4. Запознајте го Спасителот
Илузии
Покојниот астроном Карл Саган, кој по определување бил атеист, еднаш пишувал за фотографијата на Земјата што ја направил космичкиот брод „Војаџер 1“ во 1990 година, на оддалеченост од околу милијарда километри. „Изгледаше“, пишува Саган, „небаре Земјата, осветлена од зраците на Сонцето, ужива во повластената положба.“
„Ваквата глетка“, рекол, „е само илузија.“
„Нашата планета“, кажува Саган, „е осамена честичка во сеопштиот космички мрак. Во таа наша темнина, во сиот тој огромен простор, нема никакво навестување дека би можела да дојде помош од која било страна и да нè спаси од нас самите.“
Саган до некаде имал право. Нам навистина ни треба помош за да можеме да се спасиме од нас самите. Кој не го гледа тоа? Некогашното многу популарно сфаќање според кое луѓето напредуваат кон совршенството и земјата Утопија, исчезнало во рововите на Првата светска војна, во логорите на смртта на Втората светска војна, на Полињата на смртта во Камбоџа и во колапсот на Кулите-близначки во Њујорк во 2001 година.
Суперјунаци
Чувствувајќи дека не можеме да го контролираме епскиот судир чиј дел сме, сите ние ја исчекуваме иднината со извесен страв и загриженост. Заробени сме во застрашувачки свет од кој не можеме да избегаме. Се чини дека од овој свет можеме да побегнеме само под земја – што и не е некоја возбудлива перспектива. Дури и во овој миг сè да ни оди добро, кој не е свесен за силата која, без никакво предупредување, може да ни го развиори животот како вител овенат лист?
Можеби тој факт може да објасни од каде потекнува нашата маѓепсаност од суперјунаците: Ајронмен, Бетмен, Жената-мачка, Спајдермен, Халк, Супермен, па дури и од капетан Австралија. Можеби Саган разбрал дека ние всушност сме увиделе дека не можеме да се спасиме од нас самите, па тоа нè поттикнува да посегнеме во светот на фантазијата по некој кој со своите подвизи и исклучителна сила може да нè избави. Барем така на неколку часа, нурнати во возбудливата приказна преполна со светла и звуци, можеме да заборавиме со што треба да се соочиме по проекцијата, кога ќе излеземе од киното во реалниот живот полн со грижи, или кога уредот ќе го исфрли ДВД-то, а на мониторот ќе се појават вести за уште една катастрофа, во која никаков суперјунак не ги спасил жртвите.
Тој е сега овде
Многумина, сепак, веруваат дека некој ќе нè спаси, дека некој мора да нè спаси и ќе бидеме загубени, осудени да се распаднеме во прав на оваа осамена честичка сред големата космичка темнина, на што предупредува Саган. Изгледа дека копнежот по јунакот е вграден во нас.
Во 1982 година, човекот по име Бенџамин Крем потрошил 200.000 долари за реклами на цела страница во весниците насекаде во светот за да им објави на сите: „ХРИСТОС СЕГА Е ОВДЕ“. Христос, кој е, како тврдел тој, и Буда Маитреја – и кој ги отелотворува цела низа други верски водачи – требало да се јави и да донесе спасение. Крем дури ги повикал новинарите во еден индиски ресторан во Лондон каде што би можел да се појави Христос и да го спаси светот. И навистина, влегол еден постар човек во долг фустан, и додека на присутните им се одзел здивот од исчекување – Да не е овој човек долгоочекуваниот Спасител? – постариот човек побарал цигара од шефот на ресторанот и излегол.
Нема сомнеж, што и да мислиме за измамата и кампањата на Крем за очекувањето на Христос, нам ни е потребна помош. Како што видовме во Втората лекција под наслов „Пронајдете ја смислата“, се наоѓаме среде големата борба меѓу доброто и злото, и понекогаш изгледа дека злото може да победи.
Меѓутоа, Библијата говори сосем поинаку. Таа учи дека, иако светот е исполнет со зло, и иако страдањето, смртта, стравот и болеста се дел од нашето постоење – сето тоа нема да трае засекогаш. Ние сме толку навикнати на смртта што ја сметаме за дел од животот, но смртта е негација на животот, а не негов дел. Големата надеж што ни е дадена во Библијата, и на која со право можеме да се потпреме, гласи дека Исус Христос – вистинскиот Месија – дошол да нè спаси не само од нас самите, туку и од сè друго.
Тоа е нешто што сатаната воопшто не го разбрал.
Зборувајќи за Исус, Библијата вели:
Во овој текст забележете ја темата што постојано ќе ја среќаваме – борбата меѓу доброто и злото, Христос и сатаната. Таа е клучот за разбирањето на овој свет, нашето место во него и надежта која ни се нуди преку Исуса.
Најмногу одушевува тоа што Исус го направил сево ова за нас, исполнувајќи ги на тој начин восхитувачките библиски пророштва напишани многу векови пред Неговото доаѓање, пророштвата кои на луѓето од тоа време им пружиле надеж и кои ни даваат силни причини да веруваме дека Тој е вистинскиот Месија, Оној кој е претскажан во Стариот завет. Со својот живот, смрт и воскресение Исус ги исполнил пророштвата кои на милиони луѓе им помогнале да му подарат доверба како на единствен суперјунак кој може да го направи она што ние никогаш не би можеле да го направиме за себеси.
Едно новозаветно пророштво
Иако ова проучување се занимава со старозаветните пророштва кои укажуваат на Исус како Месија, ќе почнеме со едно новозаветно пророштво, она кое се исполнило во тоа што тукушто го прочитавме во текстот од рекламната кампања на Крем.
Како што видовме во претходната лекција, Исус од Назарет, кој умрел млад, од човечки агол бил само еден од стотиците илјади Евреи кои загинале од римска рака. Како таков, требало да исчезне од човечкото сеќавање. Наместо тоа, еве што рекол за себеси речиси пред две илјади години:
Како Тој знаел дека низ историјата ќе се појават луѓе кои ќе тврдат дека се Тој? При тоа, рекламата на Бенџамин Крем е една од стотина слични примери.
Одговорот е лесен. Тоа е така затоа што Тој бил Христос, Месија претскажан во неверојатните пророштва низ целиот Стар завет и единствен во историјата кој ги исполнил сите!
Сè се исполнило
По болната траума од смртта што ја претрпел, и која учениците, иако повеќепати предупредени, не ја очекувале, Исус станал од гробот. Ни овој настан не го очекувале, иако и тој им е најавен. Потоа, Тој се сретнал со нив, нагласувајќи го следново:
Она што е речено овде – како и на многу други места во Новиот завет – е дека во Стариот завет се претскажани многу работи за Христа, вклучувајќи ги природата и местото на Неговото раѓање, начинот на кој живеел, Неговата смрт и воскресение, како и многу други работи. Исус Христос рекол дека сево ова треба да се исполни. Токму во исполнувањето на сиве овие пророштва, оние кои ја бараат вистината можат да најдат моќен доказ дека Исус е ветениот Месија – кој може и сака конечно да нè спаси од нас самите.
Раѓањето во Витлеем
Пред повеќе од 700 години пред Неговото раѓање, Библијата прорекла каде ќе се случи тоа. Пророкот Михеј напишал:
Од вечноста значи отсекогаш – со други зборови, Тој нема почеток. Тој е божествена личност. Затоа не зачудува што еврејските толкувачи со векови ова пророштво го сфатиле како најава на Месија.
Секако, еден од најпознатите настани од Новиот завет кој се слави секој Божиќ – иако Исус не е роден ни на 25 декември ни на 7 јануари – бил неговото раѓање во Витлеем:
Тоа би било како некој кој живеел во 14 век да предвиди во кој град ќе се роди некој човек денес. Уште поинтересно е тоа што еден од најпрочуените рабински коментатори, по име Раши, кој живеел во 11. век по Христа, текстот од Михеј 5,2 го применил на Месија. Секако, тој не мислел дека тоа е Исус, но и понатаму овој текст сметал дека е месијански, т. е. за текст кој се однесува на Месија.
Најпознатото раѓање
Секако, во оваа доба на секуларизмот, каде целокупната култура и образовен систем се изградени на натурализмот, гледиште кое не остава ни малку простор за натприродното, замислата дека девица го родила Исус е тема за исмевање. Па сепак, пророштвото го најавило токму тоа, а Новиот завет тврди дека навистина и се случило.
Да напомнеме уште еднаш: ова е запишано 700 години пред Исусовото раѓање. Што вели Новиот завет? Во добро познатата приказна, Марија, која „не знаела за маж“ (Лука 1,34), забременила од Светиот Дух (Матеј 1,18) пред да се омажи за Јосиф, кој потоа сакал да раскине со неа бидејќи мислел дека му била неверна.
Старогрчкиот превод на Библијата, кој се случил неколку стотини години пред Исусовото раѓање, го заменил соодветниот хебрејски збор со грчки, кој првенствено значи „девица“. Според тоа, луѓето кои немале причина да негираат дека Исус го исполнил пророштвото – Тој тогаш не бил ни роден – сметале дека е оправдано оригиналниот збор да го преведат со девица. Токму тој факт, дека таа била девица, го прави овој настан толку чудесен, толку посебен. Во спротивно, во тоа не би имало ништо необично.
Бог во тело на човек
Еве уште едно старозаветно пророштво, кое некои традиционални еврејски извори исто така го сметаат за месијанско.
Дури и наједноставното читање на овој текст открива дека самиот Бог ќе се роди како човек. Клучно е што овој стих, напишан 700 години пред Исусовото раѓање, ја прикажал клучната новозаветна вистина за Исуса Христа и планот на спасение – дека Исус е Бог лично!
Еве само неколку новозаветни текстови кои сведочат за Христовото божество.
Зборувајќи за Исус, Јован напишал:
Четиринаесеттиот стих од истата глава наведува дека „Словото“ (или во некои преводи „Речта“, „Зборот“; заб. прев) овде се однесува на Исуса Христа.
На друго место, во текот на Христовиот разговор со водачите за Неговиот идентитет, еве што се случило:
„Исус им рече: ’Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам‘“ (Јован 8,58).
Причината за неговата остра реакција била едноставна. Исус изразот „ЈАС СУМ“ го применил на себе, што јасно упатува на Бога. Векови пред тоа, кога Господ му објавил на Мојсеј дека преку него ќе ги изведе Израелците од Египет, Мојсеј побарал да го дознае името на Бога,кој го праќа да им подари спасение на своите сонародници.
Според тоа, кога Исус го применил овој израз на себе, верските водачи реагирале на соодветен начин бидејќи виделе како човек, едно човечко суштество, за себе зборува како за Бог! Во овој случај, имено, Тој тоа и бил!
Исаија 53
Едно од најсилните пророштва кои укажуваат на Христа, особено на Неговата жртва за гревовите на светот, се наоѓа во 53. глава од Книгата на пророкот Исаија, пророштво кое бројни традиционални еврејски извори го толкувале како месијанско. Всушност, во наше време следбениците на рабинот Менахем Шнерсон го применуваат ова пророштво на самиот Шнерсон. Колку и да е ова толкување погрешно, тие и понатаму го толкуваат како месијанско.
Иако овде не можеме да го наведеме целово ова пророштво, еве само еден негов дел:
Ако имате Библија, прочитајте ја целата 53. глава од Книгата на Исаија. Чудесни се подробностите на ова пророштво.
Ова е едно од најјасните старозаветни предвидувања на клучната вистина на Новиот завет – Исус страдал поради нашите гревови, и на себе ја презел казната за злото кое ние го сторивме. Оваа глава се цитира или се повикува на него низ целиот Нов завет.
Еве само еден пример:
Напишани се многу книги во кои се покажува како оваа тема од Исаија 53 – како што се човечката грешност и Христовата смрт поради таа грешност – непогрешливо укажуваат на Исусовата смрт на крстот, смрт која на сите ни нуди надеж во вечен живот.
Даниел 9. глава
Уште едно моќно месијанско пророштво, кое уште повеќе го нагласува времето кога ќе се појави Месија, се наоѓа во 9. глава од Книгата на пророкот Даниел. Ова пророштво е напишано пред повеќе од 5.000 години пред Христа. Иако овде не можеме детално да го разгледаме, ова неверојатно пророштво прецизно зборува за датумите кои совршено одговараат на животот и смртта на Исуса Христа.
Еве само еден дел:
Декретот за обновувањето на Ерусалим, кој во 587-586 година пред Христа го уништиле Вавилонците, издаден е во 457 година пред Христа. Накусо, „седум седмици и шеесет и две седмици – или 69 седмици буквално – би значело дека Месија ќе дојде за помалку од две години од овој декрет, што нема смисла. Меѓутоа, Библијата зборува за начелото „ден за година“, според кое денот во многу пророштва се толкува како година.
Еве два примера за примената на библиското начело „ден за година“, кој со векови е признат од страна на еврејските и христијанските проучувачи на Библијата:
Во Библијата има уште докази за овој значаен принцип на толкување на пророштвата. Во пророштвото од 9. глава на Даниеловата книга, 69 седмици – со 7 дена во секоја седмица – е еднакво на 483 години. Почнувајќи од 457 година пред Христа, кога е издаден Декретот за обнова на Ерусалим, додавајќи на тоа 483 години, ги добиваме првите децении од првиот век по Христа.
Кој прв век?
Првиот век по Христа, на латински AD, што значи Anno Domini – „години Господови“. Кој Господ? Секако, Господ Исус Христос на кого и се однесува тоа пророштво, дадено половина милениум претходно.
Каков доказ!
Исус, Месија
Колку подлабоко ги проучуваме овие пророштва, толку појасно станува дека ги исполнила само една личност – Исус Христос. На тој начин, Тој ни понудил сосем ново согледување не само на светот, туку и на нашето место во него.
Саган рекол дека фотографијата на Земјата од „Војаџер 1“ не пружа „никакво навестување дека би можела да дојде помош од која било страна и да нè спаси од нас самите“.
Тоа е само тесен поглед од еден мал и оддалечен вселенски брод. Погледот што го нуди Библијата, на сите ни прикажува сосема друга приказна.
Значи, како ова се вклопува во космичкиот судир чиј дел сме и ние?
Влегувањето на Бога во човековата историја преку личноста на Исуса Христа пред околу 2000 години е најдраматичното сведоштво на љубов, која воопшто некогаш ја видела оваа планета или некогаш ќе ја види. Со еден потег Тој го отстранил злосторникот и сè што претставува тој, и ни обезбедил пат за спасение. И тоа не е крајот на приказната за овој суперјунак. Тој наскоро ќе се врати да ја поведе последната битка во оваа голема борба меѓу доброто и злото, меѓу Христа и сатаната. Пророштвата, кои укажуваат на оваа конечна борба, исто така ќе се исполнат како што се исполниле и пророштвата за Неговото прво доаѓање.