6. Спасение – што значи тоа?
Крајот на светот?
Речиси и да не поминува една година без некој нов филм за крајот на светот, како што се: 2012, Денот потоа, Д-р Стренџлав, Пат, Чудесната милја, Војна на световите, Јас сум легенда, Дванаесет мајмуни, а да не ја споменуваме серијата Оставени.
Зошто? Дали тој страв е последица на тоа што денес сме во состојба да се уништиме себеси, дури и случајно?
Науката и крајот на светот
Доктор Стивен Хокинг, професор на Кембриџ, кој раководи со Катедрата која некогаш му припаѓала на Исак Њутн, се смета за најголемиот научен ум од Ајнштајн наваму. Тој предупредил на опасноста од конечното уништување на животот на Земјата. Според него, еден од нашите најголеми стравови е оној од глобалното затоплување. При средба со студенти од Кина, д-р Хокинг предупредил дека нашата планета „би можела да заврши како Венера, со 250°C и со дожд од сулфурна киселина“.
Во 2010 година рекол: „На животот на Земјата му се заканува сè поголема опасност дека ќе го уништи некоја катастрофа, како што се ненадејното глобално затоплување, нуклеарна војна, некој вирус што е произведен со генетски инженеринг и други опасности. … Мислам дека за човековиот род нема иднина доколку не отиде во вселената“.
Форин полиси – престижно списание од областа на меѓународната политика – објави статија под назив „Крајот на светот“. Статијата започнува вака: „Иако крајот на светот, според сè, нема да се случи во 2012 година, до него ќе дојде порано или подоцна. Еве пет можни сценарија за крајот на светот“.
На овој список се:
- астероиди,
- климатски катастрофи,
- нуклеарна војна,
- чума,
- непознато – нешто на што сè уште не помислуваме, а што навистина би можело сите да нè убие.
Некогаш, крајот на светот бил верска тема. Денес тоа е научно тврдење кое не нуди голема надеж.
Крајот на мојот личен свет
И во случај да заборавиме на толку големото и драматично прашање како што е крајот на животот на Земјата, и понатаму живееме со сеништата на својот личен крај на Земјата или крајот на животот на оние што ги сакаме. Тој крај, како што знаеме, може да настапи во кој било момент, и не можеме да го избегнеме. Смртта е, секако, само прашање на време.
Повеќето од нас, од оправдани причини, мислата за смртта крајно нè вознемирува. Иако сите знаеме дека ќе умреме, се обидуваме да не размислуваме многу за тоа. Како што животот денес може да биде тежок, размислувањето за сопствената смрт несомнено би го направило уште потежок.
Дилемата на Брајан Меги
Брајан Меги предавал филозофија на Оксфорд. Бил член на Британскиот парламент, успешен музички и театарски критичар, писател и професионален радио и ТВ-водител. Според сопствено признание, животот му бил прекрасен.
Но, сепак постоел еден проблем: „…Сред сето тоа, бев речиси буквално скршен од чувството на смртноста. Таа мисла дека е извесно оти ќе умрам, целосно ме покоси. … Смртта, мојата смрт, буквалното мое уништување, беше наполно неизбежна, и тоа уште од мигот кога сум зачнат. Ништо од она што беше во моја моќ не можеше да промени што-годе во тој поглед, ниту, пак, некогаш ќе може“.
Меги речито ја опишал својата борба со бесмислата – тој увидел дека, што и да направел и колку и да успеал во животот, без оглед на сите прекрасни книги што ги напишал и на службата како секретар за надворешни работи, било да се оженел било да останел ерген, без оглед на сè, „ништо од сето тоа мене не ми значеше ништо, ни за мене ни за кој било друг, кога сите сме ништо, или ќе бидеме ништо, вклучувајќи ги и оние кои уште не се родени; дека мојата смрт нема ништо да промени, како да не сум се родил никогаш; дека на крајот засекогаш ќе бидам она што би бил и да не сум се родил; дека во сето тоа нема никаква смисла ни цел, и дека, на крајот на краиштата, сè е ништо“.
При крајот на својата книга „Исповед на филозофот“, тој пишува дека, по сите тие години трагање, „останувам исто толку затекнат со големите метафизички прашања за животот како кога бев дете – всушност, и уште повеќе, зашто сега подобро ја разбирам сета длабочина и сложеност на овие прашања“.
Оттаму, не изненадува што единствениот можен одговор по кој трага Меги е токму оној што го отфрлил, а тоа е – верата.
Брајан Меги
Каде е надежта?
Ако ја негираме стварноста на епската борба на доброто и злото, во која учествуваат и видливите и невидливите сили, и во која сме и сами затекнати, или ќе ја прифатиме идејата на натурализмот, за која физичкиот, материјалниот свет на природата претставува сè што постои, тогаш единствен и разумен заклучок е оној до кој дошле Хокинг и Меги.
Видовме дека насилството, болестите, страдањата и смртта – токму она што животот на Земјата го прави толку тежок – не се дел од Божјата првобитна намера. Сево ова произлегло од споменатиот космички судир – во кој сме вклучени против своја волја. Сепак, ова е борба од која ние, според Божјoто ветување, ќе излеземе како победници.
Имаме еден единствен вистински избор – да донесеме одлука на чија страна ќе бидеме. Неутралноста, сама по себе, нè подредува на погрешната страна, чиј конечен пораз веќе е извесен.
Во вакви околности, утврдивме нешто неверојатно и зачудувачко. Рековме дека Исус, иако е Создател на вселената, дошол на Земјата, ја прифатил нашата човечка природа и го понел сиот товар на злото на овој свет.
Размислете за следниве зборови:
Неговата победа на крстот – која навидум претставува пораз – всушност била пресвртница која ќе доведе до ослободување на овој свет.
Колку и да звучи неверојатно оваа изјава, останува еден голем проблем – ние сме сè уште овде, сред оваа голема борба. Секако, прекрасно е тоа што Исус умрел за нас, но што имаме ние навистина од тоа?
Каква е таа голема надеж што ни ја пружа Исус овде, на овој свет, кој не нуди ништо друго освен болка, разочарување, страдања и смрт?
Исус на крстот извојувал победа над гревот и над сатаната.
Ветувања
Новиот завет често зборува за второто Христово доаѓање. Еден проучувач пресметал дека секој триесетти стих во Новиот завет зборува за Исусовото враќање.
Како гласат некои од ветувањата за Неговото враќање?
Непосредно пред својата смрт, Исус им рекол на своите ученици:
„Пак ќе дојдам!“ Колку едноставни, јасни и охрабрувачки зборови!
Откако Исус се вознесол на Небото пред очите на своите следбеници, се појавиле двајца ангели и рекле: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте да оди на небото“ (Дела апостолски 1,11).
„Ќе дојде пак на истиот начин.“ Го видовте како си заминува на Небото – така ќе го видите и кога ќе се врати од Небото.
Апостол Павле верувал во Христовото враќање:
Еве уште една изјава од Павле:
И уште една:
Ова се само неколку од многуте текстови кои недвосмислено говорат за второто Христово доаѓање. Всушност, без ова ветување би било тешко да се сфати смислата на Новиот завет, па дури и на Библијата како целина. Толкава е неговата важност за целокупното христијанско ветување.
Првото доаѓање
Уште повеќе, не само што го добивме ова ветување, туку имаме и добра причина да веруваме во тоа. Без сомнение, една од најголемите причини да веруваме во ветувањето за второто Христово доаѓање е Неговото прво доаѓање.
Што значи тоа?
Еве што вели Библијата:
Според овие стихови, Исус дошол да го положи својот живот „како откуп“. Откупот е плаќање за нешто што го сакаме, што сме волни да го платиме.
Замислете да е киднапирано некое дете и да го држат затворено заради изнудување откупнина. Родителите го плаќаат откупот – голема сума пари – но потоа не доаѓаат да го преземат детето за коешто платиле откуп. Не е ли тоа апсурдно?
Исто така, само во поголема мера, кој може да помисли дека Исус дошол првиот пат да го плати откупот за нас, а да не се врати по она што скапо го платил?
Еве што пишува апостол Петар, претставувајќи ја цената за нашиот откуп:
Ние сме откупени со „скапоцената крв на Христа“. Значи, се работи за истата идеја како да станува збор за откуп. Христос го платил нашиот откуп со својот сопствен живот – тоа била целта на крстот. Заради тоа умрел. Зар може да се замисли нешто побесмислено од тоа дека Тој платил толку висока цена, а потоа да не се врати да го земе она што толку многу го чинело?
Тоа е смислата на второто доаѓање – Исус се враќа да го земе она што лично го платил во текот на своето прво доаѓање. Главната цел на првото доаѓање била да го плати откупот за гревот. Откупот платен во полнота, го подготвил патот за второто доаѓање. Она што Исус го исполнил во текот на своето прво доаѓање, нема да биде во целост остварено сè до неговото второ доаѓање. Кога Исус не би се вратил, тогаш сè што сторил во текот на првото доаѓање – неговото отелотворување, земањето на човечката природа, неговиот безгрешен живот и неговата смрт – би биле сосем бесмислени.
Затоа, како што сме сосема сигурни дека Исус умре на крстот за нашите гревови – дека го плати откупот за нас – можеме да бидеме и сосема сигурни дека Тој ќе се врати. Сигурноста на првото доаѓање претставува гаранција за второто доаѓање, запечатено со „скапоцената крв на Христос“ (1. Петрово 1,19).
Некој еднаш платил 104 милиони долари за некоја слика од Пикасо на аукција на познатата куќа „Сотби“ во Лондон. Сто четири милиони долари! Значи, дали би можеле да замислите некој да плати толку пари, а да не дојде да го земе она што толку скапо го платил? Во споредба со тоа, зар не му вредиме ние на Бога повеќе од една слика? Нашата вредност се огледува во тоа колку чинел нашиот откуп.
Затоа Исус ќе се врати и затоа можеме да бидеме сигурни во тоа.
Оставени
Исус ќе се врати. Тоа е сигурно. Меѓутоа, остануваат прашањата: „Што ќе се случи кога Тој ќе се врати? Како тоа ќе изгледа? Што ќе се случи со нас, со секој од нас поединечно, кога Тој ќе се врати?“
Пред неколку години, една популарна едиција книги е преточена во ТВ-серија со наслов „Оставени“. Таа серија го опишува второто Исусово враќање како таен настан, кога верните христијани се незабележливо земени на небото. Оние кои останале (тие „оставените“) се прашуваат каде исчезнале нивните сакани.
Меѓутоа, Библијата дава радикално друг опис на второто Христово доаѓање. Додека ги читате следниве текстови, запрашајте се како е опишан тој настан – како нешто тајно и тивко или како нешто јавно и отворено?
„Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око“ (Откровение 1,7).
„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ“ (1. Солуњаните 4,16.17).
Овие неколку текстови откриваат дека, што и да мислиме за Исусовото второ доаѓање, тоа не е ни таен ни тивок настан. Напротив – прочитајте ги овие текстови.
Христовото враќање ќе биде како што се гледа молњата преку целото небо. Сечии очи ќе го видат. Уште поочигледно ќе биде кога мртвите во Христа ќе станат. Сите Христови верни следбеници од почетокот на светот – тие „мртви во Христа“– ќе бидат вратени во живот во физички тела – што е секако настан кој не може да се пропушти, особено имајќи предвид дека оние што ќе бидат живи за време на неговото доаѓање, ќе бидат земени на небото заедно со него. Ова ќе биде нешто единствено, што никогаш не се случило, а што ќе го протресе сиот свет, настан со епски димензии!
Со должно почитување, второто Христово доаѓање, опишано во овие стихови, не е настан како што го претставува серијата „Оставени“. Ни оддалеку.
Последниот непријател
Еве како апостол Павле додава нови детали за настаните во текот на второто Христово доаѓање:
„Еве! Ви кажувам тајна: не ќе – умреме сите, но сите ќе се измениме, во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност“ (1. Коринќаните 15,51-53).
Мртвите во Христа ќе станат. Пропадливото ќе биде – мора да биде – нагрнато со непропадливото. Смртното ќе стане – мора да стане – бесмртно. Според Библијата, суштината е дека смртта нема да го има последниот збор – и ова е нешто што не смее да ни се провлече. Смртта не е крај. Наместо тоа, еден ден и самата смрт ќе биде уништена.
Филмовите и научниците имаат право. Овој свет нема да трае засекогаш. Напротив.
Ако ова не значи дека овој свет ќе биде спален, што значи тогаш?
Воочете дека Тој доаѓа „како крадец“ – не тивко како крадец – туку неочекувано како крадец. Тоа е затоа што никој не знае кога Тој ќе се врати.
Всушност, Хокинг донекаде имал право кога рекол дека треба да си одиме од оваа планета за да преживееме; сепак, вселенските бродови кои одлетуваат во вселената нема да решат ништо.
Утехата и надежта се наоѓаат во Исуса и во ветувањето за неговото враќање – тоа е ветување што е загарантирано со неговото прво доаѓање.
Во оваа епска борба меѓу доброто и злото – големата борба – Исусовото враќање претставува пресвртница. Планетата Земја никогаш веќе нема да биде иста. Има некои кои укажуваат на болката и страдањето во овој свет и прашуваат: Ако тој Бог е Бог на љубовта, зошто тогаш не направи нешто со болката и страдањето? Тоа е прашање на место. Добрата вест гласи дека Тој тоа и ќе го направи, а неговото второ доаѓање ќе го обележи почетокот на разрешувањето на тој проблем. Тој доаѓа да заврши со сè што е погрешно и да воспостави сè што е добро и исправно.
Навистина, за таа надеж вреди да се живее.
На ова место оваа епопеја добива лични размери. Како сега да живееме додека го исчекуваме тој настан? Како да се подготвиме? Ние сега бираме на која страна ќе бидеме тогаш.