15. Откријте ја бесмртноста
Стварноста на смртта
Во древен Египет било обичај, кога имашливите луѓе приредувале прослава, на крајот од јадењето еден човек во просторијата да внесе мртовечки ковчег, кој бил обликуван да изгледа како мртов човек. Египетските мртовечки ковчези, како што сме виделе на сликите, често се бојосувани и превиткувани да потсетуваат на човечко тело. Човекот кој го носел мртовечкиот ковчег, долг од половина метар до метар, им го покажувал на гостите, а тогаш секој од нив одделно би го рекол следново: „Погледни го ова тело додека јадеш, пиеш и уживаш, зашто и ти ќе бидеш ваков кога ќе умреш“.
Ова можеби ни се чини прегрубо – особено за прослава – но кој може да ја побие суштинската порака? Смртта е вистинска, сурова, смртта е сеприсутна стварност. Кој не се борел со реалноста на смртта, со болката на разделбата кога ќе дојде до неа, со стравот од непознатото кога таа ќе настапи?
Сево ова и нам ни е одвратно. Тоа е така затоа што не требало никогаш да умреме. Навистина, смртта е најнеприродниот настан. Ние сме толку навикнати на тоа што смртта едноставно ја прифаќаме како дел од животот. Не е ли малку иронично да се каже дека смртта е дел од животот? Смртта е негирање на животот, а не негов дел. Животот и смртта се во спротивност, како постоењето и непостоењето – Сум или не сум, нешто или ништо.
Игра на вина
Да, преку еден човек, Адам, гревот дошол на овој свет, а поради гревот уследила смртта. Сепак, Божјата намера никогаш не била да биде така, и затоа ние толку жалиме и се бориме против тоа. Смртта е нашиот природен непријател (да се види: 1. Коринќаните 15,26). Ние сме создадени да имаме вечен живот. Никогаш не требало да ја запознаеме или да ја искусиме смртта. Затоа и толку ја мразиме и се плашиме од неа.
Како што видовме, се наоѓаме среде големата борба меѓу Христа и сатаната, меѓу доброто и злото, и буквално меѓу животот и смртта. Кога сатаната го вовел гревот во овој свет, ја вовел и смртта.
Во исто време, во оваа голема борба, Исус Христос заради наше добро ја извојувал величествената победа над смртта.
Вечен живот
Ова е големо ветување, пребогато ветување, полно со надеж додека се соочуваме со поразителната стварност на смртта. Меѓутоа, некој би можел да праша: „Сево ова е убаво, но… ние и понатаму умираме, зар не? Каде е победата што ни е ветена?“
Прочитајте го и ова:
И ова:
Вообичаениот и популарен одговор гласи: „Па, тоа е јасно. Кога христијаните умираат, тие се вознесуваат во блаженството на вечниот живот на Небото. Заминуваат за да бидат со својот Господ. Тоа е таа победа“. Да го разгледаме одблизу ова вкоренето верување.
Две гледиште за смртта
Во основа, постојат само две гледишта за смртта. Едното е библиско, а другото, во еден или друг облик, се наоѓа во секоја друга религија, и вели дека ние продолжуваме да живееме во некоја друга димензија или на некое друго место.
Всушност, овие две гледишта ги наоѓаме и во рамките на христијанството – две гледишта кои меѓусебно се исклучуваат, што значи дека се толку различни што вистинитоста на едното автоматски значи дека другото е лага.
Според едното, веќе споменато верување, личноста во текот на смртта веднаш заминува по својата награда или казна. Тоа е сфаќањето според кое покојниците одат веднаш на Небото или во пеколот, а во некои случаи во чистилиште. Ова верување е вообичаено не само во многу сегменти на христијанството туку и во многу други вери.
Во средиштето на ова верување ја наоѓаме честата претпоставка дека душата е бесмртна, верување дека постои нематеријална, и според тоа, бесмртна свест, независна од човековото тело, кое по смртта заминува во ново подрачје на свесно постоење. Каде заминува таа, зошто и што се случува понатаму со неа, тоа зависи од учењето на одредената традиција. Меѓутоа, гледиштето кое е вообичаено меѓу многубројни христијани и многу други религии е дека дел од нас продолжува да живее свесно и по смртта. Со други зборови, човекот не умира навистина, туку едноставно преминува во некој нов вид постоење.
Другото верување, иако има долга историја, помалку е вообичаено, но мнозина христијани и понатаму го прифаќаат. Всушност, многу теолози го поучуваат истото. Според ова гледиште, Библијата учи дека мртвите спијат, дека не се свесни за ништо и дека во таа состојба остануваат сè додека Исус не се врати, а тогаш ќе станат во вечниот живот во ново тело. Христијанската надеж е воскресението, а не непријателот и неканетиот гостин – смртта.
Сонот се користи како метафора за смртта. Мртвите спијат, што не значи дека се живи, но несвесни. Тие се мртви – во нив веќе нема живот. Оваа метафора ја доловува состојбата на неактивност, бесчувствителност, несвесност, одморање – сепак, тие умреле очекувајќи дека ќе се разбудат.
Како што веќе кажавме, овие гледишта меѓусебно се исклучуваат. Мртви или заспани, несвесни за сè или блажени на небото, или, во некои случаи, се мачат во пеколот, или се во некоја друга свесна состојба.
Што е точно?
Награда? Казна? Сон?
Библијата многу зборува за смртта. Не е ни чудо, кога смртта на просечниот човек трае многу подолго отколку неговиот живот. Покрај тоа, бидејќи смртта е толку стварна, толку присутна, логично е Библијата да не нè остава во мрак во поглед на овој значаен аспект на човековото постоење.
Поради несогласувањата во врска со смртта, клучно е да се погледнат следниве текстови во светлината на овие две различни гледишта. Додека читаме, треба себеси да си го поставиме следново прашање: „Дали овие текстови упатуваат на тоа дека мртвите веднаш преминуваат во некоја друга свесна состојба или укажуваат на тоа дека мртвите несвесни спијат во гробот до Второто доаѓање, кога ќе бидат воскреснати и кога ќе добијат нови физички тела?“
Имајте го на ум и она што го проучувавме во 6. лекција од првиот курс за Второто Христово доаѓање и за ветувањето дека мртвите ќе воскреснат. Тоа е клучен услов за да го разбереме она што се случува по смртта.
За почеток, еве како зборува Исус за мртвите и за она што ги чека:
Дали овие зборови подразбираат дека мртвите веднаш по смртта заминуваат по својата награда или казна? Или значат дека тие се сега во гроб, чекајќи го судењето на крајот на времето? Кое гледиште има поголема смисла? Кое гледиште единствено има смисла? Исус сака да каже дека сите „кои се во гробовите“ сè уште не ги стигнала нивната судбина, иако веќе милиони биле мртви до моментот кога Исус ги изговарал овие зборови!
Ако тие веќе заминале по својата награда или казна, тогаш за што говори Исус?
Погледнете го и овој текст:
И многу од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат? Еврејскиот глагол овде е во идно време. Што значи тоа, ако мртвите се веќе наградени или казнети веднаш по смртта? Што значи овој текст кога вели дека тие спијат во земниот прав, ако вообичаеното и популарно гледиште е во согласност со Библијата?
И оние кои ќе добијат вечен живот и оние кои ќе добијат вечен срам на исто место се – во земската прашина – сè додека не се разбудат, и дури тогаш ќе се соочат со својата награда или казна. Ништо во тој текст не наведува на тоа дека тие при смртта добиле награда или казна. Всушност, се вели спротивното. Тие спијат сè додека не се разбудат за да го добијат едното или другото.
Погледнете го сега овој текст.
„Бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе (Бога); кој ќе Те слави во Подземјето?“ (Псалм 6,5)
Дали тој звучи како да се мртвите во некоја свесна состојба или во некој друг вид на постоење, или спијат во земјата?
Овој текст има смисла ако некој ја прифати идејата дека мртвите се во бесвесен сон, но нема смисла ако при смртта ги стигнала конечната судбина.
Павле и воскресението
Во своето писмо до вознемирената црква во Коринт, апостол Павле се соочил со учењето на некои од нив дека нема да се случи воскресение на мртвите (да се види: 1. Коринќаните 15,12). Кога ова би било вистина, какви би биле последиците од таквото учење? Уште еднаш, додека ги читаме овие зборови, треба да се запрашаме кое од овие гледишта има смисла?
Погледнете го последниот стих: „Тогаш и оние, кои умреле во Христа, загинале.“ Павле го поврзал Христовото воскресение со нашето воскресение. Со оглед на тоа дека Христос станал од гробот, и со нас ќе се случи истото. Но ако Христос не станал, тогаш нема ни ние – ако не воскреснеме, тогаш оние кои умреа [грч. заспаа] во Христа загинале. Тогаш, дали нашата вера е залудна? Како е можно ова ако оние кои спијат во Христа уште при смртта отишле во своето вечно блаженство?
Од друга страна, ако мртвите се во бесвесен сон сè до воскресението, тогаш овие текстови имаат смисла, затоа што, ако нема воскресение, мртвите остануваат да спијат во своите гробови, а тоа значи дека загинале засекогаш. Според тоа, верата на Павловите читатели е залудна затоа што немаат вечен живот. Со други зборови, ако нема воскресение, нема ни надеж која го надминува гробот!
Изгледа Павле јасно разбрал дека мртвите во Христа спијат во земјата сè до воскресението, кое ќе се случи во текот на второто Христово доаѓање.
Второто доаѓање
Ево како Исус зборува за своето второ доаѓање:
Тој носи награда или казна? Како е можно, кога верните ја добиваат својата награда веднаш по смртта? Мнозина од Христовите следбеници се мртви веќе со векови. Секако дека тие би требало веќе доста долго да уживаат во својата награда, а не за време на Второто доаѓање.
Еве уште еднаш што кажува Исус за воскресението кога Тој ќе се врати:
Воскресение во последниот ден? Aко таквите се веќе на Небото, за што говори Исус кога вели дека Тој ќе ги воскресне? Тие, наводно, веќе се на Небото. Но ако мртвите се во земјата, во бесвесен сон, тогаш Христовите зборови имаат совршена смисла.
Состојбата на мртвите
Библијата доследно зборува за ова. Забележете ги овие текстови:
Уште еднаш, кое гледиште е откриено во овие текстови? Одговорот е очигледен.
Со мене во рајот?
Да, но што е со Христовите зборови упатени на разбојникот на крстот?
Дали Исус му вели на крадецот дека тој, крадецот, ќе биде со Исус тој ден, „денес“, во рајот? Ако е така, што е со сите оние текстови што ги прочитавме досега? Објаснувањето се крие во интерпункциските знаци. Еве како гласат истите Исусови зборови, оригиналните зборови запишани во грчки ракопис, само со променета интерпункција која, патем речено, не постоела во оригиналниот ракопис, туку е додадена неколку векови подоцна: „Вистина ти велам денес(,) ќе бидеш со мене во рајот“.
Во што е разликата? Текстот во кој Исус му вели на крадецот дека ќе биде во рајот истиот ден, всушност зборува за нешто сосем друго. Запирката, која обично ја ставаат пред зборот денес – Вистина ти велам, денес ќе бидеш… – сега е ставена зад тој збор – Вистина ти велам денес, ќе бидеш… – и значењето се менува. Тој едноставно сакал да го увери крадецот во тој момент – денес – дека и тој еден ден ќе има свое место во Христовото царство. Контекстот на оваа приказна го содржи ветувањето за вечен живот, а не зборува за природата на смртта.
Впрочем, зошто Исус би му велел на крадецот дека ќе биде тој ден во рајот, кога ни Исус не бил тој ден во рајот? Исус умрел во петок, бил во гробот во сабота и воскреснал во недела. Кога ѝ се јавил на Марија в недела, што ѝ рекол Исус?
На што мисли Тој кога вели дека сè уште не се вратил кај Татка си, на Небото, во рајот, ако два дена пред тоа – в петок – наводно му рекол на крадецот дека обајцата ќе бидат во рајот в петок? Тоа значи дека Исус не му рекол дека тој петок ќе бидат во рајот. Наместо тоа, Тој сакал токму таму и тогаш – денес – на тој крадец да му пружи надеж во вечен живот.
Моќна измама
Што е со оние кои тврдат дека сретнале мртви или дека зборувале со нив? Што да кажеме на тоа?
Најзначајно е што не смееме да заборавиме дека сатаната „го мами сиот вселенски свет“ (Откровение 12,9), и дека погрешните учења за смртта се една од неговите најлоши и најлукави измами. Меѓутоа, сè додека некој ја сфаќа вистината за она што се случува во текот на смртта, таа личност е сосема сигурна од сите видови окултни заблуди и измами на њу ејџот, кои речиси секогаш ја содржат идејата за бесмртност на душата, која има грчко а не библиско потекло. Единствено Бог е бесмртен (види: 1. Тимотеј 6,16). Што се однесува до луѓето, само Исус има живот во себе (видете Јован 5,26 и 10,17-18).
Библијата учи дека душата може да биде уништена, и ќе биде во некои случаи. Самиот Исус рекол:
Многумина ги мешаат духот и душата. При создавањето „Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; така човекот стана жива душа“ (1. Мојсеева 2,7). Нашето физичко тело е создадено од прав, духот животен вдахнат во нас и ние сме станале „жива душа“, со свест, интелигенција, емоции и чувства. Адам не постоел пред да биде создаден. Од друга страна, смртта е спротивен процес од создавањето:
Но што ќе правиме со искуствата на блиска смрт? Има толку многу приказни за луѓе кои, по искуствата на клиничка смрт се вратиле во живот, а тогаш прераскажале неверојатни приказни за постоењето на друга реалност, вклучувајќи и разговори со мртвите?
Всушност, што се случува тука?
Уште еднаш потсетуваме, мораме да се сетиме дека сме среде големата борба и затоа мораме да бидеме крајно внимателни, особено со оглед на толку неспорни библиски докази дека мртвите се во бесвесна состојба. Сетете се на борбата меѓу Христа и сатаната пренесена на Земјата кога Бог рекол ќе умреш (1. Мојсеева 2,17), а сатаната на тоа противречи велејќи „Нема да умрете (1. Мојсеева 3,4). Ние овде се соочуваме со истиот проблем. Кому ќе му верувате?
Покрај тоа, овие искуства не се нарекуваат тукутака „искуства од блиска смрт“. Тие се само блиску до смртта, а да се биде близу до нешто не е исто со и да се биде таму. Ниеден од овие луѓе не е мртов – како во случај со мртовечката вкочанетост – и поради тоа треба да бидеме внимателни со заклучоците за смртта што ги изведуваме од феноменот на блиска смрт. Исто како што не можете да дознаете многу за цирозата на црниот дроб од гледање реклами за пиво, така не би требало да извлекувате заклучоци за смртта врз основа на феноменот на блиска смрт. Да имате искуство со блиска смрт е речиси како за малку да добиете седмица на лото. Тоа е многу поинакво од добивката. Исто е и со смртта и со искуството на блиска смрт.
Затоа, сигурни сме единствено и само тогаш кога се држиме за големиот број библиски текстови кои разјаснуваат дека нашите мили спијат и сигурно остануваат во таа состојба сè до времето за будење – до воскресението – на крајот од историјата на овој свет.