано, папството нема многубројна војска, но Соединетите Американски Држави имаат, а оваа моќна нација е втората сила што се појавува во Откровение 13 глава – единствената сила која толку добро се вклопува во ова пророштво. И иако била пример за верска слобода, Америка ќе се промени. Таа, како што вели пророштвото, ќе говори како аждаја ламја (Откровение 13,11), присилувајќи го овој свет да го обожава првиот ѕвер. Иако ние не знаеме како ќе се случи ова, нешто ќе предизвика САД да станат – од светилник на верската слобода, што отсекогаш биле – до главен двигател на верски прогон во светот!
Зборувајќи за САД, Откровението вели:
Забележете овде што е клучна тема – тоа е богослужението. Во решителната пресметка на крајот од земската историја, кога големата борба меѓу Христа и сатаната се приближува кон својот врв, прашањето на кој бог ќе му се поклонуваме станува појасно од кога и да било порано. Од почетокот на историја, луѓето се поклонувале или на вистинскиот Бог или на кој било од милијардите лажни богови; во оваа завршна решителна пресметка, линиите ќе бидат јасно подвлечени. Ние ќе му се поклонуваме на Господа и ќе го следиме Него, или ќе му се поклониме на ѕверот и ќе го следиме. Трето нема.
Со други зборови, како што јасно рекол Исус:
Овие текстови ни покажуваат дека во последните денови, на врвот од оваа голема борба, политичките и верските сили ќе се здружат во вршењето притисок врз совеста на луѓето да му се поклонат на ѕверот и на неговата икона.
Затоа за нас се поставува следното прашање: што е тоа икона, и што е тоа жиг, или името ѕвер на кои книгата Откровение толку нагласено нè предупредува?
Или, што е уште позначајно – што можеме да сториме за да го избегнеме овој жиг?
Икона на ѕверот
Икона (εικονα) на грчки јазик означува нечиј одраз или сличност – не и истоветност – како што сме ние, луѓето, создадени според Божјиот лик (видете 1. Мојсеева 1,26-27).
Забележете дека Бог ги наведува особините на овој прв ѕвер пред да го спомене создавањето на неговата икона. Погледнете го Откровение 13,6-7:
Две значајни особини на првиот ѕвер кои се изразени овде се хулењето и прогонството. Можеме со сигурност да заклучиме дека оваа икона подразбира повторно воведување на хулењето и прогонството – но сега на глобално ниво.
Пораката на трите ангела
Бог има важно предупредување во поглед на обожавањето на ѕверот и иконата негова и примањето на жигот на челото свое или на раката своја (Откровение 14,9).
Тоа предупредување има три фази и познато е како Пораките на тројцата ангели. Токму тука можеме да дознаеме што навистина значи овој жиг.
Всушност, сè што е речено за прогонството води токму кон Пораките на тројцата ангели, затоа што во нив не го наоѓаме само клучот за разбирање на жигот на ѕверот, туку и начинот како да го избегнеме.
Првиот ангел вели:
Овој стих започнува со вечното евангелие – то ест, темелот на сите овие вистини почива на големата вест на Исуса Христа и Неговата откупителна смрт заради грешниците. Потоа, тука се вели дека дојде часот на судот Негов – судењето за кое читавме во 17. лекција, големото судење кое му претходи на второто Исусово доаѓање.
Забележете дека овде се споменува и нешто што има клучно значење. Како што видовме, спорот кој ќе настане во последното време се води околу послушноста. Оние кои се поклонуваат на овој ѕвер и неговата икона, ќе се соочат со казна која потекнува од самиот Бог. Наспроти тоа, првиот ангел им говори на луѓето да се поклонат на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори. (Откровение 14,7).
Постои само еден Бог – Создател, „Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори“ – и како таков, единствено Тој е достоен да му се поклониме. Исто така, овој повик се однесува на поклонување на Создателот, и речиси буквално ги користи изразите од четвртата заповед – за седмиот ден, денот за одмор, т.е. саботата.
Оваа врска е многу јасна и има голема важност, во што наскоро ќе се увериме.
Вториот ангел вели:
Вавилонското царство, секако, исчезнало пред повеќе илјади години. Меѓутоа, неговото име станало симбол за лажни религии и политички сили на овој свет – религии и сили кои на крајот ќе го прифатат жигот на ѕверот. Оваа глобална коалиција на лажни религии ја предводи другиот ѕвер, како што видовме во Откровение 13. Таа „направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер…“ и да ги мами оние што живеат на земјата „велејќи им на земните жители да му направат икона на ѕверот… И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни.“
Следува третиот ангел. Неговата порака започнува со застрашувачкото предупредување кое го проучивме:
Меѓутоа, веднаш по ова предупредување, се зборува за нешто сосем спротивно, за Божјиот народ кој е опишан со следниве зборови:
Жигот (белегот) на ѕверот
Овде наидуваме на две значајни тврдења. Прво, Бог ги повикува луѓето да му се поклонат Нему како Создател, а во тој повик ги користи изразите преземени од четвртата заповед – за седмиот ден, денот за одморот, т.е. саботата. Понатаму, наспроти оние кои го обожаваат ѕверот и неговата икона се наоѓаат сите оние кои се означени како следбеници на Бога Создателот – тоа се оние кои ги почитуваат Божјите заповеди.
Така двете карактеристики го прават препознатлив Божјиот верен народ на врвот од оваа голема борба:
- Тие го слушаат Богa како „Оној кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори“(Откровение 14,7) – што е директна врска со зборовите „што ги пазат Божјите заповеди“ од Откровение 14,12.
- Тие ги држат Божјите заповеди, а тоа го подразбира и седмиот ден, саботата. „Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив; а во седмиот ден си отпочина“ (2. Mojсеева 20,11).
На овој начин пораката на првиот ангел, поврзана со заповедта за денот на одмор, саботата, упатува на пораката на третиот ангел, која го споменува држењето на Божјите заповеди. Ова ја подразбира, особено во даден контекст, Божјата заповед која укажува на Него како на Создател на небото и земјата, морето и изворите водени (Откровение 14,7) – Оној на кој луѓето треба да му се поклонат, а не на ѕверот.
Не заборавајте го ни она што го проучувавме во 13. лекција: токму силата на четвртиот ѕвер, малечкиот рог, односно папството – ѕверот од Откровение 13,1-10 – ја изменила оваа заповед и Божјиот ден го заменила со недела, со денот кој никогаш не е посветен во Библијата! Даниел во 7. глава предупредил дека оваа сила ќе помислува да ги менува празниците и законите (Даниел 7,25), и токму така и се случило со заповедта која се однесува на времето – онаа која говори за саботата како седми ден – која папството се обидело да ја замени со недела.
Дали тогаш тоа значи дека овој жиг на ѕверот ќе биде спротивен на заповедта да се обожава Оној кој ги создал небото и земјата и морето и изворите водени (Откровение 14,7) – заповедта за саботата од четвртата заповед, наспроти недела, ден кој лично го востановила силата на ѕверот?
Токму така.
Да разгледаме како дојдовме до овој заклучок. Во последните денови спорот околу авторитетот кому треба да се поклонуваме ќе го достигне својот врв – или ќе го слушаме Создателот или ќе го слушаме ѕверот. За жал, како што видовме, овие два ѕвера ќе ја соединат својата моќ за да го присилат секој човек да го прими жигот на ѕверот.
Оние кои го следат Создателот, наспроти оние кои го следат ѕверот, ги почитуваат Божјите заповеди, вклучувајќи ја и единствената заповед која укажува на Бога како Создател – Оној кој ги создал небото и земјата и морето и изворите водени (Откровение 14,7) – заповед која, според пророштвото, ѕверот ќе сака да ја промени!
Оваа промена ќе ја прифати голем дел од светот!
Челото и раката
Но, не укажува ли ова предупредување на секој кој ќе „прими белег на челото свое или на раката своја“? (Откровение 14,9) Како овие зборови можат да се однесуваат на богослужението во недела, наспроти почитувањето на библиската сабота?
Дали некогаш сте виделе слики на побожни Евреи како свиваат таканаречени тефилин [свитоци пергамент со стихови од Тората]? Тие свитоците ги ставаат во кутичиња и ги врзуваат за раката и на челото во текот на молитвата. Овој обичај води потекло од Стариот завет, кога на Евреите – откако им се дадени Божјите заповеди – им е речено:
5. Мојсеева 6,8
5. Мојсеева 11,18
„Врзулка меѓу очите“ (во друг превод „запис меѓу очите“; заб. прев.) го симболизира она што го имаме на ум, додека врзувањето за рака го симболизира она што го правиме – нашите дела. Иако популарните толкувања често ова го опишуваат буквално како ознаки кои треба да бидат на нашите чела или раце, книгата Откровение, повторно користејќи го јазикот и концептите од Стариот завет, укажува на средиштето на верноста (челото) на оние кои го примаат жигот, верност којашто се искажува преку нивните постапки (рацете).
Дали ние овде тврдиме дека оние кои сега одат в црква во недела го имаат жигот на ѕверот?
Секако дека не.
Наместо тоа, Библијата говори за тоа дека ќе дојде време на конечната одлука за целиот свет, иако луѓето се соочувале отсекогаш со овој избор – или вечен живот или вечна смрт; дури тогаш жигот на ѕверот ќе има последици.
Она што ќе го видиме на крајот ќе биде слично на она што сме го гледале низ целата историја – верските организации ќе ја користат моќта на државите за да го наметнат своето учење. Повеќето од нас кои живееме во таканаречени либерални демократски општества знаеме само за верска слобода, слобода на вероисповед. Сепак, ние сме исклучок, а не правило. Денес, правилото за многу луѓе – и за повеќето луѓе низ историјата – била силата на законот, која вршела притисок на совеста во сферата на верските прашања. За жал, како што откриваат овие стихови, ова ќе се повтори на глобално ниво, но овој пат средиштето на судирот ќе биде саботата како седми ден.
Темели
Оваа клучна вистина станува појасна кога ќе разгледаме што значи седмиот ден.
Потсетуваме на текстот од 13. лекција: Како што веќе видовме, седмиот ден е библиски симбол, библиски знак, основно обележје на самиот Бог! Длабоко вткаен во извештајот за создавањето се наоѓа седмиот ден, симболот на чинот на создавање. Не можете да се вратите во минатото а да не стигнете до самиот Бог.
Размислете за ова. Сите верувања на христијаните во суштина се вкоренети во еден факт – Бог е нашиот Создател. Ништо во христијанството нема смисла без таа темелна вистина. Крстот, спасението, Второто доаѓање, секое учење – сè се заснова на Бога како Оној кој го создал овој свет.
Создавањето, значи, претставува основа – темел – на сите библиски учења, вклучувајќи го и она за седмиот ден, денот за одмор, саботата. Вградена во самиот извештај за постоењето на светот (1. Мојсеева 2,1-3), саботата стои како вечен и непроменлив знак за тоа создавање. Со други зборови, таа е главен потсетник на ова темелно учење. Единствено што е поголемо по својата важност е самиот Бог, кој е основач на саботата.
Затоа сквернавењето на седмиот ден, сабота, претставува негирање на најважното од сите димензии на Господовиот авторитет – неговиот статус на Создател. Тоа значи да се прејде секоја граница и да се негира суштината на Бога. Всушност, да се заземе местото на самиот Бог (2. Солуњаните 2,4), како што видовме, токму тоа сака да го постигне оваа сила. Истовремено, таа тврди дека го почитува вистинскиот Создател.
Божјите луѓе се повикани да го следат Богa. Библијата ги опишува и како оние кои ги држат Божјите заповеди (Откровение 14,12). Од сиве овие заповеди, заповедта за седмиот ден, саботата, се издигнува над сите други затоа што единствено таа укажува на Богa како на Создател – како Единствен кој треба да се слуша – наспроти истата сила која се стреми не само да ја погази таа заповед, туку и да ја преземе улогата на самиот Бог.
Поради тоа, не чуди што милиони луѓе во целиот свет веруваат дека седмиот ден, саботата, ќе биде видлив симбол на конечната поделба меѓу оние кои го следат Господа и оние кои го слушаат ѕверот.
Кога ќе ја согледаме саботата како основа на сето останато, тешко е да се замисли дека завршниот судир може да избие околу што било друго.
Библијата не ни објаснува како ќе се одвива сево ова. Таа едноставно ни вели дека до тоа ќе дојде и ни дава јасно предупредување за она што, симболички речено, би морале да го носиме длабоко втиснато во челото и на рацете – а тоа се Божјите заповеди и верата Исусова (Откровение 14,12).
Завршните предупредувања се засилуваат и достигнуваат врв со Божјиот последен повик:
Во овие стихови пророштвото се прикажува како исполнето. Забележете го и глаголското време во овие стихови: имаше; напои; блудствуваа; збогатија.
Запечатени од Бога
Додека оние кои го примаат жигот на ѕверот не го слушаат Бога, и Бог прави нешто посебно за своите верни.
Додека бунтовниците го примаат жигот на ѕверот, Бог ги запечатува своите следбеници. Каде тие го примаат овој печат? На своите чела. Запечатувањето е дело на Светиот Дух, кој луѓето ги бодри да внимаваат на Божјите предупредувања и да бидат послушни на вистината (видете Ефесјаните 1,13).
Крајот сè уште не дошол. Близу е, но сè уште не е дојден. Денес Божјата порака се шири по сета оваа планета која сè уште се наоѓа во бунт. „Излезете од неа, народе Мој“ (Откровение 18,4) – ова е Божјиот завршен повик. Бог има свои верни луѓе во сите верски заедници. Кога спорното прашање ќе биде разјаснето и кога ќе ја прифатат пораката, овие верници ќе излезат од Вавилон и ќе им се придружат на оние „оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус“ (Откровение 14,12).
Ова е време на одлука.